Ау, премногу имам впечатоци. Али ај од старт. Спојлер фри, што ве вртам ако не сте ја гледале.
Ми го понижија Imp, мамата нивна. Ама осеќам после ова ќе се врати и тоа појак од порано и ќе ги реши, како што кажа самиот, со паметот. И после оваа сезона, повторно најомилен лик.
Little Dove може да си одлета сеа, само што овој Little Finger ми е сомнителен, да не сака да си ја земе за невеста, зашто нели треба деца да си праи да му го водат новиот замок.
Осеќам дека Тајреловава ќе го среди копилето Џофри, како негова свршеница ќе може да го врти како што сака, нешто за што е ептен способна според мене.
Роб ќе има проблеми со будалиот од мостот. Нема така лесно он да се откаже од зетот, потенцијален крал.
Ептен ми се интересни Бриен и Кингслеер. Ќе имаат дешафки многу по патот и следната сезона, се надевам.
Ајра мислам дека конечно си најде својата цел и дека ќе оди кај овие Без Лице и да се усовршува за воин, нешто што го покажува од самата прва епизода на серијава. Интересно како никој не го збори малиот ковач, кој е вистинскиот наследник на тронот, по Роберт Баратеон, како негов вистински син. Мислам дека и самиот шлем ќе има значење во иднина.
Џон Сноу сеуште ми е досаден карактер и стварно сакам да направи нешто интересно. Знам дека треба малце да е глуп и наивен али нека се смени малце. Се надевам северниве ќе го средат во тој поглед.
Ох, Калиси, Калиси. Што би и направил само....Ама ок, не е тоа за тука. Една од најдобрите сцени до сега, кога се откажуваше и од тронот и од Дрого со детето, каде што покажа голема ментална сила и фокус за работите, нешто што не го очекуваше баш ќелавиот ворлок. А змејовите? Чек, уште се бебиња само...
Искрено, крајот беше одличен. White Walkers доаѓаат накај ѕидот. Северниот крал си собира армија да иде на југ. Зашто тој не го јадеше првин, со оглед што овие Night Watch се појужно од нив? Сепак мислам дека Северњаков ќе собере армија и можеби ќе се спука со нив. А сеа за изгледот на White Walkers имам примедби. Ок, мртви дечки и девојки, станале и бууу. Зомби. Не ми се свиѓаше што беа само спори, полуизедени зомби. Иако тој лидерот нив е ептен добро направен карактер ама сепак другите влечковци, ми намалуваа воодушевување.
Одлично финале на сезона, според мене сепак одлична сезона, која е само заплет за кулминацијата за следните сезони. Сепак се работи за повеќе книги со едно главно дејствие и споро се случуваат настаните за нас следачите на серијава ама тоа што се покажа како заплет и простор за понатамошни дејствија е сосема одличен. Кој ли ќе чека до 2013та?!