Заслужена победа на Хрватска.Освен одбраната која не влева многу сигурност се друго функционираше одлично.Сепак во одбраната се осакатени ептен,да играше Ловрен со Шилденфелд во средина и Чорлука лево тоа ќе беше многу подобро.Џабе е Чорлука толку висок,слаб е во играта со глава и сам има изјавено дека најмногу мрази да игра со глава.
Дефинитивно Ирска освен добрите нафрлувања и игра со глава нема ништо.Трапатони го вади максимумот од оваа екипа,па дури и Македонија во Скопје реално ги издоминира. Дадоа што дадоа 2 случајни гола,али освен тоа не мрднаа на наша половина.
Мен оф д меч дефинитивно Манџукиќ.Колку само тој играч може да истрча,колку може воздушни дуели да добие,како е брз.....феноменален.Јелавиќ исто одличен денес и ме посра за тоа што претходно пишав за него.
Срна и Перишиќ одлични,Модриќ покажа кој е кој во средината.Повеќе успешни уклизувања имаше и од Вукојевиќ и Ирците заедно,во нападот прав диригент.Плетикоса добар,одбраната ја коментирав.Најслабата одбрана во последните 20 години што ја имала Хрватска.
Против Шпанија и Италија ќе биде друга приказна.Нема да може така лесно да комбинираат и да доминираат,а реално и многу подобри се во нападот овие 2 репрезентации од Ирска.Добро е што во нападот имаат 2 манијака што може 3 дена да трчаат и да ја притискаат задната линија на италијаните и шпанците.
Одбраната ќе биде на тешки маки,ќе мора цел тим да игра одбрана.Единствено што е полесно ќе им биде тоа што овие се послаби од ирците во воздух,арно ама се 10 класи над нив во се друго.
Како и да е Хрватска си има шанса,ако се повлечат и сите гризат во одбраната,посебно напаѓачите да притискаат може нешто да се направи.Хрватска има многу добра контра,може да шибнат некое голче.
Немаат притисок,сега тој е на страната на италијаните......тоа што мораа да го направат го направија,се друго е бонус