Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
добар изгед на трибина Комити,супер навивање,лошо озвочување.многу луге качени на шипка,од кој и редовниот гробар кој е присутен на многу утакмици на Партизан со екипа ЕБ Скопје

Oд профилот на МакедонскаТифоСцена МакТифо-Сцена профил кој што вие го признавате како најрелевантен.
 
А што има врска во колкав број биле момците кога успеаа да направат досега невидена атмосфера на некој спортски настан во Македонија.

Секоја чест за Комити.
 
На полувреме кога се зарчка еден од јужна со овие на бате.Незнам дали има некој друг од форумов што седеше на јужна близу до батињата,ама мислам дека поглупа навивачка група у живот немам видено.Се скина цел блок од смеење.Ај што се зарчкаа, редариве пробуваат да ги смират, овој од бате се прекачува преку ограда да се тепа со 100 души:pos: Коа го повлекоа редариве сол го напраија, седна на едно столче да одмори од потресот.Неможеше навивањето да им го води во второ полувреме.:pos:Па уште и му покажува вратот дека ќе му го скинеле надвор.Абе дива лига се тие бе.И нонстоп вадеа еден црвен шал, дали од комити на некој му го земале или од фан шоп купиле незнам, ама нема логика да е од друг тим, а да го вадат на утакмицава.Се на се иако утакмицата беше тапа,со батињава се отворивме од смеење :)
 
На полувреме кога се зарчка еден од јужна со овие на бате.Незнам дали има некој друг од форумов што седеше на јужна близу до батињата,ама мислам дека поглупа навивачка група у живот немам видено.Се скина цел блок од смеење.Ај што се зарчкаа, редариве пробуваат да ги смират, овој од бате се прекачува преку ограда да се тепа со 100 души:pos: Коа го повлекоа редариве сол го напраија, седна на едно столче да одмори од потресот.Неможеше навивањето да им го води во второ полувреме.:pos:Па уште и му покажува вратот дека ќе му го скинеле надвор.Абе дива лига се тие бе.И нонстоп вадеа еден црвен шал, дали од комити на некој му го земале или од фан шоп купиле незнам, ама нема логика да е од друг тим, а да го вадат на утакмицава.Се на се иако утакмицата беше тапа,со батињава се отворивме од смеење :)
Јас бев Јужна на тој дел баш ја видов дешавкава, смешно беше рипаат неколку души на ограда...
си изедоа по некоа плуканица и упаљач па дојдоа и редарите со полицајци им лупнаа по некоа клоца..
 
Бевме денес точно 156 души:) И тоа може да се каже дека 150 души бевме вистински, последните 6 кој влегоа покасно беа жени и деца, и можеби они не треба да се рачунаат, ама еве ајде јас ќе се осмелам да кажам дека бевме 156 души, јбг мора малце да се напупма бројката нели :)

:vozbud:

20f8hec.jpg



Еве и на сликава се глеа дека бевме 156, јбг ги рачунаме меѓу нив и 3те жени со 3 деца кои што влегоа покасно... може нив ќе требаше да ги сметаме како пола човек, пошто се жени и деца, па ќе испаднеше 153 ?! :vozbud:
Ок како и да е плус минус тука негде бевме, 156 души по наше, или 150 по ваше, или средина 153 точно.

Почнете да броите ќе видите дека толку е...
а у меѓувреме може и малку -
:drk:
 
Реално гледано Бате е далеку поквалитетна и далеку поспремна екипа од Вардар.Убаво се видоа разликите помеѓу овие два клуба но тоа што најмногу боде очи е тоа што Вардар самиот се порази.Уште по првата утакмица јасно беше дека ако Вардар испадне тоа ќе биде по нивна вина и од тој пораз сигурно може многу да научат.Денес изиграа една многу слаба утакмица но и покрај тоа имаа по 1 чиста шанса во прво и 1 чиста шанса во второ.Кога овие шанси не се искористија тогаш јасно беше дека настапот на Вардар во Европа за оваа година е завршен.Мора да се признае и дека Бате ја имаше одлично проучено играта на Вардар и цели 90 минути буквално кажано не им даде на Вардарци да сврзат 2 паса.Нема потреба од разочарување затоа што ако се види колку се вложува во Мак тимовите и во какви мизерни услови се тренира тогаш ваквито резултат против еден Бате Борисов е нешто што треба да биде мотив плус за наредното лето.

Што се однесува до атомосферта искрено се изненадив.Ретко кога во Македонија станувале 90% од гледачите и пееле песни за тим т.е вакво нешто колку што памтам до сега се нема случено.Бројката од 3-3500 Комити на запад исто така ме изненади.Очекував бројка од околу 2.000 навивачи заради летните одмори но ова верувам дека беше и изненадување за 99% од членовите на навивачката група.Кореографијата можела да биде далеку подобра затоа што имаше време за такво нешто но и со ова од денес може да се пројде.
 
Честитки за Комитите.
А за натпреварот што е реално реално си е. Многу лоша игра.
Ептен ми е криво што не се искрости шансава али јбг друг пат,некогаш,еден ден..македонска екипа ќе заигра во групна фаза на ЛШ или пак ЛЕ
 
Кореографијата можела да биде далеку подобра затоа што имаше време за такво нешто но и со ова од денес може да се пројде.
Или немало време за нешто појако :) секако од оправдани причини
 
Абе луѓе,едноставно разлика во класи.Овие играчи на БАТЕ играче огромен број на утакмици против врвни екипи,имаат далеку посериозна лига од нашата и работат добро во фудбалот таму.Едностано при самото движење на теренот,по начинот на кој ја примаат,ја додаваат и водат топката се гледаше дека се класа за Вардар.
Да бидеме реални играчите ни се шпанец од 3-4 шпанска лига (кој е големо дрво), играч од 2 и 3та српска лига и просечен српски прволигашки играч.Ете тоа ни се клучните играчи,па ега видете кој е кој.
 
Или немало време за нешто појако :) секако од оправдани причини

Не е ни битно тоа туку го пишав само онака како една забелешка.Она главното (навивањето) денес беше за чиста 10ка. :)
 
vardar-bate-borisov-niz-fotografii_73291.jpg

Добро нели Li Ning e спонзор ... зошто резервиве ги носат маркерите на Македонија Ѓ.П. од Јако ??? ЈАс знам дека Илчо ги украде ама дотолку да биде таленат и на Ли Нинг опрема маркери Јако да стави .... Топ !!(y)
 
ЦПБ ФА редно време е да признаат дека се за Вардар ... нивни фаци на Запад па и навиваат тоа беше врвот
Мислам дека на Запад Комити бевме околу 3300 максимум ...
Па оваа сезона пак да бидеме шампиони па здравје наредната година да одиме кон нешто повеќе во лига на шампиони

И јас видов доста членови на цпб (мој познаници) баш обрнав внимание на нив и имаа солидно навивање вечерва, а и да не заборавам дека видов околу 5 члена на пирати, и тие имаа солидно навивање. Сите се за ВАРДАР само не признаваат!
 
Ај да пишам и тука нешто, без да ме читаат индијанци...

Пишав поназад, реално е да се очекува Бате да иде понатака, така и испадна. Ми се допадна тоа што играчите дадоа се од себе, истото го слушнав и од други луѓе, кои беа свесни дека сме послаби и дека е битно да се остави срце на терен. Колку истрча Костовски, толку Ибрахимович во 10 утакмици не трча.

Сајбер спомна дека требало да почнеме со Стојаковиќ, што не се согласувам. Кога влезе во вториот дел, немавме никаква игра. На Вардар не му одговара игра без крилни напаѓачи и крај. Истава игра ја гледавме во поголемиот дел од вториот дел од сезоната, кога Лико не играше, а Гроздановски си замина, а од повреда се врати токму Стојаковиќ. Иста игра, копија, тупаџиска без никаква идеја во нападот.

Илчо ме разочара со замената на шпанецот, очекував да влезе Петров, он исто знае да помине и да истрча иако и он не е за големи натпревари. Се на се, очекувана игра, се надевав на гол од шанса како на Костовски во последна минута.

За другите шанси, првата шанса беше на Темелков и беше одлична, празен беше голот, да паднеше таму гол поинаков фудбал ќе гледавме. Исто мислам дека можеше да свирне и пенал за нас судијата, кога му влегоа во движење на Костовски, само тешко се одлучуваат судиите за таков фаул. Ранѓеловиќ шутираше многу лошо, поубаво ич да не ја шутира отколку да шутира така. Ах бе Костовски, да беше поостра топката и да ја закачеше убаво, па да го раздрмавме Скопје.

Од играчите, Таневски беше солиден, Вајс катастрофа, Мите во одбрана лош, али имаше два добри шпринта во вториот дел, Илиевски солиден, Темелков е многу цврст играч и добро одигра, Ранѓеловиќ добар освен во второ кога го играше и како десно крило, шпанчето ја гледал барса и решил и он да глуми инаку добар играч само не е во форма се гледа, Ѓоргиев брз али глуп :D, Костовски го остави срцето на терен.

Со правилен развој на Темелков, Ѓоргиев, шпанчето, Ранѓеловиќ, Оса, мислам дека можеме другата година повеќе да направиме. исто и со уште едно две засилувања...

Не го заборавив Захов, ѕвер!
 
И јас видов доста членови на цпб (мој познаници) баш обрнав внимание на нив и имаа солидно навивање вечерва, а и да не заборавам дека видов околу 5 члена на пирати, и тие имаа солидно навивање. Сите се за ВАРДАР само не признаваат!

имаше бе 3ца
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom