Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Не се сложувам за Соколов дека можеби како плеј не може против европскиве репрезентации али го има шутот за 3 од страна.На европското беше ставан неколку пати колку да шутне само за 3 дека не бранеа тие што играа против нас таму а само он и Војдан шутираа од таа позиција.

Исто така не ги заборавајте и тие од америка што сакаа да играат за репрезентацијаа.Тие ги финансирале припремите за репрезентациајта во Америка и искрено ќе имаме многу добри припреми па најверојатно ќе земат еден колку на клупа да седи ( не е фер али сепак даваат доста пари )

На турнир во Литванија,турнир во Канада,во Америка со некој колеџ тимови па Порторико недела ипол да се навикнеле на климата па во венецуела на квалификациските.Исто така ако пак го земат тој кондициониот тренер од Италија и почнат со него месец дена од напред на квалификациските ќе можат по 60 минути секој да изигра.
Ако тоа го направат да земат некој со сила ќе завршат како ракометариве они ги изградија овој тим во овој тим има неоја хемија сите се заедно другари со секое вакво вклучување ќе видите дека ќе почне да се нарушува атмосверата во тимот и ќе почнат салби резултати и ќе ни отиде све во неповрат треба на тие да им се каже ако сакаат да финансираат добро ако не немораат неможе да поставуваат такви услови ми е гајле мене за некој си Мајк Зафировски кој им служи во тимот кај што игра за да носи вода и крпи и вкупно во неогвата кариера нема изиграно еден цел наптеравар
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Мислам дека Чековски треба да го тргнат, барем сега ако Николовски и Трајковски се повикаат. Исто така и Соколов, дрво невидено станал, Димчевски треба да го заземе неговото место и да добива повеќе шанса, а Симоновски е добар шутер. Се надевам дека ќе има повеќе ротации и нема Илиевски да е 39 мин просек на терен.
Не може Чеховски да го тргнеш,треба сам да му текне и дека каже дека не е на ниво.Вака ќе испадне ај корисен беше до сега а сега излегувај.

Али сепак најдобро е кога ќе ги завршат припремите да си бидат реални и тие што не се на ниво да не играат во Венецуела.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Чековски може не би бил корисен многу во нападот али затоа во одбрана би бил каде каде по корисен од Бојан Трајковски, затоа и мислам дека ќе го остават во репрезентацијава.
А овој Зафировски нека си брка работа, прво треба да се докаже па да се земе во репрезентација а не тренирал во Америка ( значи тренирал не ИГРАЛ) и бап во репрезентација, такви татини и мамини синови не ни требаат.
 
L

Löwe

Гостин

+1,
Чековски знае да пукни тројки некогаш, а подобар од него во одбрана нема.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
440
Поени од реакции
93
Не гледајте само во напад како игра играчот. Чековски како играч е потребен како сол во репрезентација. Toj ја врши таа "црна работа" во одбраната. Се бутка под кош, скокови знае да има, во одбрана тврдо игра и ред други работи. Тоа што ке погоди во напад е само бонус од него :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Чековски може не би бил корисен многу во нападот али затоа во одбрана би бил каде каде по корисен од Бојан Трајковски, затоа и мислам дека ќе го остават во репрезентацијава.
А овој Зафировски нека си брка работа, прво треба да се докаже па да се земе во репрезентација а не тренирал во Америка ( значи тренирал не ИГРАЛ) и бап во репрезентација, такви татини и мамини синови не ни требаат.
Па кој кажа дека тој ќе игра, ќе го земат само да се пошутка лево десно со репрезентацијата :D Само да не испадне некоја ѕверотиња, не мора ништо да значи тоа што не игра :pos:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Па кој кажа дека тој ќе игра, ќе го земат само да се пошутка лево десно со репрезентацијата :D Само да не испадне некоја ѕверотиња, не мора ништо да значи тоа што не игра :pos:
Па не пишав да игра туку воопшто да се најде на список. :)
Има многу други кошаркари што заслужуваат шанса пред него.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Ја се кладам дека поише пратам и разбирам поло или карлинг отколку експертите за баскет на темава шо мислат дека Ристе Стефанов би требало да биде земен за престојните квалификации.
 
Па реално Ристе има катастрофална сезона ама не заборавај он е заедно со овие репрезентативци од почетокот и многу полесно ќе се уклопи во репрезентацијата од било кој друг и ние може што сакаме да збориме да кажуваме кој треба кој не треба у репрезентација ама составот ќе си го одреди селекторот така да сега само нагаѓаме кој ќе бидат приклучени
 
Ристе сезонава смени 2 клуба и во двата имаше очаен просек. Во Грција падна на допинг-тест, лани во италијанска втора лига лажирал повреда и лапал пари. И сакаш да ми кажеш дека оваа пичка со муда колку зрно грашок ќе се уклопи добро у репрезентација? Јасно е ко ден дека више не му се игра и сака да извлече што повеќе пари каде и да игра. Во моментов Димчевски гнасана во она кое вие го спомнувате ко најбоље оружје на Ристе (шут за три) е Реџи Милер.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Почнаа да паничат со ОИ и за кошаркарите, ми е страв и кај нив да не излезат со многу притисок на терен.Македонски новинари :sick:
Фалангата со порака до кошаркарите: Дечки, барем вие остварете ни го олимпискиот сон!

09
АПР 2012​
12:40​

Неуспешниот обид да дојдат до виза за настан на Летните олимписки игри (ЛОИ) на ракометната и на ватерполо-репрезентацијата на Македонија предизвика огромно разочарување кај спортската јавност, која сиот свој интерес и енергија сега ги насочува кон кошаркарите, кои останаа нивна единствена надеж дека нашата држава за првпат во историјата ќе има олимписки претставник во некој од колективните спортови.

Леле луѓе што направивме: Владо Илиевски
Ватерполистите дојдоа до последното скалило на турнирот во канадски Едмонтон каде што завршија како шести додека олимписка виза обезбедија четирите првопласирано. Македонските делфини дојдоа до четвртфинална пресметка со Шпанија, која ако ја мине ќе се најдеа во Лондон, но, за жал, тоа не се случи. Ракометарите, пак, во шведски Гетеборг беа далеку од олимписката виза со оглед на тоа што завршија последни во конкуренција на Шведска, Унгарија и на Бразил.
Последни што ќе се обидат да го остварат олимпискиот сон на македонската навивачка фаланга, која изминативе три години е вистински хит во светски рамки со оглед на нивната бројност, фанатичност и желба да се помогне на спортистите без разлика каде што настапуваат, се кошаркарските репрезентативци, кои на почетокот од јули во Венецуела ќе бидат дел од квалификацискиот турнир. Вчера, на социјалните мрежи, можеше да се видат голем број коментари со пораки до кошаркарите.
„Дечки, барем вие остварете ни го олимпискиот сон. Веруваме во вас“, беше еден од многуте коментари.
На квалификацискиот турнир во Јужна Америка ќе се појават 12 селекции поделени во четири групи во прелиминарната фаза од кои само три ќе го обезбедат билетот за ЛОИ во Лондон. Жолто-црвените се во група со Нов Зеланд и Ангола од која во следниот ќе се најдат двете најдобри екипи, кои во четврт-финалето ќе се вкрстат со најдобрите од групата Ц меѓу кои најверојатно ќе се најдат Русија и Доминиканска Република.
Победата во овој круг би ни донел пласман во полуфиналето каде што потенцијални ривали би ни биле Литванија, Грција или Порторико, кои се најсилни во тој дел од квалификацискиот костур. Евентуалниот полуфинален пораз не би бил крај бидејќи би играле финален дуел, кој нормално би бил за пласман на третата позиција, со поразениот од второто полуфинале.

Ќе слави ли Мекејлеб вака и по квалификациите во Венецуела?
„Притисокот што досега постоеше сега е драстично поголем. Ако досега носевме товар од 300 килограми сега тој е тежок три тона. Мора да сфатиме дека шансите ни се 50-50, или ќе се пласираме или нема, трета опција не постои. Мотивот е тука, можеби по неуспехот на ракометарите и на ватерполистите тој е уште поголем. Мораме да извадиме поука од нивните настапи и да ги увидиме нивните грешки. Знам само дека ќе одиграме максимално храбро и дека ќе сториме се Македонија во Лондон да има спортисти што на теренот се избориле за олимписка виза“, ни изјави Марјан Лазовски, селекторот на кошаркарската репрезентација.
Лазовски не смета дека ракометарите и ватерполистите биле неуспешни. Напротив, според него, самото учество во квалификациите е успех сам по себе.
„Наш најголем проблем е немањето искуство од настапи на натпреварување од ваква важност. Погледнете што имаат зад себе една Шведска и Унгарија во ракомет, односно Шпанија во ватерполо. Тие со години наназад акумулирале знаење како се игра на вакви важни турнири. Нам ни е потребен континуитет на успеси, ако годинава не се пласираме следниот пат повторно да бидеме во можност да извадиме олимписка виза. Ова не смее да биде повремен блесок туку правило. Само така ќе може да дојдеме до тоа што го сакаме“, дополнува македонскиот селектор.
Ракометарите во Шведска имаа огромна поддршка од навивачите исто како и кошаркарите на ланското Европско првенство (ЕП) во Литванија каде што завршија како четврти. Во јули во Венецуела тешко е да се очекува поголемо присуство на македонската фаланга. Според Лазовски, тоа нема да биде голем проблем.
„Факт е дека навивачите се шести играч на секој тим. Добро е да ги имаш во што е можно поголем број на своја страна. Тоа носи дополнителен притисок, но ако сакаш да си врвен спортист, мора да го издржиш. Далечината до Венецуела најверојатно ќе биде причина што нема да имаме голема поддршка во Каракас. Но, и пет навивачи на трибините со македонски обележја ќе ни бидат доволни за да знаеме дека е некој зад нас и во Јужна Америка, но и дома во Македонија“, завршува Лазовски.
Игор Крстевски

И да, Ристе Стефанов не одигра ништо оваа сезона за да го викнат во репрезентација.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Највише што ме плаши е селекторскиот тандем, не до толку Лазовски зашто се виде на неколкуте утакмици на Работнички им го извлекуваше максимумот, но, тука е Србо-рипачот :pos:, со неговите тактики ако може да се кажат, т.е јас пре би ги нарекол експерименти. Лазовски му водеше евиденција на Докузовски за секој играч, и се надевам дека научил нешто. Али крај краева, ни останува да се молиме на Бо да му крене, па и на другите потоа. Е сеа баш ме интересира списокот шо ќе го склопат, замена за Мираковски по мое би требало да биде Самарџиев или Огнен, а другите скоро исто ќе бидат.
Јули ќе биде уште пожешко одколку шо се очекува! :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.830
И јас највеќе стравувам од селекторскиот тандем :icon_mrgr:
Не дека во Марин имав којзнае каква доверба, ама...
Како замена за Мираковски сметам дека шанса заслужува Караџовски. Според мене ниту Самарџиев ниту Огнен не играат на повисоко ниво од него сезонава (па и ланската да а земеме во предвид).
Мада не се сомневам дека кого и да го земат нема којзнае колку да се изнаигра.
Познавајќи ги нашите стратези, цело време со една иста петорка ќе играме.
Според мене наместо Чековски во репрезентација веќе подолго време шанса треба да добие Бојан Трајковски.
Годинава Соколов игра на многу лошо ниво, и којзнае дали заслужува шанса во репрезентација. За Ристе Стефанов да не правиме ни муабет....
НИКАКО!
Двајцата џокери од претходното првенство играат во солидна форма сезонава.
Незнам колку точно играчи смееме да земаме. Се надевам дека сите кои ќе отидат ќе добијат шанса, а не да бидат само статисти.

Реално зацементирано место според мене имаат:
Гече, Бо, Самарџиски, Војдан, Дамјан, Владо и Кире Николовски
За останати места според мене треба да се бира меѓу:
Кире Николовски, Бојан Трајковски, Караџовски, Димчевски, Чековски, Соколов па дури и Димче Тасовски :D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Реално зацементирано место според мене имаат:
Гече, Бо, Самарџиски, Војдан, Дамјан, Владо и Кире Николовски
За останати места според мене треба да се бира меѓу:
Кире Николовски, Бојан Трајковски, Караџовски, Димчевски, Чековски, Соколов па дури и Димче Тасовски :D
Си утнал бе сигурно си мислел на Перо ама и Кире има зациментирано место значи ако биде како на европското ќе може 12 кошаркари ама можно е да бидат и 14 пошо и европското до пред ова беше со 14 ама заради смалување на тошковите само 12 донесоа одлука да може да се носат значи ако бидат 12 остануваат 4 места и ќе има тешка конкуренција за тие 4 места Трајковски и Чековски веројатно ќе се борат за тоа уште едно место под кошот а остантие три места ќе бидат за играчи од надворешните позиции еа тука ќе бидат во конкуренција Димчевски,Соколов,Ристе,Огнен Стојановски,Караџовски,Симоновски можда и ќе се викне на пдоготовките и Мираковски ќе биде интересно летоска
 
DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Поголема клупа подобро за нас. Би сакал да се направи со Русија еден 2 контролни меча со нив.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.830
Си утнал бе сигурно си мислел на Перо ама и Кире има зациментирано место значи ако биде како на европското ќе може 12 кошаркари ама можно е да бидат и 14 пошо и европското до пред ова беше со 14 ама заради смалување на тошковите само 12 донесоа одлука да може да се носат значи ако бидат 12 остануваат 4 места и ќе има тешка конкуренција за тие 4 места Трајковски и Чековски веројатно ќе се борат за тоа уште едно место под кошот а остантие три места ќе бидат за играчи од надворешните позиции еа тука ќе бидат во конкуренција Димчевски,Соколов,Ристе,Огнен Стојановски,Караџовски,Симоновски можда и ќе се викне на пдоготовките и Мираковски ќе биде интересно летоска
Го завораив Антиќ :pos:
Додади го само на листата :icon_mrgr:
Според мене Кире треба да има истотака загарантирано место :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom