Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Лоша епизода.
Првата сезона беше многу подинамична.
И да, на крај као не изненадија дека децата биле живи.Wow.
Тоа се претпоставуваше уште од претходната епизода.
 
ako ima celo vreme akcija ne vi cini.....samo koljane bilo mnogu krv mnogu golotija...sea pak ne vi cini....top si e bolje nemoze da bide za toj budzet
 
Ако може да има лоша епизода во GOT тогаш тоа беше оваа.
Ама добро затишје пред бура, иако на моменти беше стварно напорна епизодава.
 
океј, не им ја капирате финтата !? Намерно ја направиле епизодава за конечно да почнат првите лоши зборови за серијата... :rolleyes:

Плус и имаше таква реченица кога Болтон му зборуваше на Роб: „Многу арно, не е на арно.“

Мора и малку хејт... :noze:
 
лол, имал земјотрес дури ја гледав епизодава. Приметив нешто се тресеше додека беше сцената со Тирион и Варис на ѕидовите на Kings Landing, ја мислев се тресе од војската на Станис и дека сум се внел у епизодата комплетно. :icon_lol:
 
Барем да ја покажеa Талиса од напред... :pos: Не дека е лоша и од назад, али ми се виде ко најзгодната девојка во серијата досега па сакам да видам full package :icon_lol:
 
лол, имал земјотрес дури ја гледав епизодава. Приметив нешто се тресеше додека беше сцената со Тирион и Варис на ѕидовите на Kings Landing, ја мислев се тресе од војската на Станис и дека сум се внел у епизодата комплетно. :icon_lol:
Or was it?

Интересно е така кога ептен ќе се внесеш во некоја серија. Како мене кога ме мафаа флеш-сајдвејзи во шестата сезона од Lost. Реален тајмлајн: VLJ на факултет. Флеш-сајдвејз: VLJ дома, се успал за на факултет. Од памет се вадев.
 
Барем да ја покажеa Талиса од напред... :pos: Не дека е лоша и од назад, али ми се виде ко најзгодната девојка во серијата досега па сакам да видам full package :icon_lol:
Мене ми се чини дека дублерка гледавме.

Да не испадне сега дека правам анти кампања, серијава ми е топ, ама епизодава беше тапа. Дури и сексот не е тоа што беше :pos: Нити дијалозите на Тирион кога сме веќе тука...

Жолт картон.
 
Мене ми се чини дека дублерка гледавме.

Да не испадне сега дека правам анти кампања, серијава ми е топ, ама епизодава беше тапа. Дури и сексот не е тоа што беше :pos: Нити дијалозите на Тирион кога сме веќе тука...

Жолт картон.

oh come on, си потпаднал под притисокот на Јонзе. :X3:

Епизодава беше љубов - бла бла љубов. Роб и оваа со убавите очи, Тирион со Шае, кај што покажаа дека импот има срце. Потоа сцената со Калиси и Сер Јора (донекаде) беше љубов.

Мене не ми беше досадна епизодата, освен сцената кога оваа му објаснуваше на Роб кога се брцкала гола у вода, тогаш не ни пратев што збори. Реков и порано, епизода у GoT неможе да биде досадна заради „светот“ у кој е, заради позадината и атмосферата.

Играат малку ташакот и Мартин и HBO со нас сеа, навикнати од првата сезона каде што работите се случија и побрзо од потребното. Тогаш ги хејтав зошто толку брзо умре Роберт, најпрво, а потоа и Нед и Дрого кого неможам да го прежалам уште, фалат тие „шекме шеракие“ сцени.

Сега многу побавно ги движат работите, некој спомна погоре „Сите се на позициите на кои беа на почетокот на сезоната“ - Епа шо сакате, сите да се испотепаат одеднаш !? Ете, имате мапа убаво е покажано Роб напаѓаше на запад врз Ланистерите, таман кога им дише у врат глупакот од Грејџој заеба работа. Станис благодарение на Смоуки ја доби битката со брат му, сега со „здружена“ војска е пред престолнината, каде што уверен сум дека ќе изгуби.

Нели и вториов дел на книгава се вика „A clash of the Kings" - значи тоа е углавно, политика, матни игри и борба, рано е за змејовите и white walkers.

п.с.

http://www.telegraph.co.uk/culture/...8/Why-I-am-obsessed-with-Game-of-Thrones.html
 
Реков и порано, епизода у GoT неможе да биде досадна заради дијалогот, каде секој збор, реченица, интеракција се генијално добро смислени.
Се послужив со цитатот од ElNinho за да кажам зошто мене не може да ми биде досадна серијата. Онаа епизода која во GoT важи за „досадна“ е поинтересна од сите епизоди од сериите кои моментално се прикажуваат. А причината за смирената епизода полна со муабети, а не акција, се финансиите. Читав дека продуцентите на колена паѓале пред директорите на HBO, колку да им дадат пари за да ја изведат епската битка која не' очекува.
 
Го прашаа писателот мислам на пресот во Сан Диего, дали битката ќе изгледа како што е опишана во книгата, тој им одговори нешто во стил: да ви ја дадам капава да фрлите некоја пара за ефекти :)

Јасно е тоа со парите, туку и без акција мора да има поинтересни сцени. Глупо е да склопиш епизода со 80% нерелевантни работи, можеле побрзо да одат на битката. Како и да е, ништо страшно, муабетот е дека ова е веќе под нивото и да се надеваме дека останатите епизоди се подобри, затоа што во споредба со прва сезона ова е загрижувачки.

VLJ, вчера сакав да гледам The Killing после GoT, како и обично, и за прв пат не успеав пошто ме заспа епизодава.
 
Се послужив со цитатот од ElNinho за да кажам зошто мене не може да ми биде досадна серијата. Онаа епизода која во GoT важи за „досадна“ е поинтересна од сите епизоди од сериите кои моментално се прикажуваат. А причината за смирената епизода полна со муабети, а не акција, се финансиите. Читав дека продуцентите на колена паѓале пред директорите на HBO, колку да им дадат пари за да ја изведат епската битка која не' очекува.

Да, и дијалогот секако. Но мене не ми е баш по ќејф ако понаката жртвуваат за борби или змејови, и сите пари да ги фрлат за CGI.

Го споменав тоа и на крајот од првата сезона, намјногу ми е страв да не го сторат тоа понатаму па да гледаме послаба глума на сметка на змејовите. Е тек тогаш ќе ги хејтам.

Вака, една епизода не е страшно. Ќе видиме можеби и битката ќе ги извади кај многумина кај кои им опаднаа отценките, кај мене доволно ќе е да има јак развој на настаните и добра глума макар и покажале само 10 секунди борба.
 
Изгледа ќе треба да ја гледам епизодата повторно, бидејќи мене искрено ништо не ми пречеше. Многу јасно дека пред бурата ќе следува затишје. А и во каква-таква мера барем видовме некакво разработување на ликовите. Дури и глупиот момент со Сноу беше показател дека тој ќе се обиде да се инфилтрира кај дивјаците. Можеби најнепотребна работа беше 90-секундното појавување на Дени, ама пак ни тоа не ми сметаше, бидејќи, Емилија Кларк. Плус, одамна немало ваква love is in the air епизода во серијата. Оваа епизода беше првенствено наменета за романтичните души, како на пр. ElNinho :)

Io Sono Interista А кога сме кај The Killing и непотребни епизоди... ај да не одам оф-топик :)
 
Не знам што толку се фативте за епизодава дека не ја бивало. Со оглед на фактот колку се распишал Р.Р Мартин во книгите, не може сите дејства вртоглаво да се прескокнат и да се оди само на акција. Јас осмава епизода ја гледав како увертира во понатамошните случувања. Ајде да видиме колку малку се случи: Леди Старк го ослободи Џејми Ланистер и Роб ја казни, Ајра избега, сите тргнаа во поход кон битката, овие од стражата најдоа нешто под мразот, Тирион ја планираше одбраната на градот. Не ќе да беше саде љубов епизодава. Единствено загубија драгоцени минути кога докторкана го затупе со приказната од детството. Отидоа 5 минути во неповрат.

Толку луѓе, случувања, имиња ни Чак Норис не може да ги завитка во побрзо дејство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom