Gym Idiots

  • Креатор на темата Креатор на темата Orion.
  • Време на започнување Време на започнување
O

Orion.

Гостин
Ова е местото каде што ќе ги споделуваме нашите маки:) Во секоја теретана ги има, по правило страшно иритираат а по исклучок се смешни. Ќе се обидам да направам моја категоризација а вие слободно додавајте и споделувајте ваши искуства, смешни или иритирачки ситуации:)

1. Врискачот
- Мојот омилен. Без разлика дали дечкото крева поголема тежина или 5 кг на скотова, он секогаш мора да се вреска! Овој дечко се дере дури и кога се загрева

2. Персонален тренер Wannabe
- Исто доста иритантен вид:)
Он е алфа и омега, он знае све! Требало 4 серии по 10, 5 серии се многу, 3 се малце. Кога вежбаш чучеви, мора да се спушташ скроз до доле, на вратило не се креваш правилно а он со задоволство ќе ти покаже како е правилното зашто нели он е тренерот:) И да вежбаш во најдобра форма, он е секогаш тука за критика...

3. Миризливите
- Момциве се закон. Особено се истакнуваат во летниот период. Ги осеќаш дека се во теретаната уште од соблекувалната и во себе си шепотиш ,,тука се,,:eek:
Овој тип на вежбачи се многу опасен по здравјето на другите вежбачи особено ако ти се стаат у близина. Се тушираат само за Велигден затоа што во црква требало да се иде чист

4. Флертувачот/Манијакот
- Овој дечко е во дискотека, он не е во теретана. Неговите жртви се девојките и сочувствувам со нив. Типот доаѓа во теретана, се пресоблекува и веднаш им се нафрла на кутрите девојки. Најчесто го игнорираат но овој тип на вежбач е упорен до неба!! Негова мисија е да им се пушти на сите девојки што тој ден ја имале таа среќа да делат теретана со него.

5. Бенч пресс - ор
- Неговиот сплит систем е следниов:
Понеделник - Гради
Вторник - Гради
Среда - Бицепс
Четврток - Одмор
Петок - Гради
Секогаш е лоциран во близина на Бенч пресот

6. 20 кила со се кревет, Мистер Олимпиа
Направил какво такво тело но он смета дека е Мистер Олимпиа
Овој тип на вежбач можете да го препознаете по карактеристичниот од. Дечкото се шета низ теретаната како петел. Рацете секогаш ги држи широко за да му се видат латимусите.

:eek:
 
Сам го напишав целокупниот текст а категориите ги позајмив од Bodybuilding.com:)
 
7.Зјапач.
Личност што кога вежбаш на било која справа те гледа преку огледалото во очи,и ти иде да станеш и да го удриш со некој тег поглава -.-
 
Од се во видеово највеќе ми се допадна "Don't be THAT guy" Дебили :facepalm:
 
Затоа си стануваш во 8.30 доручкуваш, ставаш ранецот на грб и во 9.30 си во теретана, до 11 најкасно завршуваш и си идеш дома.А филмаџиите и позерите, доаѓаат покасно :)
 
Затоа си стануваш во 8.30 доручкуваш, ставаш ранецот на грб и во 9.30 си во теретана, до 11 најкасно завршуваш и си идеш дома.А филмаџиите и позерите, доаѓаат покасно :)

А ако теретаната ти отвара од 12,шо праиме ?:)
 
Најбољи момент, тип у теретана иде од крај до крај и само соли памет, зашто вака, зашто онака, немој вака, немој онака. На крај на тренинг, излагам, доле пред теретана има едно 7-8 сендвичари и го глеаш типот со хамбургер пун мајонез.

Now that's the spirit. :)
 
Најаки се оние,што сакаат да дигаат голема килажа,а не ја прават ни 70% точна вежбата,+ се клатат целите(доколку се еднорачни) а со дворачен се ко у стил-брат не ми помагаш озбилно ? а ти си извежбал бицепс дур си му помагал...е тие се најаки.
 
Најаки се оние,што сакаат да дигаат голема килажа,а не ја прават ни 70% точна вежбата,+ се клатат целите(доколку се еднорачни) а со дворачен се ко у стил-брат не ми помагаш озбилно ? а ти си извежбал бицепс дур си му помагал...е тие се најаки.

:)
 
Или типците (обично 40+) што доаѓаат да си направаат муабет и да им пројде време , а не да вежбаат. А нормално неможе сам со себе да прави муабет па ги замара останатите -.-
 
Еднаш еден избилдан тип за малку ке ме скорнеше од велосипедот во теретанта а не дека му требаше, не сум имал сало, не било убаво да се прави било какво кардио кога си околу 60 кила а по незнам кој пат му реков Не сум билдер тука сум пошто времето не го бива а рекративно трчам(возам велосипед ):ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom