Евро 2012 - група Б (Германија и Португалија во 1/4 финале)

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Кои две репрезентации ќе одат во 1/4 финалето?

  • Германија

    Гласови: 102 87,2%
  • Холандија

    Гласови: 89 76,1%
  • Данска

    Гласови: 9 7,7%
  • Португалија

    Гласови: 24 20,5%

  • Вкупно гласачи
    117
  • Гласањето е завршено на .

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Холандија го одигра најочајниот меч во последниве 10 години.Каков фејл се само,не се ни самите свесни.

Играта катастрофа.Мал блесок беше Снајдер,другите ДРВА(сите до еден).Незаинтересирани,без мотивација,без идеа,без трчања....
Одбраната не ја коментирам...каков очај се и самите не се свесни...

Сега ќе биде екстра интересна групава....
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Овој Робен во која екипа ојде ја уништи со Шпанија на СП заради него не зедоа титула Идиот невиден
Немаат подобар на таа позиција! Холандија индивидуална игра на ѕвезди без желба и мотивација.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Секоја чест за данците, одлично изиграа во одбрана (освен 2-3 пропусти), ја држеа цело време топката на средината на теренот и кога ќе им се укажеше шанса за да нападнат го правеа тоа. Првата конкретна шанса си ја искористија и сега се на пат да направат сензација во оваа група бидејќи беа тотални аутсајдери покрај Холандија, Португалија и Германија.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Добро изиграа Данска, баш онака тимски. Освен тоа без педерски лежења за задржување време. Мада не требаше да се задржи времето бидејќи Холандија паднаа физички тотално. Освен тоа многу погрешни додавања имаа.
Можеше судијата да им даде пенал на Холанѓаните ама тоа е тоа.

Ако се биде како што треба очекувам Германија да победи и тоа со два разлика, мој тип 3-1.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Овја ко да сакаше намерно да изгуби:Dда го стаеш афелај у игра иако знеш дека нема еден натрпревар одиграно у барса,и у средина да влезеш со двајца играчи како де јонг и ван бомел:facepalm:па поголеми шанси има да направат црвен него ли да дадат добра топка.
И Афелај го заборавив,мада не беше толку лош денеска,ама неиграњето за Барса го зема данокот.
Ама Робен бе,толку себично копиле неам видено :facepalm:
Па и Ван Перси,заедно со Робен денеска беа статичари на теренот,а од нив највеќе се очекуваше денеска.
Од Де Јонг не очекувај добра топка и сам пред гол да е,тој ти е класика копач за рогање и топки и играчи :D
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Холандија мизерија, многу лоша игра. Сите себичи, никој не се ни трудеше освен Снајдер. Робен сите го научија една финта има, и јас да одам нема да ме помини. РВП слабо, Хунтерлар имаше една шанса и таа ја оплеска.

Не знам, со ваква игра .. тешко дека ќе поминат група.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Незнам што ви е толку крив Робен колку што е он крив толку се сите криви. Каде сака Холандија со оваа игра немаат никаква тимска игра сакаат се индвидуално Робен ќе фати топка 2,3ца до него и џабе. Играва ме потсеќаше на Баерн во БЛ во повеќето утакмици коа немаат никаква течност и сакаат се на индвидуалност. Да не зборам и Ван Перси некој моменти се изглупира,Афелај слабо, неможеш да играш со Ван Бомел и ДеЈонг у средина. Едино Снајдер изигра на ниво имаше пасови ова она другото нишо
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
tooooa Danska!!! Auf, kolku merak mi se napravi sto im go napikaa na preforsiranive laljinja!!!
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Незнам што ви е толку крив Робен колку што е он крив толку се сите криви. Каде сака Холандија со оваа игра немаат никаква тимска игра сакаат се индвидуално Робен ќе фати топка 2,3ца до него и џабе. Играва ме потсеќаше на Баерн во БЛ во повеќето утакмици коа немаат никаква течност и сакаат се на индвидуалност. Да не зборам и Ван Перси некој моменти се изглупира,Афелај слабо, неможеш да играш со Ван Бомел и ДеЈонг у средина. Едино Снајдер изигра на ниво имаше пасови ова она другото нишо
Сите са криви али робен,имаше шанса на неколку пати да додаде,посебно тоа кога ја погоди стативата ама не, тој морал да шутне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom