M
macgowan
Гостин
Хотелот е фантазија! Ама...
Крит е многу, многу повеќе од луксузните хотели во Елунда и сл. , хотелите од типот `Берта Ви претставува` на нашите телевизии под `Крит`...
Крит е посебна приказна од остатокот од Грција, посебен е од табиетот на луѓето до музиката и до локалните пијалоци(не узо-лозова ракија), да не зборувам за разноврсноста на теренот и природните убавини од секакви врсти плажи, планини, лагуни, кањони, археолошки локалитети од `Минојско` и што уште што не. Едноставно голем е и има за секој по нешто, само треба да се има предвид дека запознавањето на (барем)дел од островот подразбира поактивен одмор. Јас видов само мал дел за време на мојот престој и дефинитивно ќе му се вратам пак некогаш.