Камерите и радарите на МВР ставени во функција + презентирана „Пази радар“ апликација

O

Orion.

Гостин
Чекај чекај. Ова значи дека сообраќаен прекршок пред 7-ми мај не е снимен ??
Не работеа до сега камерите и покрај тоа што беа поставени, немаа пари да купат софтвер скап многу бил:)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Чекај чекај. Ова значи дека сообраќаен прекршок пред 7-ми мај не е снимен ??
Не. Освен ако не ти е направен кај МЗТ салата на кривината пошто наслушнав од поодамна дека таму си работи камерче. Увек кога сум поминувал од таму сум терал претпазливо во психа ми влезе :D За други локации појма неам
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас платив мито на полицаец бидејќи сум поминал на црвено како што "видел" он, а за волја на вистината беше зелено на 2 секунди пред да смени семафорот. Да имаше камера тогаш ќе немав гајле!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Е дури сега ќе се направи гужва невидена.Сега сите ќе лазат со 10 на саат од страв да не ги фати камерата.
Но малце ми е сомнителнително бидејќи пред да ги пуштат камерите како средство за казнување ќе мора да има голема кампања за да не запознаат како работат...можеби ќе се користат само за мониторинг...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Можеби и ние ќе ги снимаме Цајкани како се одаваат на блуд и проституција и ќе им бараме провизија капитализмот е прекрасен шо мислите
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Датум: 06.05.2012, 14:52
ПОЧНУВА ПРОЕKТОТ БЕЗБЕДЕН ГРАД
Kамерите на МВР од денеска снимаат во Скопје

Безбедносните камери што беа поставени речиси пред две години на сите прометни раскрсници во Скопје од денеска се очекува и официјално да профункционираат. Проектот наречен „Безбеден град“ ќе биде пуштен во употреба денеска, кога се прославува 7 Мај - Денот на полицијата. Отсега натаму над 100 камери поставени на најфреквентните места, на раскрсниците, на влезот и излезот од Скопје, булеварите, мостовите и на улиците што се оптоварени со сообраќај ќе снимаат сообраќајки, инциденти, прекршоци, а снимките ќе може да се користат и за откривање криминалци. Има камери што снимаат само во една позиција, но има и такви што снимаат 360 степени.

Kамерите ќе снимаат 24 часа на ден и првенствено ќе ги ловат сообраќајните прекршоци, возачите што ќе поминат на црвено светло, тие што непрописно ќе се престројат или нема да пропуштат пешак. Kако и во големите европски метрополи и овде казната за несовесните возачи што ќе бидат фатени од камерата ќе им стигнува на домашна адреса.

- Над сто позиции во главниот град се покриени со овие безбедносни камери, а на дел од позициите се поставени камери со можност да снимаат најситни детали. Ниеден сообраќаен прекршок нема да ~ побегне на камерата - велат во МВР.

Снимките како доказ

Овие камери последниве неколку месеци биле тестирани и поврзани во еден единствен мониторинг-систем. Првата фаза од проектот беше спроведена во 2009 година, кога камерите беа набавени. Потоа требаше да се набави софтвер со кој тие не само што ќе се стават во функција туку и ќе се поврзат во единствен систем. Проектот беше одложен, а од МВР тврдеа дека процесот е во застој поради економската криза.

Електронското набљудување ќе се врши во оперативниот центар на МВР. Се очекува таму да се собираат сите податоци, на пример, во случај на сообраќајка ќе се обезбедат видеозапис и фотографија.

Од полицијата велат дека на снимката ќе се види кој е виновникот, а надлежните во оперативниот центар ќе може навреме да ја алармираат и итната медицинска помош.

- Со камерите ќе можеме да реагираме и за брзо решавање на сообраќајниот хаос што се случува во определени периоди од денот и ќе регистрираме неправилности во сообраќајот - велат во МВР и додаваат дека снимките ќе послужат и како доказен материјал за прекршоци или кривични дела што не се поврзани со сообраќајот.

Kамерите ќе се користат и за анализа на густината на сообраќајот во одредени денови и во одредени периоди од денот. Потоа преку анализата ќе може да се усогласи протокот на моторни возила, ќе се штелуваат семафорите за да се усогласат во таканаречен зелен бран.

Експертите предупредуваат дека камерите ќе помогнат да се скрати за четвртина времето потребно за патување од едно до друго место во главниот град со што би се намалила и потрошувачката на гориво кај моторните возила.

Според Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, полицијата е овластена да снима на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци во сообраќајот. Снимањето може да се врши и со посебни возила на МВР опремени со посебни уреди. Снимените материјали се чуваат во полиција шест месеци, по што се уништуваат, освен материјалот што претставува доказ во кривична или прекршочна постапка. (А.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6E36FFA56A0D374E9026858EF80F172A

Ај на здравје, од денес внимателно возење низ градов оти - ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ ГЛЕДА....
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
го одраа народов лебот од уста му го земаа веќе .... мада и во скопје кога одам мислам монте карло сум со 150 минат за да не чекаат на црвено
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Јас платив мито на полицаец бидејќи сум поминал на црвено како што "видел" он, а за волја на вистината беше зелено на 2 секунди пред да смени семафорот. Да имаше камера тогаш ќе немав гајле!
И да имаше у тој случај, немаше да работи, if you know what I mean :D
 
F

FARANG

Гостин
Trebase i porano. Mora da se vovede red. Vo skopje koga doagam veke ne se zamaram ni da vozam site se ponasaat ko kaubojci. Posle istanbul i do nekade atina daleku najloso mesto vo evropa za vozenje samo radi toa sto nikoj ne ebe ziva sila. Pa majko mu u azija ima mestoa kade sto se vozi podobro i kade sto sekoj pocituva pravila. Se nadevam deka ke DERAT i deka ke nemaat milost. Narodot brzo ke "nauci" kako se vozi i za godina dve site ke pocneme da gi gledame beneficiite od ovaa odluka. Ova konecno se nadevam ke gi namali i zrtvite na ulicite. Proverete si statistiki luge vo MKD se gine poveke nego li vo Avstralija koja ima 22mil narod. Katastrofi sme
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Тие што возат како каубојци возат така пошо некој им штити грб, им кине пријави. Ќе си продужат така да се понашаат како градот да е на татко им. Ќе плаќа обичниот граѓанин што закаснил милисекунда наместо жолто на црвено поради тоа што се брзал за на работа затоа што заглавил кога го носеле Грујо на работа. Позната приказна.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Trebase i porano. Mora da se vovede red. Vo skopje koga doagam veke ne se zamaram ni da vozam site se ponasaat ko kaubojci. Posle istanbul i do nekade atina daleku najloso mesto vo evropa za vozenje samo radi toa sto nikoj ne ebe ziva sila. Pa majko mu u azija ima mestoa kade sto se vozi podobro i kade sto sekoj pocituva pravila. Se nadevam deka ke DERAT i deka ke nemaat milost. Narodot brzo ke "nauci" kako se vozi i za godina dve site ke pocneme da gi gledame beneficiite od ovaa odluka. Ova konecno se nadevam ke gi namali i zrtvite na ulicite. Proverete si statistiki luge vo MKD se gine poveke nego li vo Avstralija koja ima 22mil narod. Katastrofi sme
Баш кажуваа еднаш на телевизија за тоа колку се гине на македонскиве патишта и статистиката беше стварно поразителна. Катастрофа. Ама ипак, не гинат толку по градовите. Повеќето гинат на автопати и магистрални патишта. Таму можда треба да стават камери.

Како и да е, ја поддржувам одлуката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom