Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
а дали знаете дека кога ставаат канџа т.е блокатор сликаат и на лице место со фото апарат? сликаат од агол да се види канџата и регистрацијата и на секоја слика си има точно време.. така да друже ти што си ја сечел канџата незнам како ке поминеш - дајбоже да не ти дојдат дома или да не те најдат.....
Ставање лисици или канџи не е предвидено во ниеден закон, слободно сечете ги и кршете. Немаат никаков основ да ве тужат.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ставање лисици или канџи не е предвидено во ниеден закон, слободно сечете ги и кршете. Немаат никаков основ да ве тужат.
сакаш да кажеш ако ми опнат казна за неплатен паркинг и сечам таква канџа дека никој ништо не ми може ???
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
сакаш да кажеш ако ми опнат казна за неплатен паркинг и сечам таква канџа дека никој ништо не ми може ???
Неможат да те тужат. Ќе ти напишат писмо, демек платете, ако не ќе ве тужиме и толку. За жал многу граѓани се плашат и им плаќаат такви казни, инаку тие никого до сега не тужеле.
Можеш ти нив да ги тужиш, дека те попречуваат да го користиш својот имот.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Неможат да те тужат. Ќе ти напишат писмо, демек платете, ако не ќе ве тужиме и толку. За жал многу граѓани се плашат и им плаќаат такви казни, инаку тие никого до сега не тужеле.
Можеш ти нив да ги тужиш, дека те попречуваат да го користиш својот имот.
Да, ама многу граѓани не се информирани за ова шо конкретно не информираш ти тука...

А го знајш македончето, трпи и вика ќути, можеше и полошо.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва во 23,15 ги забележав двете пајак возила на ЈП Паркинзи на Општина Центар, како од улица М. Хаџивасилев Јасмин, скршнаа по улица Водњанска.
Знае ли некој каде дигаат коли?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oпштина Центар дала 15 милиони денари субвенции за да го спаси своето ЈП од пропаст - јавува Дневник
Со пари собрани од граѓаните субвенционираат претпријатие кое врши дискриминација и незаконско казнување.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF01C1ECEF2DFF4AB6512ECC285945F8
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
Автомобил е луксуз така да ако сакаш да возиш ќе си бидеш спремен и да платиш паркинг а тоа законски незаконски колку работи имало до сега такви ти за ова се фати и гледам ептен ангажиран ги следиш и пајаците како GPRS си и :)
 
Зошто мислиш дека треба да платиш за да користиш јавен паркинг повеќе од колку е предвидено со закон? Што значи GPRS?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Автомобил е луксуз така да ако сакаш да возиш ќе си бидеш спремен и да платиш паркинг а тоа законски незаконски колку работи имало до сега такви ти за ова се фати и гледам ептен ангажиран ги следиш и пајаците како GPRS си и :)
Прогуглај ја разликата помеѓу GPRS и GPS па ќе видиш дека тропаш глупости
и зашто да плаќам паркинг нивни да не е? нивни се улиците нивни ли се паркинг местата до зградите кое кога го купуваш станот ти следува паркинг бесплатен
некој ако вози точак и им се сити на луѓето што возат коли уште долго ќе вози точак
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прогуглај ја разликата помеѓу GPRS и GPS па ќе видиш дека тропаш глупости
и зашто да плаќам паркинг нивни да не е? нивни се улиците нивни ли се паркинг местата до зградите кое кога го купуваш станот ти следува паркинг бесплатен
некој ако вози точак и им се сити на луѓето што возат коли уште долго ќе вози точак
И не само тоа, основно човеково право е да бидеме слободни и да одиме каде што сакаме и да правиме што сакаме - единствено ограничување на слободата е да не ја ограничиме слободата на другите луѓе.
Јас живеам кај Зелен Пазар и зошто би ми пречело да било кој друг Македонец или Странец, дојде слободно кај мене исто како што јас можам слободно да отидам кај него.
Ова што го прават општинарите е нешто најсрамно што може да се направи. А срамно е што тоа го прават за мали пари. Немојте да мислите дека тука се работи за некоја голема пара.
Што значи тоа GPRS, GPS ?
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
Прогуглај ја разликата помеѓу GPRS и GPS па ќе видиш дека тропаш глупости
и зашто да плаќам паркинг нивни да не е? нивни се улиците нивни ли се паркинг местата до зградите кое кога го купуваш станот ти следува паркинг бесплатен
некој ако вози точак и им се сити на луѓето што возат коли уште долго ќе вози точак
Браво како и секое македонче одма со омаловажување на другиот ја ако возам кола тој вози точак (во случајот јас ) а и да ...прават нови згради и прават паркинг места извини вака да те прашам мислиш ги користат нив или најлесно пред зграда паркирај си што ти е гајле ...пример карпош ,кисела вода
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Браво како и секое македонче одма со омаловажување на другиот ја ако возам кола тој вози точак (во случајот јас ) а и да ...прават нови згради и прават паркинг места извини вака да те прашам мислиш ги користат нив или најлесно пред зграда паркирај си што ти е гајле ...пример карпош ,кисела вода
Не зборев за тебе
инаку во нашава дива лига државичка за секоја зграда мора да има предвидено паркинг места инаку не би требало да им дадат градежна дозвола
исто е со трговските, што ако има паркинг во бисер кога идиотите си ги направија приватни паркинзи што се изнајмуваат, зашто да не се паркира пред зграда
ајде разбирам донекаде во строгиот центар како во некои држави ама не и да претеруваат како нашиве каубојци од градски паркинг

Имаат тотална власт и си прават што сакаат, а нема кој да ги сопре пошто се е нивно така да ќе си "уживаме" во мизеријава и ќе си се гордееме со овие апаши
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Браво како и секое македонче одма со омаловажување на другиот ја ако возам кола тој вози точак (во случајот јас ) а и да ...прават нови згради и прават паркинг места извини вака да те прашам мислиш ги користат нив или најлесно пред зграда паркирај си што ти е гајле ...пример карпош ,кисела вода
Правниот статус на јавните паркиралишта е добро во општа употреба.
Во Утрински е објавено, од септември ќе наплатуваат и за мотори
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C0EAC6A79BE862429BA704BB1BFD1A79
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пред неколку минути, 08. 07. 2012, во 1 часот и 5 минути, по полноќ, забележав пајак на градското ЈП. со дигнато возило, како се движи по улица Димитрија Чуповски.
Пајаците не смеат да дигаат возила без налог на униформиран полициски службеник.
Ако Ви се случи нешто слично, обавезно протестирајте и барајте да Ви го вратат возилото без да платите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom