Нов луд закон “Забрането сушење гаќи“

  • Креатор на темата Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување Време на започнување
Сега нареден е закон против продавање криви крастајци на пазар :facepalm:
Немој да мислиш дека нема да има таков закон по патот до ЕУ, колку што се сеќавам Меркел еднаш кажа дека целиот зеленчук треба да биде ист, по форма и боја.
 
Леле колку се креативни не ми се верува. Место да го покачат стандардот кај граѓаните тие носат вакви дебилни закони. Од пон. сите со мокри гаќи на работа :pos:
 
Во Германија исто така има ваков закон, не смее да се суши веш на балконите кои гледаат кон улица. Овде се почитува, кај нас којзнае (односно, нема шанса, за инает некој ќе ги закачи сигурно). А, покрај тоа што е баш грдо да се распостелат гаќи, нели и се замирисуваат од издувните гасови од главните улици секако?
Во германија секое „1.02“ семејство има машина за сушење на алишта, а ние имаме најевтин бензин. :D
 
Не ми се допаѓа ваков закон. Кому штети или пречи што некој суши гаќи или било што. Слободата на човекот е неограничена и може да се ограничи само ако тоа пречи на слободата на другите луѓе. Малограѓанско однесување е да се „ срамиме ’ од гаќи.
Вака испаѓа, не пречат зони и пајак - возила, туку пречат гаќи.
 
А ако гаќите гледаат накај прозорот од комшијата, да не треба оштета да му плаќам?

Со закониве ме провоцираат да ставам туш кабина на тераса.
 
Закон за сушење пиперки на балкон...у ствари нема више освен чат пат лукче. Луѓето научија да пазарат од Веро.
Суви пиперки се најхип детаљ, овде знаеш колку ги има по балкони :D А, гаќа нигде немам видено, дури на човек да му прифали домаќинска атмосфера со бела, домача гача, мушки маици и тегет чорапи што висат од балкон :(
 
Каснат овие, кај беа кога Цитро во 2010 го бранеше законов со аргументот дека мајка му гаќите не ги закачувала на тераса, бидејќи одамна се оние Европејци туку дома со татко му ги дувале, а кога се брзаат отвараат и промаја.
Во нормалните општества имаат машина за сушење, но ние немаме и плус струјата ни е скапа за ваков луксуз. Така да во законов има можност за заработка: Дувам веш по станови.
 
Ке мора одсега без гаки да шетам,па што и времево е топо:eek:
 
во гејлада и во Швајцарија се специјално градени зградите (простор во средина) за да можат да си ги сушат алиштата.
Инаку - глуп си е законов- ама ајт МОРА од некаде да почнат:icon_mrgr:
Најновите европски закони би требало да одат во склад со развитокот на дражавата.
Исто така и во склад со развитокот на културата, во која што патем сме тешко осакатени од бесконечната транзиција.
За нејзе е потребно време и пари. ) на пример ќе им требаат пари на луѓево да изградат втор балкон, да купат сушална и т.н и т.н....)
 
Гаќите на жица се само метафора за социо-културниот мозаик на Македонија. За оние кои се плашат од мокри гаќи: ич да не ви чуе, другари, сушете си гаќи на тераса и даље (и растегнете понекој пар дебели ѕиври, да заличи терасата шо се вика). Не само тоа, катапултирајте некој `ркул на улица, измочајте се домаќински у некој хаустор, и згазете некој спор пешак на раскрсница. После седнете со некого на кафе и ламентирајте како народов е стока и како никад нема да станеме Европа. Многу работи можат да се увезат, ама култура и цивилизираност не. Тие нешта се создаваат и негуваат.
 
Гаќите на жица се само метафора за социо-културниот мозаик на Македонија. За оние кои се плашат од мокри гаќи: ич да не ви чуе, другари, сушете си гаќи на тераса и даље (и растегнете понекој пар дебели ѕиври, да заличи терасата шо се вика). Не само тоа, `ркајте по улица, мочајте по хаустори, и газете пешаци као муви. После седнете со некого на кафе и мрчете како сме сељаци и како никад нема да станеме Европа, затоа што сме стока народ. Многу работи можат да се увезат, ама култура и цивилизираност не. Тие нешта се создаваат и негуваат.

Културата и Цивилизираноста не се купуваат и не се учат на 30/40/50/60 год. туку уште како мало дете треба некој(родителите) да те научат да се однесуваш како човек !
Но кај нас постарите генерации(баби и дедовци) се симнале пред 50/60 год. од некоја планина и дошле да живеат во град, па нормално дека и нивните деца ќе бидат планинари(со сфаќањата), а пак и внуците ќе им бидат исти марки !
Џабе што некој купил кола и изградил палата, кога културата му е 0, но култура не се купува !
Инаку веќе неколку години важи законот за забрането фрлање на отпад на улица, но факт е дека и понатака улициве ни се полни со секакво ѓубре и со кучешки фецес што најдобро ја одсликува ’’културата‘‘ на народов !
На пр. комшијата насабајле си го пушта кучето да шета по маало и после цела улица е полна со кучешки фецес, секое сабајле пред моја капија има по два-три купа кучешки :гомце: !
Башка и влегува по туѓи дворови, така да неретко може да се најдат и :гомце: пред сама влезна врата од куќа, па и под прозор ! :facepalm:
Колку и да се носат вакви(европски)закони, факт е дека никогаш реално нема да профункционираат на дело, само погледнете ги улиците и тротоарите и ќе видите купишта ѓубре и кучешки фецес, јас предлагам секој што чува куче, нека си го врзе во сопствениот двор, а не да го пушта да шета и дефецира по улици, тротоари и по туѓи дворови !
Никој не е должен секој ден да чисти туѓо ѓубре и кучешки :гомце: од туѓи кучиња, пред своја куќа и пред своја капија !
Не е поентата да казнуваш некого, со казнување мислам дека ништо не се постигнува, за инает уште повеќе ќе се фрла ѓубре по улиците, поентата е народот да се научи и стекне елементарно ниво на култура !
Инаку на владата баш и гајле за културата на народот и за чистотата, нејзе и се важни полнењата на буџетот, што повеќе закони = повеќе казни и повисоки казни = поголем буџет ! :facepalm:
 
баш како во Италија-
или само европски закони за земји кои не се членки на ЕУ

26840-212450-da55f7d3c517997e6a2813994c2298d2.jpg
 
баш како во Италија-
или само европски закони за земји кои не се членки на ЕУ

26840-212450-da55f7d3c517997e6a2813994c2298d2.jpg

Изгледа решиле нас Балканците(кои уште не сме во ЕУ влезени) со сила да не прават поголеми Европјани и од самите Европјани !
Истава оваа глетка како на оваа тераса во Италија, може често да се сретне и во соседна Грција, која исто така одамна е членка на ЕУ, ама знаете ако неможе да се удри по магарето, ќе се удри по самарот, а ние сме за жал токму самарот ! :facepalm:
Забрането сушење на алишта на сопствената тераса ! :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom