Gym Idiots

  • Креатор на темата Orion.
  • Време на започнување

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Еден старец доаѓа во теретана и стално рика кога крева било колкава килажа, и оди онака мафијашки раширено, а не дека е набилдан нешто, има стомак голем, прави некои си опасни фаци се замишља газда дека е у теретаната:icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
3. Миризливите
- Момциве се закон. Особено се истакнуваат во летниот период. Ги осеќаш дека се во теретаната уште од соблекувалната и во себе си шепотиш ,,тука се,,:eek:
Овој тип на вежбачи се многу опасен по здравјето на другите вежбачи особено ако ти се стаат у близина. Се тушираат само за Велигден затоа што во црква требало да се иде чист

:eek:
Најголемиот проблем е кога те викаат за да им асистираш :D
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 00:11 ---
5. Бенч пресс - ор
- Неговиот сплит систем е следниов:
Понеделник - Гради
Вторник - Гради
Среда - Бицепс
Четврток - Одмор
Петок - Гради
Секогаш е лоциран во близина на Бенч пресот

:eek:
Ова е најчестиот тип дефинитивно, т.е. вежба само мускули кои може да ги види кога се погледне во огледало а тоа е гради-бицепс-гради-бицепс-гради-бицепс...

Исто сте го заборавиле типот кој е исушен како сува смоква ама важно има стомачни и само си ги мазни и гледа во огледало :D

Исто така и фрлачот на тегови кој после секоја серија мора да ги фрли од што поголема висина теговите на под така да го слуша и газдата кој живее два спрата погоре во зградата.

Оние кои доаѓаат и се загреваат повеќе време одколку што вежбаат притоа мафтајќи и зафаќајќи ја пола теретана со нивното загревање.

И оние кои доаѓаат пицнати и дотерани во теретана а обавезно при секое вежбање ставаат крпа на справата која вежбаат да не се од нешто "заразат". :D
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Аооо кога некој вежба и не ја брише клупата.. Потта гнасна,смрдена му стои.. најгрозно нешто.. Има еден таков кај мене абе кога ќе направи еден круг све живо и диво е испотено у пм..
 
O

Orion.

Гостин
Најголемиот проблем е кога те викаат за да им асистираш :D
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 00:11 ---

Ова е најчестиот тип дефинитивно, т.е. вежба само мускули кои може да ги види кога се погледне во огледало а тоа е гради-бицепс-гради-бицепс-гради-бицепс...

Исто сте го заборавиле типот кој е исушен како сува смоква ама важно има стомачни и само си ги мазни и гледа во огледало :D
Abs on a skinny guy are like boobs on a fat chick, they don't count:)

Исти се и они што имаат целосна сплит програма освен нозе, нозе не вежбаат затоа што им биле развиени пошто тренирале фудбал:)
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 00:17 ---
Аооо кога некој вежба и не ја брише клупата.. Потта гнасна,смрдена му стои.. најгрозно нешто.. Има еден таков кај мене абе кога ќе направи еден круг све живо и диво е испотено у пм..
Да си ми жив и здрав, овие ги заборавив:)
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
И да не ги заборавиме, оние кој доаѓаат у групи од 2-6 души кој цело време праат муабет, се заебаваат и солат памет на празно меѓу себе од кој еден е секогаш „нутриционист“ , едниот е малце приглуп па само кима со глава, едниот не вежба само шета од човек до човек и се смее и едниот што е на точак цело време и им се дере низ цела теретана.

Могуче ова само кај мене у теретана да го има, ама иритира :) .
 
А еден од нив е оној што дига 50кг на бенч и им е највечи фраер у маало сите го гледаат со стравопочит колку е силен :D
 
V

Vollstandig

Гостин
Заради идиотизмот кој преовладува во теретаните, направив справи и сам вежбам дома. Најпрво, морам да ги посочам и фитнес тренерите како тотални идиоти,затоа што при прво влегување во теретана, и уплаќање месечна членарина,друго внимание не добивате од тренерот. Ваше е да прашувате,тупите,изгледате смешно на справите на кои се чудите како во вселенски брод, или да го викате на секој 2 минути тренерот да ви објасни како би изгледало едно посетување на теретана. Понедоволно информаринтие веднаш се фаќаа за тегови, или било-какви-справи.

Најголеми тиквари према мене се оние кои се докажуваат пред женска популација во теретаната. Последно коа бев во теретана, сите вежбаме нормално кој вратило кој тегови, кој коментира...влегува девојка за тренирање, и алфа-билдерот, автоматски од 20кг на тегови за гради, менува шипката на 70 кг.
Поидиотски е што истите тие се во некоја фаза на “кај-да-е-ќе-станам-тренер“ и постојано се да и пружат помош на девојката, со нивните испотени и елегантно замрсени раце, или постојано вежба на справа блиску до истата.

Случка од теретана: Девојчево си врти на точаче, е сеа од сила што му даде многу дури и потпрдна ама се слушна така полифоно-громогласно. Ние на 3 метра од страна се смееме, а алфа-билдеров мртов сериозн “Не се смејте бе, справата не чини“.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ајде уште 2 типа да претставам денес што ми оставија впечаток:

1. Ја батка... Овој момак детално на секоја особа што ќе ја види му ја раскажува неговата историја во теретана и неверојатниот прогрес што го имал во последните 3 месеци. По навика дечките на кој што им раскажува се у сред серија или чекаат да почнат вежба а овој ги задржава, ама нема везе пошто нели, симнал 38 кила за 2 месеца а ти секој ден го глеаш у теретана и стагнира веќе 2 години типот.

2. Ќор Вакви ги има повеќе, кој наводно не гледаат дека ти вежбаш на справата па да те прашаат дали може да се мењате туку ти мења држач на сајла, ти симиња/качува клупа и слично и ич уво не го чуе. На него не му праи разлика ако ти праиш дроп серии и само си потстанал да земеш помали тежини на секунда, он вака-така ќе ти усере серија/вежба со преместување на клупата.
Е сеа подвид на ќорите се „ќор и инат" кој откога ќе ти смени кога ти ќе го прашаш дали може да напраиш уше 1 серија пошо имаш, он ти вика „Чекај само уше четири серии имам“ и си седи на клупата.
Со овој подвид многу лесно може да се дојде во конфликт и ако имаш краток фитиљ да бидеш перманентно одстранет од теретана поради физичко насилство.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
И јас еден,морам..незнам како да го наречам..нека биде-

Тип,којшто погрешно го сфатил советот-треба да се вежба со голема килажа

е овој тип во теретаната,е се,што ви е потребно.Буквално се ! алфа мажјак,врискач,советувач,тренер...прави вежби со екстремни килажи,а не ги изведува ни половина точно.На рамо дига 70 кила,по 3 пати,а шипката не ја симиња ни до глава,камоли до брада.Секогаш,додека вежба се дере,и кога ќе заврши,станува со врисок-"ауу" глас изваден од петици,за да се знае кој е кој во теретана.Обично после врисокот,следува прашање до спаринг-парнерот-"брат,ми помагаше"? секако,одговорот е-не брат,малце онака..и тука,мења фаца и се радува како детенце.Кога вежба со еднорачни,посебно рамо,тоа не го прави како сите нормални-со 10,15,17 кила...тој иде на 25 кила.Додека ја прави вежбата,едвај ги дига рацете,си помага со стапалата,колкот,вратот му е искривен,нормално и кичмата.Обично дели совети,најмногу на почетниците,во стил-" брат не се брукај,со 5ки ќе вежбаш,немој ебате,не се брукај,срамота е".Кога ќе заврши со вежбање,во пресоблекувална се гледа 20 минути,се врти,се стега,ги замара сите во стил-"иам грб,а брат ? добар сум нели ? широк сум у рамења,така ? " а уствари,нема ништо на него.Буквално,ништо.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Најголемиот проблем е кога те викаат за да им асистираш :D
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 00:11 ---

Ова е најчестиот тип дефинитивно, т.е. вежба само мускули кои може да ги види кога се погледне во огледало а тоа е гради-бицепс-гради-бицепс-гради-бицепс...

Исто сте го заборавиле типот кој е исушен како сува смоква ама важно има стомачни и само си ги мазни и гледа во огледало :D

Исто така и фрлачот на тегови кој после секоја серија мора да ги фрли од што поголема висина теговите на под така да го слуша и газдата кој живее два спрата погоре во зградата.

Оние кои доаѓаат и се загреваат повеќе време одколку што вежбаат притоа мафтајќи и зафаќајќи ја пола теретана со нивното загревање.

И оние кои доаѓаат пицнати и дотерани во теретана а обавезно при секое вежбање ставаат крпа на справата која вежбаат да не се од нешто "заразат". :D
А што ти демек не ти треба асистенција сам се правиш:tapp:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А што ти демек не ти треба асистенција сам се правиш:tapp:
брат збор беше за оние кои не се тушираат и доаѓаат во теретана и смрдат на 1км а те викаат да им асистираш што не ти е јасно тебе ???
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Na vremeto koa odev, broj 2 lugjeto me ubivaa onaka slowly but painfully... Znachi da ne te ostava 2 minuti da mira, taman mislish se otarase od chovekot i sednuvash da napravish nekoja serija, on tuka ti doshol da te uchi: "dali znaesh...", "probaj vaka..", "jas mozham vaka...AMA...", "ama racete ne ti se razvieni...", isto taka ima i takvi koi mislat deka sekoj koj odi vo teretana cel mu e da stane profesionalen body builder, pa ke te pukne so ishrana kakva trebalo kakva ne trebalo, kreatin, kur, gz... :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom