Книга што не сте ја сфатиле?

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Замисли...Малиот Принц...се утепа од мистерија...
А сега одкако пораснав,ако книга не ми влезе во памет од прва или ако не ми е интересна не ја ни листам понатака...
 
Член од
6 февруари 2012
Мислења
17
Поени од реакции
9
Јас имам теорија дека најдобрите книги се книги кај што се ти е јасно, ама никогаш не можеш да кажеш дека си ги сфатил :) Ама да не филозофирам, мислам дека Галебот Џонатан Ливингстон многу ја потценив кога ја читав како лектира во средно. Додуша, сигурно еден куп книги да земам сега да ги читам сосема поинаку ќе ги доживеам.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
„За кого бијат камбаните“.
Се обидував и тоа не еднаш да ја читам во основно, и никако не стигнав од 40 стрна понатаму. Не дека не беше разбирлива, туку ми беше смртно досадна.
За жал, тоа придонесе до ден денес да не го сакам Хемингвеј.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Малиот Принц... никогаш не ја разбрав, само знам дека ептен ми беше тешко додека ја читав.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
35 мај пред 15 години.
Ја обожавав оваа книга. Убаво што ме потсети на неа. Да ја најдам и сега би ја читала.

Он Топик. Малиот принц ме изнамачи, најмалото книжуле кое најмногу ме измачило, мислам дека ги мерев тоа зборовите во секој можен конктекст.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- „ Резултат“ од Кочо Рацин
не да не сум го сфатил, се враќа ли времето
како сега да е пишувано тоа не сфаќам
а пишувано е 1928 година
таква ни е состојбата и сега........(еве дел)

“ Зошто меѓу мас има робови и господари-со помош не еден нечовечки предмет; Парите ?
Културата во рацете на господари и богаташи-само е инструмент за создавање на нивното богатство.За нив културата е - Експлотација. И само тогаш кога културата ќе биде во рацете на оние што работат,- само тогаш културата ќе биде човечка !...
Оние што работат? Милионите? Да!..Кога тие што го создаваат светот ќе бидат достојно наградени за својот труд,кога ќе исчезне експлотацијата и исползувањето,тогаш луѓето ќе бидат браќа помеѓу себе, а
културата - култура.!
..Итака полека марширав кон Спознанието...
И доколку оно се повеќе се вкоренуваше во мене,трудот,под условите во кој реботам,ми се чини непродуктивен и штетен за мене,зошто чистата печалба е за мојот господар,а со тоа тој и ме прави роб.
И ми се чини дека работата за рушењето на овие услови е многу попродуктивна одошто работата под нив, зошто сметам дека таа работа по ништо не се разликува од животинската работа, и дека само тогаш, кога ќе ги снема нив - работата за човека ќе биде благосов,усмевка и целивка на Природата за неговиот труд! А дотогаш...дотогаш рушењето е попродуктивно.
...Тоа ми е последниот Резултат.“
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Глеам повеќето ја спомнуваат Малиот Принц.
Само да се јавам, дека и јас спаѓам во јатото.

Истотака Алиса во земјата на чудата. Фантазија и се` ај во ред, има секаде. Ама баш овде не ја сфаќам нејзината поента.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Истотака Алиса во земјата на чудата. Фантазија и се` ај во ред, има секаде. Ама баш овде не ја сфаќам нејзината поента.
Зошто бараш поента во трипи дело?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Зошто бараш поента во трипи дело?
Јабеш му матер, се водам на разумот и логиката. Чат пат на сетилата. :icon_lol:
Рецимо Петар Пан има нешо поука - две. Ама ова?
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Јабеш му матер, се водам на разумот и логиката. Чат пат на сетилата. :icon_lol:
Рецимо Петар Пан има нешо поука - две. Ама ова?
Aко бараш секое дело да има поента тогаш пропушташ доста добри дела.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Aко бараш секое дело да има поента тогаш пропушташ доста добри дела.
Не бе, уживам коа читам и коа има некаков тек приказната. Еве и Свила од Барико ја читав одамна, чудна е, но уживав во секој пишан збор.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Не бе, уживам коа читам и коа има некаков тек приказната. Еве и Свила од Барико ја читав одамна, чудна е, но уживав во секој пишан збор.
Ама претходно спомна дека бараш поука/поента за да ти биде книгата по мерак.Може некоја книга да биде онака хаотична па да биде супер за читање и само бара go with the flow.

Па,секој со својот вкус.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ама претходно спомна дека бараш поука/поента за да ти биде книгата по мерак.Може некоја книга да биде онака хаотична па да биде супер за читање и само бара go with the flow.

Па,секој со својот вкус.
Сепак, секоја книга треба да има premise.
 
Член од
29 ноември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
Za site onie shto ne ja sfatile maliot princ - knigata razlichno se sfakja zavisno na koja vozrast ste ja prochitale. Jas ja preprochituvam sekoi 4-5 godnin, i sekoj pat i' naogjam neshto novo (shto obichno me trognuva do solzi). Posledniot pat ja sfatif ljubovnata prikazna megju Princot i Ruzhata. A ushte od prvoto chitanje (6 ili 7 godini mislam) mi beshe jasno deka avtorot probuva da opishe na najednostaven nachin nekoi bessmilsleni odnesuvanja na "vozrasnite".

Alisa vo zemjata na chudata isto taka ne e neshto teshko chetivo za varenje ako se trgne od faktot deka Lewis Carroll bil na apsint koga ja pishuval. Ama ima isto taka odlichni delovi kade shto avtorot se ruga na nekoi gluposti od sekojdnevieto - krvavata diktatura na crvenata kralica, trkata vo krug shto nema ni pochetok ni kraj. Sepak, na krajot sè izleguva deka e samo son, shto e odlichen izgovor za sè shto se sluchuva prethodno.

Kniga, ili potochno avtor shto ne mozham da go sfatam seushte e Virginia Woolf. Tochno e deka i taa ne bila bash pri zdrav razum koga pishuvala, ama nekako ne mozham da se identifikuvam so nejzinoto ludilo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom