Луѓе, што ќе правиме? Дај да се организираме некако, со убаво да им објасниме на сите дека вака не бива. Не верувам дека некој од нас е 100% против, не велам да одиме директно контра "Скопје 2014" како целина, туку да се сконцентрираме на катастрофалните грешки кои според мене ја надминаа бројката од 20.
Ќе се обидам да составам листа од се' што ми смета во Малиот Ринг и непосредната близина, па ако некој не се согласува со мене, или мисли дека сум пропуштил нешто, слободно дополнете. Ќе се обидам да бидам најтолерантен што можам:
1. Подземната улица. Не смее да се изгради ваква, заедно сосе двата кружни тека. За тој кај крајот на Партизанска би можел да попуштам, но да се замени совршено функционална триаголна раскрсница пред мостот Гоце Делчев со онаков кружен тек е недозволиво.
2. Зградата меѓу Порта Македонија и Александар, сосе скалилата кои навлегуваат во површината на Плоштад Македонија.
3. Панорамското тркало кај новиот мост. Не сум против самиот мост, напротив сакам да се изгради.
4. Новото чудо до Сан Марко, незнам што е но што и да е не ми мириса на арно. Местото е тотално утнато, таму треба да биде празен простор, пешачки коридор.
5. Споменикот на Самоил. Мора да се тргне, не само појужно, туку комплетно.
6. Споменикот меѓу Стара Народна Банка и Метропол. Директно го загушува пешачкиот коридор.
7. Грдосијата наречена Стара Народна Банка. Овде сум комплетно за рушење и изградба на автентична реконструкција. Не ми е жал за парите, пари очигледно има, повеќе ми е жал за времето во кое кејот остана закочен.
8. Планираната улица на кејот. Кејот едноставно МОРА да остане пешачка зона, а за неодговорниот инвеститор и полтронската градска власт нема оправдување.
9. Мора да се избришат дополнителните маркички за споменици до Портата Македонија, како и во Жена Паркот. Едноставно презагушен е просторот. Мора да се прекине со изградбата на споменикот на Питу Гули додека не е завршен, и ако мора, истиот нека се изгради на некое друго, порастеретено место.
10. Спомениците на АСНОМ, ВМРО и Паднатите Херои не прават никаква целина и само си сметаат едни на други.
11. Катната гаража кај Беко (4.3.1) не следи никакви урбанистички правила, и поради немоќта (иронично, но вистинито) на Градот да ја срушат зградата 4.4.2, комплетно е мутилиран просторот околу. Да се изгради по планот од 1997.
12. Да се сруши постојната зграда на ВМРО-ДПМНЕ и да се изгради како што е предвидено со планот од 1997.
13. Апсолутно рушење на АЕК (7.13)!
14. Да не се дозволи изградба на 7.2.1 во таков габарит и на такво место. Ако воопшто треба да има фонтана со обелиск, нели е поарно да се помести објектот да биде паралелен со МНР со фасадата кон ул.Стив Наумов, а фонтаната и обелискот да бидат од западната страна, отворени кон идното средено плато пред МОБ?
15. НИКАКО, АМА НИКАКО да не се дозволи изградба на 7.1.1!!!
16. Улицата која треба да води кон подземниот паркинг на Археолошкиот Музеј+Уставен Суд+Архив да понира пред Музејот на Македонската Борба, а не пред самиот Камен Мост. Се уништува плоштадот на овој начин.
17. Ако веќе ги прават фасадите, треба да се направат и од внатрешната страна (позадината). И онака би било смешна шминка, но сега е многу поочигледна.
18. Да се тргнат сплавовите. Безусловно.
19. Да се избрише катната гаража 1.3.5 (во меѓупросторот кај Стара Народна Банка, Стопанска Банка и Метропол).
20. Да се сруши постојниот Спомен Дом на Мајка Тереза. Ако треба нека изградат нов, но на посоодветно место и не волку грд.
21. Не спаѓа во Мал Ринг, но во близина, да се спречи изградбата на новите две згради карши Музејот на Град Скопје (ЕЛЕМ и другата државна), и со тоа рушењето на едно од поубавите урбанизирани катчиња кај споменикот на жртвите од земјотресот.
22. Да се спречи дебилната нова зграда карши претходноспоменатите две, на ќошот кај големото дрво и металната скулптура.
Ќе повторам, сметам дека сум претолерантен иако листава е прилично долга.