Wot, на Милан не му требаше победа. Милан не стапна на Камп Ноу за да брка победа, доволно беше и нерешено. Така да тие 10 проценти посед се сосема разбирливи при резултат 1-1, или еве 2-2.
Добро, можеби во ситуацијава им одговараше, ипак малце со подбив го напишав потенцираното дека можеби постот ми беше ориентиран стриктно околу вечерашниот натпревар. Ама кога веќе паднавме на ниво на мали деца и идни психотерапевти со оправдувањата како психички колапси при досудениот пенал, кој нападот на Милан не треба ригорозно да го тангира, освен да го потсети дека имаат и тие некоја работа, па да се помачат да издркат еден успешен пас, да постигнат гол - дека поседот не е само фиктивна бројка, туку збори општо за играта, па по некоја пластична логика, поголем посед - поголеми шанси за гол.
Ама да се навратиме на детските аспирации за кариера во дијагностицирање на колективниот ум на фудбалерите, можеби Милан имаат преголемо его да вадат нерешени резултати и беа фокусирани стриктно кон победа со ризик за пораз.
Си го ладам, пер. Милан ги почитувам или почитував, незнам, многу. Ама овој Боатенг ми го сруши мислењето.
Нефер игра секогаш ќе има, дали поради глумци, судии, тренери.. жалам што ова е крајот за Милан, искрено, дека покрај Базел и останатите, е еден од тимовите кои заслужено и би посакувал да ги гледам во полуфиналиња и финалиња, но што е тука е, оти ако се водиме по древните и мудри муабети кои кружат околу фудбалот со децении, нека подобриот победи, или отиде понатаму ако збориме за оваа сезона. А сите факти собрани, Барселона беше подобра и оди понатаму.