AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Зависи од која држава е и какво осигурување има. Во принцип, некои држави имаат склучено договор со Македонија со кој се третираат како македонски осигуреници, но за тоа е потребно да има таков формулар заверен во матичната држава.Ај да прашам, знае ли некој која е процедурата за странски државјанин да се провери кај нас во болница? Пример, да провери крвна слика?
И уште нешто, ситни, црвени точки распространети на раце и гради? Гуглав малку, наидов на име „петехии“, ама ова не ми изгледа како такво. Недостаток на некој витамин можеби?
Доколку нема такво осигурување, ќе мора да плати. Дури и да има патничко, тоа функционира на принцип на рефундирање, значи пак ќе мора да плати, па после да бара да му ги вратат парите од осигурителната компанија.
Ваква беше процедурата порано, сега треба да се провери во некоја од болниците.
Тие ситни црвени точки можно е да се петехии. Петехиите се прснати ситни крвни садови на површината на кожата. Дали се како да е испрскана кожата со нешто, само како боја, или имаат и некаква текстура (издигнати, вдлабнати, рапави)?