Перо Антиќ со кукавичка изјава дека доаѓа од „ФИРОМ“

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Се додека така размислуваме Македонија никогаш нема да тргне напред ;)
Не додека вие не престанете да кенкате на форум и да почнете да тренирате за да успеете,до тогаш нема да тргнеме напред.И наши играчи ке мора да се шлепаат во тимови во други земји и да виткаат кичма.
Идете надвор,тренирајте баскет направете ја Македонија фактор во баскет,па ке видиме дали ке бидеме заведени ФИРОМ.А
Ама не е лесно тоа нели,полесно е ПЕРО ПРЕДАВНИК,пуши кур и тн.Кој видел аир од тоа да пробаш сам да смениш нешто:свиркам:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440

не ти е на место мислењево ама ич. значи од маало еден (да е еден арно ке е) играше кошарка, ептен надежен и висина и баш се имаше и знаеш зашто прекина? од немање финансии (n) играш, имаш потпишано договор а немаш пари ни за карта а да незборам за опрема исхрана. се убиваше таткому од жалење за на крај да мораше да прекине со се.
значи имаме ние многу аленти и деца што тренираат наместо да бамбурат на форум не се секирај, проблемот е кога ке стигнат до оние години кога веќе треба да потпишат професионален договор, клуб каде ке можат да ги покажат квалитетите и ке имаат можност да напредуваат а не наместо тоа да седат на клупа додека играат тотално деца без врска само затоа што татковците нивни имаат превише пари :)
 
не глеам што е крив Перо што немал услови за тоа?
Вие да не сте го помешале перо со владата на македонија?
Да ве потсетам само дека Перо не треба да им обезбеди пари и услови на тие што немаат,треба дравата да го обезбеди тоа.Нити перо треба да го решава спорот со името ебате..
Знам ја убаво какви се условите и затоа го поштевам секој македонски спортист што ги ,,преживеал" овие услови и станал добар спортист.
И да додадам нешто,перо не е србин ради презимето,презимето се префрла по татковото презиме па можда перо е 1/16 србин..а ако не сте знаеле под српска окупација се менувале имињата и им се додавало иќ.Толку да размислувате глупо е страшна работа.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ти изгледа не ја разбираш причината за која се критикува Перо, не се работи за тоа дека Перо се претставил дека е Фиромец или пак доаѓа од ФИРОМ што исто му се фаќа ако така се чуствува.
Проблемот е што Перо се декларира како Македонец и е капитен на репрезентацијата, неговите чуства за Македонија се апсолутно познати на сите, но Перо за да избегне проблеми со колегите, за пари и личен интерес си гази на своите уверувања и се декларира дека е Фиромец. Можеби и јас или пак добри 99% од нас ќе го направеа истото како Перо, ама ќе заслужев презир од сите заслужено и нема потреба некој да ме брани или да се лутам.
Секако дека имал опција да не излегува и да се претстави на камера ако претходно му било соопштено дека мора да биде Фиром, можел да каже дека тоа е против неговите лични уверувања, има трема и слично.
Од перцепцијата дека ова што го направи Перо е нормално и секој од нас треба да го направи истото ако се најде во слична позиција односно да си погази на личните уверувања за сопствени интереси за скоро време нема да излезат јунаци кој ќе ја опраат државичката никако.
Од тие причини дека е нормално да се пречекорат лесно личните уверувања за сопствен комфорт имаме неписмени министри, нормално ни се шетаат радикали со знамиња по улици и магистри со јавна администрација факс седат дома со години за сметка на партиските плакатолепачи и планинари кои пола не го знаат јазикот на матичната држава.
Во право си али пак зошто со ист ваков жар не им се држат нозете на политичарите до оган туку можат да прават што сакаат.Мислам дека не е фер сите фрустрации сега да се исфрлаат само на Перо Антич.Плус за разлика од сите министри и јавна администрација Перо иако си ја изгазил гордоста барем си ја врши работата.Овие ни чест имаат ни работа завршуваат.
 
?

..........

Гостин
Не му се лутете на Перо не е само тој фиромјанец, ги има повеќе, еве еден од нив:

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Тешко на државава со волку "патриотски" настроена младина.
волку волку??? кај има волци патриоти? мислиш толку?
ни македонскиот не си го знаеме ко шо треба, а за други зборуваме!
што би рекол цацко, АХ БРЕ, Е ПА МАКЕДОНЧЕ!!! :D
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
572
Поени од реакции
687
И јас мислам дека не му требаше тоа со Фиром,а уште помалку со сите кои го критикувале да умрат(демек некој го критикуваше оти не можел да освои шампионска титула па сега ете им докажал,а нели критиките беа за нешто сосема друго).Но ова е форум и нормално на него секој си го кажува своето мислење,и нормално е да има спротиставени мислења.Еве ја мислам дека оправдувањата од типот дека сме заведени како ФИРОМ па затоа и оправдана е неговата изјава не се согласувам,сите знаеме дека во секоја организација сме приморани да не примат под таа референца а и знаеме поради што е тоа ама затоа не го обврзува никој да го изјавува тоа јавно.Не ги обврзува навивачите да навиваат за ФИРОМ туку си навиваат за Македонија,после секој натпревар кога даваат изјава кажуваат Македонија а не Фиром па и политичарите кои ги спомнувате како споредба никогаш во своите говори не кажуваат Фиром туку Македонија.Е тука е главната разлика помеѓу изјавите и официјалните натписи на кои сме обврзани.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
не глеам што е крив Перо што немал услови за тоа?
Вие да не сте го помешале перо со владата на македонија?
Да ве потсетам само дека Перо не треба да им обезбеди пари и услови на тие што немаат,треба дравата да го обезбеди тоа.Нити перо треба да го решава спорот со името ебате..
Знам ја убаво какви се условите и затоа го поштевам секој македонски спортист што ги ,,преживеал" овие услови и станал добар спортист.
И да додадам нешто,перо не е србин ради презимето,презимето се префрла по татковото презиме па можда перо е 1/16 србин..а ако не сте знаеле под српска окупација се менувале имињата и им се додавало иќ.Толку да размислувате глупо е страшна работа.
неееееееееее значи финтата беше што сакав да кажам дека има деца што тренираат и се залагаат а не само да дремат по форуми и да зборат... види го постот на кој сум реплицирал :)
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Се мудоњи или ташакли, не знам како да ве наречам?
Кога е Перо во Грција што очекувате да каже или треба да загине?
Еве ви едно видео од мене и кој сватил сватил кој не нека си го “тури“ прстот на глава или в газ и нека размислува понатаму...

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Димевски: Антиќ срце и душа дава за своите пријатели и сограѓани Македонци

Прво пречеше што употреби ФИРОМ, наместо Македонија, иако речиси цела македонска јавност е добро запознаена со тоа дека нашата земја во FIBA и во Евролигата се води токму под референцата ФИРОМ, а не како Македонија. Во некои медиуми како и на социјалните мрежи, се преиспитуваше патриотизмот на Антиќ, се обвинуваше за велепредавство и слично. Не помина ниту една недела, почнаа да кружат информации дека наводно капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ повеќе нема да го облече репрезентативниот дрес.
Во обид да се разјаснат шпекулациите што деновиве ја брануваа македонската јавност со став се огласи и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, којшто преку соопштение го изнесе својот став пред јавноста. Го објавуваме соопштението во целост.
„По повод натпис на еден интернет портал во кој беше повикана Македонската Кошаркарска Федерација да превземе мерки против Перо Антиќ за дадена изјава, јас како претседател на повиканата институција чувствувам потреба јавно да го соопштам својот личен став.
На мојата листа на наши сонародници, Македонци, кои во подалечната, но и поновата историја придонеле за афирмација на нашата драга Македонија, Перо Антиќ без најмала дилема е меѓу првите дваесет. Ако се смета колку луѓе направил среќни и горди што се Македонци, местото му е уште погоре.
После сето она што го направи и сe уште успешно го прави за својата држава, за Македонија, нејкојси таканаречен новинар, патем речено истиот избркан од четири спортски редакции, без основни морални квалитети и хигиенски навики, нема ама баш никаков морален кредибилитет да го критикува Перо. Истиот господин, иако е сe друго освен господин, во континуитет пишува фабрикувани стории со отровна содржина насочени против сe што е успешно и напредно во македонската кошарка, со единствена цел да направи раздор во моментите кога најмногу ни треба мир и позитивна атмосфера пред историската шанса за пласман на Олимписките игри, нешто што е сон за секој Македонец што искрено си ја сака и бодри својата земја, но не и за овој изрод.
Во ова мое обраќање сакам да обрнам внимание на еден сосема друг аспект на дадените случувања поврзани со двајцата најдобри играчи на европскиот првак, грчкиот тим Олимпијакос – Перо Антиќ и Василис Спанулис.
Живееме во време во кое политиката и тоа онаа најевтината националистичка варијанта, ги има фрлено под нозе сите вистински вредности како што се пријателството, соседската солидарност, православната широкоградост, меѓучовечката љубов и почитување, особини кои лесно може да се препознаат во спортот како една ментално чиста средина.
Лично себеси се сметам за патриот и за горд Македонец, истовремено и православен христијанин кој своите јужни соседи не ги доживува како душмани (квалификација која гореопишаниот таканаречен новинар ја користи во своите текстови). Истовремено правам дистинкција помеѓу обичните луѓе и спортисти од Грција од една страна и нивните политичари, со нивната себична и егоистична логика, од друга страна.
За момент да се обидеме да излеземе од секојдневното клише каде меѓусебно се обвинуваме и навредуваме и да погледнеме со други очи што имаме заедничко, што може да не спојува, а не раздвојува.
За прв пат во историјата, цела спортска Македонија навиваше за грчки тим и за прв пат еден Македонец беше славен на отворена сцена во Грција, како херој. Токму тие двајца, Перо и Василис, двајцата капитени, предводници на своите национални тимови, на сите нас ни го покажаа вистинскиот пат како со искрен пристап, другарство и пожртвуваност, со заеднички сили и многу искрена меѓусебна човечна почит, еден Македонец и еден Грк можат да ја покорат Европа.
Искрено се надевам дека ќе го доживееме денот кога растеретени од политички проблеми ќе се потсетиме на Перо и Василис и она што тие го направија еден за друг, свесно изложувајќи се на удар на критизерите, кои својата неинвентивност и недостаток на стручна компетенција ја маскираат со „евергрин“ топ темата – продавање на евтин национализам.
Тогаш, верувам Македонија и Грција ќе бидат многу попријатно место за живеење.
На крај, ќе си дозволам да кажам дека е привилегија да се познава и да се има за пријател човек како Перо Антиќ. Тој, пред сe е голем другар кој искрено, срце и душа дава за своите пријатели и сограѓани Македонци.
Сега на Перо му треба поддршка, како и на сите нам, пред историската шанса во Венецуела. Дајте да бидеме позитивни, да бидеме единствени и да си дадеме шанса уште еднаш да се засладиме со уште еден голем спортски успех – пласман во Лондон.-мр. Даниел Димевски“
Ајде да видиме што ќе биде следно. Сметаме дека треба да престанат да се шират шпекулации и да се навредува еден врвен македонски спортист, каков што е Перо Антиќ и да го оставиме на раат да игра во клубот што го одбрал бидејќи, со тоа, прави промоција токму на Македонија.
http://www.time.mk/read/4c1fd33a56/6cd8db6824/index.html

Не очекував од човекот таков низок стил на израсување , сепак после турнирот во Литванија ми остави многу професионален впечаток за сега да падне ептен ниско в во обид да го извади Антиќ. Инаку последниот болд „промоција на Македонија„ апсолутно не се согласувам зошто оној што сака да направи промоција на Македонија јасно и гласно кажува од каде е, Антиќ со неговата изјава може направи промоција на ФИРОМ но секој вистински Македонец се почуствува понижен а не горд на неговиот успех. Освен тоа во интервјуто Димевски наведува дека сите „вистински„ Македонци навивале за Олимпијакос, јас не познавам такви ако има некој нека се јави слободно.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Добро е. Значи сепак Перо ќе игра за нас на квалификацииве, и дај престанете еднаш со тие критики кон Перо....
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
186
Поени од реакции
104
Димевски: Антиќ срце и душа дава за своите пријатели и сограѓани Македонци

Не очекував од човекот таков низок стил на израсување , сепак после турнирот во Литванија ми остави многу професионален впечаток за сега да падне ептен ниско в во обид да го извади Антиќ. Инаку последниот болд „промоција на Македонија„ апсолутно не се согласувам зошто оној што сака да направи промоција на Македонија јасно и гласно кажува од каде е, Антиќ со неговата изјава може направи промоција на ФИРОМ но секој вистински Македонец се почуствува понижен а не горд на неговиот успех. Освен тоа во интервјуто Димевски наведува дека сите „вистински„ Македонци навивале за Олимпијакос, јас не познавам такви ако има некој нека се јави слободно.
Прво, стилот на изразување не му личи на еден претседател, ептен е сељачко и упикувачко кон Антиќ. Потписот пак со „м-р“ е смешен, психолозите велат дека само исфрустрираните и недокажаните сами се потпишуваат со титулата, обично таа е кога други некој треба да ги претстават.
Второ, тезите во писмото му се полтронски и нејасно, се со цел да го извади Антиќ. Овој ист претседател пред 5-6 години има наредено да не почне натпревар помеѓу Македонија и Кипар во Софија само затоа што на семафорот стоело FYROM. После 15-20 минутно натегање на семафорот било напишано FYR Macedonia по што мечот почнал. По негов налог на вратата на соблекувалната на Кипар со пенкало било напипано „Former Turkey colony od Greece“. Значи толку од неговиот христијански повик на смирување меѓу Македонците и Грците. Неговиот став се менува спрема дневно-политичките потреби, најчесто негови лични.
Трето, колку што сум слушнал, ова е повеќе враќање на долгови кон Антиќ и обид за негово смирување по лавината реакции во јавноста. Старите долгови се однесувале на тоа што токму Димевски бил претседател на Работнички кога Антиќ си заминуваше од таму во АЕК. Тогаш имало голема препирка на релација Антиќ-Работнички, кој не сакал да го пушти без висока отштета.
Четврто, каков е овој претседател што поради личната суета не го задржа херојот од Литванија, селекторот Марин Докузовски. Се говори дека почнало да му пречи што Марин бил главна ѕвезда по ЕП, секако надвор од играчкиот кадар, почнал да се меша во политика поради што му станал трн во очи на Димевски поради што решил да го елиминира. Тие што го знаат велат дека бил многу суетен и желен за слава, затоа бил прв во автобусот по враќањето од Литванија и заедно со генералниот секретар бил најревносен во мафтањето кон граѓаните, небаре тие ги давале кошевите во Литванија.

Ова е што знам, колку да се опише моралниот карактер на претседателот на КФМ.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ало бре .. мене ме заболе к.р што рекол фиром .. повеќе ме изнервира кога даваше изјава на српски јазик за спортклуб... и тоа на крај не му требаше .. покажа колку има карактер .. спортист е и треба да ги прима сите позитивни и негативни мислења за него а не да избувнува така ! мое мислење не треба да игра повеќе во репрезентација ! и нека се подзамисли дека е капитен на репрезентација и дека не треба многу да зборува така !
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925

shto ne ti e jasno? citaj - antic

korenite ne se mala rabota!

fala, cao, prijatno
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
Ало бре .. мене ме заболе к.р што рекол фиром .. повеќе ме изнервира кога даваше изјава на српски јазик за спортклуб... и тоа на крај не му требаше .. покажа колку има карактер .. спортист е и треба да ги прима сите позитивни и негативни мислења за него а не да избувнува така ! мое мислење не треба да игра повеќе во репрезентација ! и нека се подзамисли дека е капитен на репрезентација и дека не треба многу да зборува така !
така е. треба машки да поднесе критика.
сите знаеме во каква незавидна ситуација бил, ама сепак ја усра.
можел да го прескокне претставувањето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom