Германија го забрани обрежувањето!

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Глупости.Се сложувам дека не треба да се прави на бебиња,но кој може мене да ми забрани што ќе правам со алатот?Ако сакам фасада ќе му ставам.
 
Ме интересира зошто Евреите и Муслиманите се обрежуваат??
A освен ова не јадат свинско ниту евреите ниту муслиманите!!!
Замисли пред 2000 години кога сиромаштијата се бањала еднаш во месецот...замисли ја само реата од доле...
 
Или ке запалат колата, ке дојдат во Данска/Белгија/Франција/Полска и цап.

Глупости од закон.

Се додека се прави под лекарски надзор не гледам проблем. Ако заебе докторот следи санкција како и за секоја друга лекарска грешка.

А за чекање да порасне детето па да реши дали да се обреже ајде да забраниме крштевање на деца пошто еднаш поп во Романија удави дете при крштевање. Башка може да настине.
А и обетки и пирсови да се забранат до 18 години заради опасност од инфекција.

Атеист сум али да го ебам колку е глуп законот.

Па и крштевањето е еден вид обележување против своја воља....првите христијани своеволно се крштевале на поодминати години....самостојно изјавувале дека го прифаќаат Христос....денес наместо детето кое нема појма што се случува прифаќањето го прави кумот.....

Така да сите обележја (сакатење, тетоважи, обреди кои обележуваат) треба да се забранат....кога детето ќе наполни 18 или друга приватлива старосна граница нека прави што сака

Децата доаѓаат низ нас...но не се наши...имаат сопствен живот.

На пример јас не јадам месо.....на моето дете нема да му давам месо....но неможам и несмеам да му забранам да јаде месо

Што се однесува до обрежувањето....оправдано е од здравствени причини (доколку се појават)....но сакатење од религиски идиотштини не оправдувам....ако толку БОГ сакал да немате кожа....а ве створил....би ве створил без кожа
 
Глупости.Се сложувам дека не треба да се прави на бебиња,но кој може мене да ми забрани што ќе правам со алатот?Ако сакам фасада ќе му ставам.
Ти Германија да не живејш ? Па те засегна законов ?
Та и останатите што толку се потресовте за една далечна ,далечна земја.
 
Ти Германија да не живејш ? Па те засегна законов ?
Та и останатите што толку се потресовте за една далечна ,далечна земја.
Да ти кажам ама ич гајле не ми е,сепак го задржувам правото да го напишам своето мислење.
 
Се вратија постапките на хитлер :)
 
Да ти кажам ама ич гајле не ми е,сепак го задржувам правото да го напишам своето мислење.
Де бре кој ти го оспори правото за сопственото мислење, ти реков не пиши ова она ? Прашав само шо толку ве погоди законов, да не сте евреин во њемачка ?
 
Де бре кој ти го оспори правото за сопственото мислење, ти реков не пиши ова она ? Прашав само шо толку ве погоди законов, да не сте евреин во њемачка ?
Не бре не ме погоди,ниту сум Евреј во Њемачка:)
П.С.Претпоставувам аватарот те наведе на такво мислење.Нели?:)
 
Не е случаjно дека започнува да се зборува за IV Reich :)
 
slika2.jpg

Судот во Келн пресуди дека обрежувањето на децата од верски причини треба да се третираат како кривично дело – нанесување тешки лелесни повреди.
Одлуката предизвика бурни реакции, пред се кај еврејската заедница, која тврди дека станува збор за напад на верска слобода.
Во образложението на пресудата се наведува дека со обрежувањето, телото на детето трајно се менува и дека таквата промена е спротивна со интересите на детето, на кое му е одземена можноста подоцна самото да одлучи на која верска заедница и припаѓа.
Најмногу внимание предизвика реченицата “правото на детето на телесен интегритет има предност пред правото на родителите”.
Во одлуката на судот се наведува дека пресудата не се однесува на обрежување од медицински причини.
Еврејската заедница во Германија соопшти дека пресудата на судот во Келн претставува најсериозен облик на мешање во правата на верските заедници, а реакцијата на муслиманската заедница допрва се очекува.
Златко Манчевски
БезПардон.Мк

Извор:http://www.bezpardon.mk/germanija-g..._campaign=germanija-go-zabrani-obrezhuvan-eto
Е за болдираното еден најголем лајк. Го оправдувам законов, сметам дека ги заштитува децата кои се немоќни, но сепак мислам дека луѓето кои сакаат да ги обрежат децата ке најдат некој таен начин да го направат тоа, како ромите што прават кај нас. Не идат тие во болница, има некои локални роми кои обрежуваат и тие ја прават таа церемонија, што значи дека сето тоа може да помине без државните служби да знаат.
Нека порасне и нека си одлучи самото, сака или не.
Кои се тие да му одземат дел од неговото тело без негова дозвола?
Исто така и кај Христијаните. Нека посрасне па самото ако сака нека се крсти за да ја прифати верата. Но и тоа нема врска ако те крстат, после тоа ти можеш да си се открстиш самиот ако сакаш, и тоа крстењето да биде пу пу неважи.
 
Па и крштевањето е еден вид обележување против своја воља....првите христијани своеволно се крштевале на поодминати години....самостојно изјавувале дека го прифаќаат Христос....денес наместо детето кое нема појма што се случува прифаќањето го прави кумот.....

Така да сите обележја (сакатење, тетоважи, обреди кои обележуваат) треба да се забранат....кога детето ќе наполни 18 или друга приватлива старосна граница нека прави што сака

Децата доаѓаат низ нас...но не се наши...имаат сопствен живот.

На пример јас не јадам месо.....на моето дете нема да му давам месо....но неможам и несмеам да му забранам да јаде месо

Што се однесува до обрежувањето....оправдано е од здравствени причини (доколку се појават)....но сакатење од религиски идиотштини не оправдувам....ако толку БОГ сакал да немате кожа....а ве створил....би ве створил без кожа

Се што велиш е точно. Сосема се согласувам.

Но законот засега 2 групи луѓе (Муслимани и Евреи) и со тоа ги прави нерамноправни во однос на другите.

Значи треба да се забрани крштевање до 18та а добар дел од Христијаните се фураат дека ако умре детето пред крштевање нема да оди во рајот, на Сиките да им се забрани оној нож што го носат под облеката (дете е, може да се повреди), на сите родители кои имаат керки да се забранат минѓуши, да се забрани фарбање/шатирање до 18 (може кожата да ја изгори), шминка и така натака.


Затоа мислам дека е глуп законот.
 
Е за болдираното еден најголем лајк. Го оправдувам законов, сметам дека ги заштитува децата кои се немоќни, но сепак мислам дека луѓето кои сакаат да ги обрежат децата ке најдат некој таен начин да го направат тоа, како ромите што прават кај нас. Не идат тие во болница, има некои локални роми кои обрежуваат и тие ја прават таа церемонија, што значи дека сето тоа може да помине без државните служби да знаат.
Нека порасне и нека си одлучи самото, сака или не.
Кои се тие да му одземат дел од неговото тело без негова дозвола?
Исто така и кај Христијаните. Нека посрасне па самото ако сака нека се крсти за да ја прифати верата. Но и тоа нема врска ако те крстат, после тоа ти можеш да си се открстиш самиот ако сакаш, и тоа крстењето да биде пу пу неважи.
Е не можеш да се открстиш.Веќе си го "примил" Светиот Дух..така да од овој аспект,лицемерен закон.
 
не можете да ставите знак за еднаквост меѓу обрежување и крштевање, само затоа што се религиозни обреди на иницијација во одредена религија... со крштевање губите саму малку (обновлива) коса. ритуалот не ве обележува и подоцна без последици можете да кажете се премислив... со обрежување неповратно губите дел од вашето тело и вашето тело е трајно изменето. не му се остава можност на детето само да одлучи. од слични причини не и ги дупнавме ушите на ќерка ни. уште ко ќе чујам благовец ова-она ми се темни.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 19:47 ---
Е не можеш да се открстиш.Веќе си го "примил" Светиот Дух..така да од овој аспект,лицемерен закон.
можеш да се открстиш кога сакаш... трба само да го скинеш свидетелството и да го фрлиш праменот... дури ни тоа не мора... само ќе си кажеш: од денес сум будист, атеист, џедај итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom