Евро 2012 - група Ц (Шпанија и Италија во 1/4 финале)

Кои две репрезентации ќе продолжат во втора фаза?


  • Вкупно гласачи
    230
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Можеби онаа најинтересната група на шампионатот.

Моменталниот Европски шампион Шпанија во друштво на Италија, Република Ирска и Хрватска. Иако ослабени Шпанците остануваат фаворити во оваа група. По претпоставките на познавачите, Италија е вториот конкурент, делумно со подмладена екипа да му се спротистави на актуелниот првак. Во сенка на големите имиња остануваат Република Ирска и Хрватска кои во квалификациите за Евро покажаа одлични партии. Изненадувања во секој случај не се исклучени со оглед на големите мотиви и амбиции но и фактот што немаат што да загубат.
Натпреварите ќе се играат од 10 до 18 Јуни во два града во Полска, Балтик Арена во Гдањск на северот на брегот на Балтичко море, како и Градски стадион во Познањ.



Распоред на мечеви:
1. коло
Шпанија-Италија 10 Јуни 18:00 Гдањск
Ирска-Хрватска 10 Јуни 20:45 Познањ
2. коло
Италија-Хрватска 14 Јуни 18:00 Познањ
Шпанија-Ирска 14 Јуни 20:45 Гдањск
3. коло
Хрватска-Шпанија 18 Јуни 20:45 Гдањск
Италија-Ирска 18 Јуни 20:45 Познањ
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Интересна група. Мојата омилена. Шпанците ми се фаворити, а за Хрватите навивам од дете. Би сакал и овие две репрезентации да отидат понатаму. Но ќе биде тешко. Италија ќе сака да атакува на добар пласман на ова Европско. Ќе бидат епски тие дуели Шпанија-Италија но и Хрватска-Италија. Се си мислам дека Ирска ќе ги замрси конците на некои кои прерано ќе ја отпишат. Некои од најдобрите фудбалери на светот играат во оваа група, ќе биде интресно.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Ќе биде интересно во групава.
Гласав за Шпанија и Итаија, сепак се фаворити тука, но јас како и секогаш е си навивам за коцкестите. ко се средат и со малку среќа имаат шанси да им замрсат сметки на Италијанциве. Ама ќе биде многу тешко.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Italija ke odi, za drugite ich ne me boli, no za dobroto na fudbalot ubavo e i Shpancite da pominat, ama da imaat meshan tim, ne barca+ramos, iker, alonso.
 

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Шпанциве сигурно ќе влезат. Е сеа другите три ќе се борат. Ирска има многу квалитетен тим, да не беше раката на Анри ќе беа и на светското. Италијанците пак после бламажата на светското кога не пројдоа групата, тука ќе ја бараат шансата. Хрватите како и секогаш тука да им ги испомешаат сметките на големите репрезентации. Сакам Шпанците и Хрватите да поминат. Италијанците некако многу досаден фудбал ми играат.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Шпанија ќе киксне, ќе ги фати истото проклетство како Франција 2002-ра.
Италија и Хрватска понатаму би сакал.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Италија ќе ја изненади Шпанија.Мое мислење.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.610
Поени од реакции
10.290
Шпанија сигурна, за второ ќе се борат Италија и Хрватска

Шпанија моментално го има можеби најдобриот среден ред на сите времиња...
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Навивам за црвената фурија :D Мислам дека имаат тим и за овој трофеј да биде нивни :D
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
После групата Б, оваа е најинтересната.

Шпанија, фаворит, како бранител на титулата плус освено СП у меѓувреме. Тимот им е покриен на сите позиции иако нападот, според формата на повеќето играчи, не е на ниво како другите линии во тимот но секогаш играчите од средината во Шпанија, знаела тоа да го покријат сосема добро. Според мене, ако ја задржат истата игра, сигурно поминуваат понатаму па и сигурна борба за титулата до крај.

Италија, мојата омилена репрезентација од дете. Но не е истата како тогаш. Желби и мотиви, секако дека имаат, но тимот не е баш за високи дострели. Ако изиграат нешто како во 2006та, можеби ќе направат нешто големо. Според мене, ако не успеат да изненадат со некои играчи и со нова игра, тешко ќе им биде за поминување на групава а ако ја поминат, не им давам шанси за повеќе од четвртфинале.

Хрватска. Со еднакви шанси како и Италија и Ирска за поминување на оваа фаза. Дуелот со Италија, осеќам од сега, ќе биде легендарен, како и што беше до сега на натпреварите меѓу овие репрезентации. Солидна репрезентација а ако има добар тимски дух, можно е и повеќе да направи на првенствово.

Ирска. Секогаш опасната Ирска. Имаат одлични играчи, претежно од Премиер лигата и знаат да победуваат натпревари. Првенствово ќе им биде шанса за докажување, секако по несреќниот пораз од Франција во баражот за СП, каде што иако подобри, не се квалификуваа. Според мене, една од најдисциплираните репрезентации на првенствово. Најголема одлика ќе им биде тимската игра. Како што кажав, дуелите со Италија и Хрватска ќе одлучуваат за тоа колку има капацитет оваа генерација Ирски репрезентативци.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.134
Поени од реакции
21.045
Шансите за пласман понатаму:
Шпанија - 45%
Италија - 25%
Хрватска - 20%
Р.Ирска - 10%

Хрватите во прво коло играат со Ирска, а Италијанците со Шпанија. Доколку Италја изгуби од Шпанија, а Хрватска ја победат Ирска, во второто коло, во меѓусебниот дуел Италија ќе влезе со 0, а Хрватска со 3 бода. Овде нерешено ќе им одговара на Хрватите, затоа што во последното коло играат против Шпанија, која би требало да биде пласирана. Многу претпоставки :D првото коло тука е многу битно, иако мислам дека се до последното коло нема да се знае ни еден од патниците. Интересна група!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Море некако и Шпанците и Жабарите да отпаднат... има да ми биде ќејф ко Македонија да освоила ЕП! :D
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Овде у вторто коло ќе се расчити све, шпанија ќе ја освои втората победа најверојатно и победниокот од италија и хрватска и тоа е тоа :)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
GROUP OF DEBT !! :):)

Шпанија дефинитивно ке биде прво место.Го имаат еден од најдобрите средни редови на сите времиња (Чави,Иниеста,Фабрегас,Силва,Алонсо,Бускетс).За нападот и покрај отсуството на Виља ги имаат Солдадо,Љоренте,Торес па и Раул.Единствена работа што не е сигурна кај овие е дали ке бидат доволно мотивирани после освоено ЕП 08 и СП 2010..
За второто место верувам дека ке се борат Италија и Хрватска.Ирска нема што да бара во групава..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom