Рутинска победа над Пелистер!
ВАРДАР-Пелистер 46-36!
Натпревар без многу незивесност. Од почетокот се играше без многу голем напор во одбраната
Доволно е да се каже дека Тосевски немаше ниту една одбрана во првите 22 минути и сите напади дотогаш ги реализиравме. После влезе резервниот голман и фати некои топки.
Цело време ја зголемувавме предноста. Собол крадеше топки и го полнеше противничкиот гол. Додер им ја кинеше мрежата на почетокот, потоа и Петриќ се разигра.
Голема тромавост кај екипата на пелистер се гледа дека се луѓе во години
Незнам само како издржаа цел меч да играат со една иста петорка.
Тосковски (кој беше заменет и не влезе до крај), Марковски, Чурлевски, Чантурија, Везенковски (мислам дек он беше 10-ка), Недановски и пикерот немам поим кој им беше...
Чантурија беше единствена светла точка во нивниот состав, сигурно над 10 гола постигна
Го следев Чурлевски. Слабо одигра дур функционираа одбраните. Пробуваше да влезе, ама слабо. Прв пат шутна негде кај 20-тата минута. После во второ полувреме се играше без одбрани па може даде некој гол.
Требаше да им дадеме 50 гола, ама на крајот се заебаваа наѓиве се курцаа уткаа зицери и контри...
Исто дозволивме да ни направат 2-3 цепелини
Како што кажав рутински меч со победа на нашите најголеми ривали во меч кој се одигра во солидна атмосфера со навивање во сите 60 минути од Комбат а на моменти се вклуичуваа и останатите кои седеа на другата трибина
Имаше околу 150 гледачи, притоа немше младински екипи и роднини на трибините туку воглавно беа обични фанови, добар дел Комити како обични фанови на ракомет и дечките од Комбат
Забавно е вака да се оди, нема да повторам дека се надевам ќе се вратиме од идна година. Мада мечевиве немаат некој шмек, чисто за забава
Тука беше и Ракчевиќ кој уште еднаш потврди дека нема да ја изгуби љубовта кон Вардар, како и Драгана Пецевска... уффф