И официјално грдоликиот Теон ми е поомразен лик дури и од Џофри. Џон Сноу продолжува со глупостите и клише моментите. Наместо да и' го тури ножот на црвенокосата (без метафори) тој ќе ја шета низ ридовите како пудлица. И не знам дали е до мене, или навистина глумецот за прв пат покажа некаков вид на глума. Добро, поарно нешто, отколку ништо. Друго, особено ми се интересни дешавките во Куарт, па не би било лошо продуцентите да направат еден спин-оф. Емили (на FB ми рече нагалено да ја викам) и нејзиниот лик некако даваат посебен шмек на целата серија токму поради тоа што не се во Вестерос. А Тирион, што да кажам, каква моќ добива секоја сцена веднаш штом ќе се појави во кадар.
И зошто секоја епизода се осеќам како да сум во некој временски парадокс? Како е можно 55 минути мене да ми личат на пет? Pyat Pree да не има замешано прсти?
Шо ќе пиете !?
Честитки, ете ти и официјално инфо од Емили. Дорија не е мртва, можеби е изгубена, ама ипак жива.