Хорор филмови

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.031
Psyside
Io Sono Interista
Ilumious

Да не го гледате Rec 3. На мое големо изненадување, незнаев дека воопшто се снимал тројка, ама подобро да останеше така. Фантастично уништување серијал. Едно е надвор од концептот, имаме само 10 минути shaky camera, другото е со професионална камера, друго сторилајнот скоро ич не поврзан, уствари е, на еден фантастичен клише начин. Насоката која ја одбраа.. неверојатно неоригинална, клише и ефтина. Преполн со дупки и некоја си љубовна сторија во позадина. Едниот личеше на млаџи Colin Firth, a цурава како од аниме, едвај 50 килограми, ама моторна пила со една рака ко професионалец. Освен некои artsy-fartsy кадри, многу лошо. Тhink.. Wrong Turn 3.
 
H

-HRO

Гостин
Неверојатно тапа филм ми беше овој шпанскиов "The Devil's Backbone".
Не го препорачувам на никој. Пошто го сметам за загубено време.
Кај не ми беше ништо посебно, па и „х“ немаше од Хорор.
Глумата=Poor.

Silent House го гледав и можам да кажам дека е бољи во однос на The Devil's Backbone. Имаше сцени во куќата каде што можеш убаво да се сецнеш.
Исто така имаше добра глума од страна на девојката.
Во глобала и овој не ми беше нешто којзнае што посебно, ама може да се изгледа.

The Orphanage исто така го изгледав и не ми беше лош.
Класично мини-хорорче со интересна разврска.

The Haunting in Connecticut можам да кажам дека за разлика од оние 3 горенаведени каде каде е подобар. Имаше добри, страшни и доста језиви ситуации кои може да те извадат од такт.
Го препорачувам.

The Omen-го изгледав и ми беше просечен филм. Не ми беше ништо посебно. Едина језива мини-хорор сцена ми беше таа на гробиштата со кучињата....

The Eye со Џесика Алба беше 6тиот филм од мојата horror night кој го гледав вечерва и дефинитивно за мене е најстрашниот и најквалитетно изработениот хорор.
Глумата феноменална. Се на највисоко ниво.
После гледањето, гуглав Cute Labrador Puppies.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Psyside
Io Sono Interista
Ilumious

Да не го гледате Rec 3. На мое големо изненадување, незнаев дека воопшто се снимал тројка, ама подобро да останеше така. Фантастично уништување серијал. Едно е надвор од концептот, имаме само 10 минути shaky camera, другото е со професионална камера, друго сторилајнот скоро ич не поврзан, уствари е, на еден фантастичен клише начин. Насоката која ја одбраа.. неверојатно неоригинална, клише и ефтина. Преполн со дупки и некоја си љубовна сторија во позадина. Едниот личеше на млаџи Colin Firth, a цурава како од аниме, едвај 50 килограми, ама моторна пила со една рака ко професионалец. Освен некои artsy-fartsy кадри, многу лошо. Тhink.. Wrong Turn 3.
Уште кога ја прочитав втората, третата реченица одма ми текна на Wrong Turn 3 :) Eте зошто не се снимаат трилогии :tapp:

The Haunting in Connecticut можам да кажам дека за разлика од оние 3 горенаведени каде каде е подобар. Имаше добри, страшни и доста језиви ситуации кои може да те извадат од такт.
Го препорачувам.

The Omen-го изгледав и ми беше просечен филм. Не ми беше ништо посебно. Едина језива мини-хорор сцена ми беше таа на гробиштата со кучињата....
.
Од која година го гледаше The Omen и кој дел? Тој од 1976 е лудило, не верувам дека е само една језива сцена, башка каква музика има :eek: За Конектикат се согласувам, не знам зошто има толку слаба оцена на имдб.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Omen-го изгледав и ми беше просечен филм. Не ми беше ништо посебно. Едина језива мини-хорор сцена ми беше таа на гробиштата со кучињата....
Ау, како бе The Omen просечен филм. Сигурен ли си дека си го гледал овој филм, да не си налетал на некој римејк?
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Eye е катастрофа, а Алба во филмот глуми како намерно да сака да земе Златна малина. Оригиналот е многу подобар.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
wot ме изнервира за Rec 3....а таман неќна 2ката го изгледав, му се спремав на тројката за вечерва или за утре:tapp:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Antichrist :tapp:
Очекував сосема трето,а то во првите 20 мин 2 пати секс, па не уклучив хорор за да гледам еротика бе... алоо! ќе си уклучев порнич и фурај.. :confused:

Абе очекував хорор да ме здрма ама ете се прелажав,пак на чоро да симнувам хорор филм :cautious:,без притоа прочитана ниту една рецензија.
Погрешна адреса дечко, Ларс вон Трир не е на Улицата на Брестовите.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
REC 3 ме разочара скроз. Повеќе ми личеше на шпанска серија од типот на „Качора“, отколку на претходните два дела. Иако, се потрудиле околу последниот кадар, кој воопшто не беше патетична копија на оној од Bonnie and Clyde.

Аниме цура :pos:

После Snakes on a Plane еден од подобрите хорор трилери што се излезени во последно време.
Овој филм не е вистинскиот, туку е нискобуџетна копија наменета за на телевизија или straight to DVD. Филмот кој се прикажува во кино-салите низ Америка е Abraham Lincoln: Vampire Hunter.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.031
Се фокусирале да го направат слешер, ништо како од првите.. без тензија, едноставно без хорор.
Се согласувам за The Eye, исто.
 
H

-HRO

Гостин
Од која година го гледаше The Omen и кој дел? Тој од 1976 е лудило, не верувам дека е само една језива сцена, башка каква музика има :eek: За Конектикат се согласувам, не знам зошто има толку слаба оцена на имдб.
Да да, тој го гледав од 1976.
Добар е да, ама не ми остави некој којзнае колку голем впечаток. Најверојатно е ствар на вкус :)
Не ми беше страшен некако. Језив да, ама страшен не ми беше. И + во темница го гледав со Lights Off и сам дома (во перфектна хорор атмосфера). :D
Иначе Конектикат да. Доста солиден филм кој дефинитивно заслужува поголема оценка на Имдб.
Овој за разлика од Омен ми беше далеку пострашен вечерта.

The Eye е катастрофа, а Алба во филмот глуми како намерно да сака да земе Златна малина. Оригиналот е многу подобар.
Секако дека оригиналот е секогаш најдобар.
Можеби и од тоа ти произлегол заклучокот дека овој е тапа. :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
http://www.imdb.com/title/tt0069995/
Мене овој хорор ми се допадна, имаше некои психо елементчиња. Особено на крајот тоа створчето, морам да признам дека е едно од појезивите суштества кои сум ги сретнал во филм. Обично смешни ми се зомбината, вампирчињата и сличните работи, но ова како креација ми остави впечаток, да речам си влезе во некое делче од мозокот како страшна појава.
Ако не планирате да го гледате филмот, еве и видео од крајчето.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Секако дека оригиналот е секогаш најдобар.
Можеби и од тоа ти произлегол заклучокот дека овој е тапа. :)
Не, овој ми беше тапа уште кога го гледав, а во тоа време не ни знаев дека постои оригиналниот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom