Евтини авионски карти

Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
1280 denari автобус со Македонија Сообраќај
http://sas.com.mk/index.php?option=com_wrapper&view=wrapper&Itemid=54

Незнам зошто не одиш со Bellеair Скопје-Рим тие летаат Скопје Рим.Нема да даваш пари за до Солун и да се малтретираш

http://www.belleair.eu/
И јас гледав карти за Рим и со Bellair не се баш ефтини, за втората половина на јуни излегува 160 евра повратна карта, додека со Ryanair од Солун картата е 30-40 евра повратна, плус автобусот до Солун 30 евра, доаѓа 100 евра поефтино.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Знае ли некој како се движат авионските карти од Скопје до Њујорк? И со која компанија е најдобро да се лета?
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
Знае ли некој како се движат авионските карти од Скопје до Њујорк? И со која компанија е најдобро да се лета?
Другар си купи карта со Austrian Airlines за 800 долари од Скопје.Скопје-Виена-Њу Јорк.Сепак да не те лажам,цените варираат најдобро отиди на нивната страна и пребарај со твоите дати на патување.За цена отприлика е толку е сега некои месеци може да бидат удардни некои не ама отприлика толку одат.Turkish Airlines исто има супер цени провери ги и нив.А доколку сакаш да ги знаеш сите варјанти ти препорачувам да отидеш во туристичка агенција и таму ќе ти кажат попрецизно бидејќи нивните системи за букирање на карти се поврзани со сите авиокомпании и ќе ти ги кажат сите можни алтернативи.Ги издвоив Аустриан и Туркиш бидејќи двете компании возат до Америка со само 1 Стоп едносно Виена,Истанбул во зависност која компанија.Другите Алтернативи се обични помачни, односно различни компании ќе треба да се возиш по аеродроми и слично.Овие бидејќи е иста фирма,ставаш куфери во Скопје и тоа е тоа.

Инаку еве една новост за да не отворам нов пост тука ќе ја ставам

Со шест нови авиолинии и закон за авто кампови владата ќе се обиде да го зголеми бројот на странски туристи кои ќе ја посетуваат земјава.
Премиерот Никола Груевски денеска најави дека веќе следната недела ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на нискобуџетна авиокомпанија која ќе треба да воспостави шест линии. Избрана компанија, како што рече премиерот, ќе добие 40.000 евра субвенција за овие шест линии.

“Во тендерот ќе се предвиди 40.000 евра да бидат даде веднаш, за првите шест линии, а потоа за секоја наредна линија да бидат давани по 30.000 евра еднократно, плус за секој патник кој ќе заминува ќе добиваат девет, осум или седум евра“, изјави премиерот додавајќи дека ова ќе значи сериозна поддршка од владата со цел зголемување на бројот на туристи.

Воспоставувањето нови линии од македонските аеродроми кон светските и европски дестинации ќе биде огромна поволност и за македонските граѓани.

Закон за автокампови веќе е изработен и до средината летото истиот треба да се најде во собраниска процедура, информираше Груевски велејќи дека ова ќе донесе квалитет во туризмот што дополнително ќе влијае на бројот на туристи во земјава.

“Ќе внесе нов квалитет на тој начин што оној што сака да има авто камп ќе мора да вложи малку повеќе да го направи подостоинствен отколку што е сега и ќе привлечат повеќе туристи. Бидејќи има многу странски туристи кои што сакаат да кампуваат“, рече премиерот објаснувајќи го законот за автокампови.

Бројот на туристи во изминатиов период бележи постојано зголемување. Како што вели премиерот, странските туристи земајва ја посетуваат и за 20 до 30 отсто повеќе во споредба со неколку години претходно.

http://bukvar.mk/news/so-shest-novi-aviolinii-i-sredeni-avtokampovi-do-zgolemen-broj-na-turisti?newsid=kxbW
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Другар си купи карта со Austrian Airlines за 800 долари од Скопје.Скопје-Виена-Њу Јорк.Сепак да не те лажам,цените варираат најдобро отиди на нивната страна и пребарај со твоите дати на патување.За цена отприлика е толку е сега некои месеци може да бидат удардни некои не ама отприлика толку одат.Turkish Airlines исто има супер цени провери ги и нив.А доколку сакаш да ги знаеш сите варјанти ти препорачувам да отидеш во туристичка агенција и таму ќе ти кажат попрецизно бидејќи нивните системи за букирање на карти се поврзани со сите авиокомпании и ќе ти ги кажат сите можни алтернативи.Ги издвоив Аустриан и Туркиш бидејќи двете компании возат до Америка со само 1 Стоп едносно Виена,Истанбул во зависност која компанија.Другите Алтернативи се обични помачни, односно различни компании ќе треба да се возиш по аеродроми и слично.Овие бидејќи е иста фирма,ставаш куфери во Скопје и тоа е тоа.
Ок фала многу. Иначе бев да разгледам за карта најмногу ме бендиса од Turkish Airlines зато што само во Истамбул застанува а и смее да се носи 2 куфери и една рачна торба. Иначе картата беше 965 долари.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
Ок фала многу. Иначе бев да разгледам за карта најмногу ме бендиса од Turkish Airlines зато што само во Истамбул застанува а и смее да се носи 2 куфери и една рачна торба. Иначе картата беше 965 долари.
Да тоа заборавив да го напоменам.Они ти даваат 2 торби да земеш со себе другите зимаат +трошок за оваа работа.Можеби и Бритиш Ервејз го дава истото но нема дирекно преку Скопје треба многу преседувања и глупости така да со нив ти е многу добра конбинација.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Дечки неможам да најдам посоодветна тема, сакам да прашам, шо треба да се напрај ако имаш баеги време за чекање на аеродром(12 сати) за да излезиш од него, пошо како шо знам забрането е?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ако багажот е потежок од 10кг, се доплаќа за секое кило плус.
Исто така, мораш да знаеш дека рачниот багаж мора да има одредени димензии (како на сликата).
Мене за куфер со малку поголеми димензии не ми дозволија да го понесам со себе како рачен багаж, и мораше да доплатам 30 евра за куферот да го стават во карго. Тоа зависи и како ќе ти се погодат вработените на аеродром. Како полетував никој не ми го провери ниту мереше куферот, а за назад мораше да доплатам 30 евра за истиот куфер, оти вработените на другиот аеродром беа малку построги.

Јас ќе летам со Корендон за Амстердам, е сега на билетот пишува 20кг дека е дозволено. Планирам да понесам еден ранец како на сликата со мене (внатре ќе ми е лаптопот) и една торбица со облека, таа најверојатно ќе оди во багажот, ќе може така?
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
Дечки неможам да најдам посоодветна тема, сакам да прашам, шо треба да се напрај ако имаш баеги време за чекање на аеродром(12 сати) за да излезиш од него, пошо како шо знам забрането е?
Доколку немаш потреба за виза во земјата каде што ќе чекаш 12 часа можеш да излезеш и да правиш што сакаш.А доколку пример си во Америка и чекаш лет од Лондон тогаш ако немаш виза за Англија,нема да можеш да го напуштиш терминалот. Доколку е некоја ЕУ земја или земја за која немаме потреба од виза, слободен си.
Јас ќе летам со Корендон за Амстердам, е сега на билетот пишува 20кг дека е дозволено. Планирам да понесам еден ранец како на сликата со мене (внатре ќе ми е лаптопот) и една торбица со облека, таа најверојатно ќе оди во багажот, ќе може така?
Тоа најмногу зависи од компанијата.Некои компании даваат повеќе помали торбици да ги носиш горе со себе а некои не, затоа кога ќе патуваш на самото чекирање ќе ти кажат тие како треба да биде. Сепак мислам дека таа торбица со облека ќе оди доле во карго во авионот
 
B

BBlisto

Гостин
А до кај би биле тие нови авиолинии? (Не видов нигде да пишува, може уште не е кажано, ама да прашам за во случај да не сум пропуштила нешто)
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Јас ќе летам со Корендон за Амстердам, е сега на билетот пишува 20кг дека е дозволено. Планирам да понесам еден ранец како на сликата со мене (внатре ќе ми е лаптопот) и една торбица со облека, таа најверојатно ќе оди во багажот, ќе може така?
Да.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
А до кај би биле тие нови авиолинии? (Не видов нигде да пишува, може уште не е кажано, ама да прашам за во случај да не сум пропуштила нешто)
Сеуште не се знае до каде ќе бидат.
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
А до кај би биле тие нови авиолинии? (Не видов нигде да пишува, може уште не е кажано, ама да прашам за во случај да не сум пропуштила нешто)
Без грижи, биди сигурна дека ќе објавиме штом информацијата созрее за јавност, можеби дури и час-два пред тоа ;)
 

AleksandarT

Reckless
Член од
16 ноември 2005
Мислења
180
Поени од реакции
9
Здраво, ме интересира колку се цените на повратни авионски карти до Венеција и Франкфурт од скопскиот аеродром ( заедно со аеродромските такси ).
Поздрав
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
Здраво, ме интересира колку се цените на повратни авионски карти до Венеција и Франкфурт од скопскиот аеродром ( заедно со аеродромските такси ).
Поздрав
За венеција 30 евра со вклучени аеродромски такси за дизелдорф ќе пробам да најдам и да ти пратам.
http://wizzair.com/flights/Skopje/Venice-Treviso/
--- надополнето: 14 мај 2012 во 23:36 ---
За венеција 30 евра со вклучени аеродромски такси за дизелдорф ќе пробам да најдам и да ти пратам.
http://wizzair.com/flights/Skopje/Venice-Treviso/
Еве да дополнам.За Дизелдорф имаш карти од Скопје за 110 евра во просек повратна карта(Летовите се реализирани од страна на BelleAir Europe но ги продава Ер Приштина. Еве ја нивната офицјална страница каде можеш да си разгледаш дати и цени страната е преведена и на македонски јазик и имаш и локација за нивна канцеларија во Скопје каде можеш да си купиш карта(секако може и преку интернет)

www.airprishtina.com

Исто така BelleAir лета и од Скопје до Венеција и ако те интересираат нивните цени иди на гугл пиши ја компанијата и ќе ти излезе линк.Фактички истото можеш да го направиш и во канцеларијата на Ер Приштина бидејќи тие ги продаваат нивните карти така да исто ти се фаќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom