видете вака... ливерпул нема потреба да купува крило... веќе го има, само не се користи како шо треба (џонсон)... на ливерпул му треба десен бек и еден шпиц и готово!!! зошто само тие две позиции??? е па вака... ако се земе десен бек, џонсон би отишол на крило и на тој начин, прво имаме посилна и посигурна одбрана и второ имаме поубоит среден ред и поопасен напад!!! се сложувате??? напаѓачот би бил поддршка за торо, доколку се игра со 2 напаѓачи или пак негова замена ако се игра со 1 шпиц. еве читам ќе се враќал инсуа, што за мене е супер!!!
значи, формациите според мене би изгледале вака...
4-4-2: реина, нов играч, шкАртел (вилсон), агер, инсуа, џонсон, раул (лукас), жерар, бабел, торес, кол (друг???).
4-2-3-1: реина, нов играч, шкртел, агер, инсуа, џонсон, раул, лукас, жерар, бабел, торес
со оваа постава јас би играл против било кој тим на светот... резерви има, во одбрана тука се вилсон, кели и кончески, ај и карагер, на средина макси, спиринг, шелви, пачеко, кајт и во напад нгог и нов напаѓач... јовановиќ, поулсен, аурелио да си одат...
ако се изигра вака во јануар, тимот по мене ќе биде 90% комплетен, а за наредната сезона би можел да се донеси еден одбрамбен играч (оти да не лескот или кејхил, кјаер) и еден срединаш (хазард е моја желба...)... и то би било то...
а за тренер... рој треба да добие шанса до кај февруар... доколку тимот до тогаш е во игра за место кое носи во лш, рој да остани, а доколку не... ајд чао и да се донеси нов тренер кој би имал околу 10 кола за привикнување на играчите на неговите методи на работа и воигрување на тимот и тој да решава при изборот на новите играчи, за да во наредната сезона се влезе со стар тренер и воигран тим, во кој ви се приклучиле само 1-2 нови имиња...
позз