Barclays Premier League Season 2012-2013

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Не им е потребен Кејхил на Евертон,имаат добра средина и напад и плус во години е човекот нека инкешираат нешто од него додека можат..Мислам се пишуваше дека за брзо време ке го вратат Пиенар од Тотенхем (не сум проверил можно е и да е земен веке) па ке го надоместат неговото заминување .. Кејхил играше како втор напаѓач во формација 4-4-1-1,а сега со доаѓањето на Нејсмит не верувам да ја играат таа формација,повеке ке се ориентираат кон 4-4-2
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Конверзација помеѓу навивач на Арсенал и Тотенхем.
Од видеово дознаваме дека ЕПЛ станува се попопуларна меѓу мечките
 
2

~2A

Гостин
Не им е потребен Кејхил на Евертон,имаат добра средина и напад и плус во години е човекот нека инкешираат нешто од него додека можат..Мислам се пишуваше дека за брзо време ке го вратат Пиенар од Тотенхем (не сум проверил можно е и да е земен веке) па ке го надоместат неговото заминување .. Кејхил играше како втор напаѓач во формација 4-4-1-1,а сега со доаѓањето на Нејсмит не верувам да ја играат таа формација,повеке ке се ориентираат кон 4-4-2
Ми се чини ќе искешираат "симболични" 1мил. фунти....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Barton to train with Fleetwood Town - Интересен потег на Бартон. Али барем убаво си го користи времето додека не му помине суспензијата. Да се надеваме дека на играчите во Fleetwood ќе им пренесе како да играат, а не друго :D
Хм, види што била работата со ова

If Barton joins Fleetwood on loan his ban would end on 6 October (earlier if they have a cup run). At QPR it will be on 17 November.
И после „помаливе“ клубови ќе се жалат како „големите“ правеле дубари цело време. Ова во наводници го ставив зошто да не се увреди некој :icon_mrgr:

А за Кејхил, пф, веројатно сакаат да се ослободат од неговата плата а и 33 години има веќе, прашање на време е кога ќе почне да му опаѓа формата. Чудно само што го купија за 1.5 а го продаваат за 1, обично Евертон обратно прават :icon_mrgr:
--- надополнето: 24 јули 2012 во 14:39 ---
Е ај бе овие демотивацииве во посебната тема, уште колку пати да пишам? :coffee:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Е шо има врска. И демотивациите се поврзани за Премиер Лигата. Не читам ниедно правило на форумот каде што не смее да се клаваат демотивации. Ај да клава за филм или музика, тука, ок е, ама вака нема везе. Се губи суштината ако нема мајтап на темата, а мајтап можи да има со добра слика, без разлика од кај е.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Е шо има врска. И демотивациите се поврзани за Премиер Лигата. Не читам ниедно правило на форумот каде што не смее да се клаваат демотивации. Ај да клава за филм или музика, тука, ок е, ама вака нема везе. Се губи суштината ако нема мајтап на темата, а мајтап можи да има со добра слика, без разлика од кај е.
Добро после ќе испадне имало тапа дискусија по темава. Никогаш непогодено. Зошто е тогаш таа тема за смешни слики? Еден ќе постави ретардирана демотивација како дресот на Манчестер бил чаршаф, уште 10 души ќе се навлечат и ќе постираат Тери ја опна жена му на *пиши рандом играч што си нема везе*, па после ќе следуваат слики од Москва, па слики од Агуеро, па слики од Џерард со 5 и до бескрај.

Еве на пример никој не спомна дека на Портсмут, тимот што играше финале ФА куп 2009 и беше меѓу најнезгодните тимови му се дадени недела дена да собере пари или го чека ликвидација, може треба да искочи демотивација за ова па да се постира? Ништо лично мислам, општо го пишувам постов.

Ок, постирајте си демотивации и мемиња склапани од Азијци ондак ако сакате, само не барајте модератори кога темава ќе наполни 900 страни до декември.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Еве на пример никој не спомна дека на Портсмут, тимот што играше финале ФА куп 2009 и беше меѓу најнезгодните тимови му се дадени недела дена да собере пари или го чека ликвидација
И ја прочитав за ова ама не сфаќам за каква ликвидација станува збор. Буквално да престане да постои клубот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom