Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Прекрасни коски - Алис Себолд
Приказна за Сузи девојче кое е убиено кога имала само 14 години и која од рајот ја раскажува целата приказна од нејзина гледна точка.
Прекрасна книга која те тера да не ја пуштиш од раце и да продолжиш да читаш.

Книгата не сум ја читала- го гледав филмот. Досега немам видено толку добар филм на таква мачна тема. Ќе ја ставам на листат за книгите на лето.

http://www.youtube.com/watch?v=jvWXV-c2hWo
 
Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски.

Биографија на Адолфина - една од сестрите на големиот научник. Помалку ексцентрично се опишува тогашниот живот во семејството Фројд, полно со бизарност и трагедија. Воедно добар опис и еден вид на исмејување на психолошката слик на самиот Сигмунд. Одлична книга, во еден здив прочитана.
 
„Руски прозор“ од Драган Великиќ.
http://www.b92.net/kultura/moj_ugao.php?nav_category=559&yyyy=2008&mm=02&nav_id=283521

Книгата е преведена и на македонски, ама никако не можам д авидам кој е преведувачот. Во книгите преведени на хрватски, има не само белешка за писателот, туку и белешка за преведувачот.
 
,, Папокот на Светот ‘‘ - Венко Андоновски.
Доста тешка книга за мене и ме заморува психички, иако работите кои ги пишува внатре изгледаат прости и навидум е исто како и една приказна има многу повеќе од тоа. Ако мислите не ти се при себе нема ништо да придобиеш од книгата. Можеби и затоа не сум ни до пола, а ја читам веќе еден месец..
 
Ф.Кафка - Америка, се запознавам со Карл Росман и неговото пристигнување во Америка. Од ова што го прочитав ме очекува екстра книга.
 
Решив преку лето да се вратам во времето и да се занимавам со книгите од средно што не ми се прочитани. Колку време помина? Ах, што све сум испуштил. Не е лошо нешто и да се препрочита повторно.


Прва на список ми е „Страдањата на младиот Вертер“ од Јохан Волфганг фон Гете. Вонвременски класик. Како само наежува додека ја читаш. Мрачна приказна за една романтичарска душа и неостварлива љубов. Единствено книга што секој мора да ја прочита! Ми е жал само што неможам да уживам во неа читајќи го оригиналот на германски јазик. Преводот на македонски што јас го имам е прилично лош. Издание на Македонска мисла од 1989 година, преполно со србизми и лошо вклопени реченици.

Продолжувам со Кандид од Волтер.
 
Страдањата на младиот Вертер, Ј.В ГЕТЕ,
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=553

Прва на список ми е „Страдањата на младиот Вертер“ од Јохан Волфганг фон Гете. Вонвременски класик. Како само наежува додека ја читаш. Мрачна приказна за една романтичарска душа и неостварлива љубов. Единствено книга што секој мора да ја прочита! Ми е жал само што неможам да уживам во неа читајќи го оригиналот на германски јазик. Преводот на македонски што јас го имам е прилично лош. Издание на Македонска мисла од 1989 година, преполно со србизми и лошо вклопени реченици.
 
Моментално ја читам „Патеки на славата“ од Џефри Арчер, во која се раскажува за првиот обид за искачување на Хималаите. Инаку романот е заснован на вистинска приказна, се работи за двајцата први планинари, кои се обиделе да дојдат до Монт Еверест, Џорџ Малори и Ендру Ирвин. Во него, повеќе се следи животот на Џорџ, од неговото детство, колеџот, професорската кариера, па до Првата светска војна, до каде сум дојден. Книгата е супер, интересна приказна, каква одамна немам читано, притоа дознав нови работи, бидејќи воопшто не бев запознат дека Британците правеле обид да се искачат први на Монт Еверест. За разлика од добрата содржина во книгата, самиот превод е невозможен, со многу грешки, а за транскрипција на определени имиња, очигледно преведувачот не слушнал или не знаел како. Како му дошло, така и запишал.
 
Даблинци од Џејмс Џојс.

Колекција од кратки приказни кои раскажуваат за животот на обичниот човек во Даблин на крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Иако ликовите од приказните не се познаваат, тие се поврзани преку градот во кој живеат. Нивните животни мигови, и среќни и несреќни, се одраз на Ирска, земја која се бори за својот идентитет и која е уназадена (според Џојс) од строгите религиски норми и закоравената традиција. Џојс во приказните нуди свое видување на комплексната општествена структура, занимавајќи се со теми како: осаменост, насилство, разочарување, смрт. Омилени приказни: „The Dead“, „Araby“ и „A Little Cloud“.

Препорака: во никој случај да не се чита македонското издание, бидејќи преводот е катастрофа.
 
Моментално ја читам книгата Запишано во коска од Сајмон Бекет. http://www.goodreads.com/book/show/1328721.Written_in_Bone . Многу напната книга која не ти дава да ја оставиш. Нешто слично како серискиот филм Коски за форензичарските истражувања. И секако, ниеден филм не може да ја долови атмосферата на случувањата, напнатоста и неизвесноста како добра книга... Задолжително прочитајте!
 
Одамна на сум прочитал некоја книга па решив да седнам и да ги читам оние на Џорџ Мартин. Song of Ice and Fire, Clash of Swords понатаму знаете како идат по ред.... Ама многу е заебано бидејќи ги нема сеуште на Македонски а плус и на компјутер ги читам во PDF формат.....

Ама и покрај се можам да кажам дека човеков е ЅВЕР!
 
Осаменоста на простите броеви-Паоло Џордано
Интересна книга за двајца млади (со тажни животни приказни) кои ќе се спојат заедно и се толку поврзани како два прости броја која се разделени од парен... толку се блиску но никогаш доволно.
Решенијата се донесуваат за неколку секунди, а за нив се плаќа цел живот... (ова прво ми падна в око и решив да ја читнам)
 
Centurion, Sajmon Skerou,
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=9331

За оние кои читаат историски новели, уште една приказна за доживувањата на префектот Макрон и центурионот Катон.
Едно од неколкуте извонредни новели на Sajmon Skerou
 
Човекот кој го создаде Хитлер - Дејвид Луис

Краток бев со време до сега... Книгава ја имам веќе половина година и само ми собираше прашина. Не знам дали да ја квалифкувам како шпекулативна сторија или реална, посведочена приказна бидејќи само малку имам прочитано. Имено, станува збор за младоста на Хитлер во периодот при крајот на Првата Светска Војна, кога додека се наоѓал на борбеното поле доживува труење и напад на хистерија која го прави привремено слеп. Докторот кој се обидува да му помогне применува посебен метод со кој постојано му укажува на Хитлер како да го изгради својот цврст и самобендисан карактер... причина поради која Хитлер е несопирлив цели 12 години во Германија и целиот свет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom