Гаќите на жица се само метафора за социо-културниот мозаик на Македонија. За оние кои се плашат од мокри гаќи: ич да не ви чуе, другари, сушете си гаќи на тераса и даље (и растегнете понекој пар дебели ѕиври, да заличи терасата шо се вика). Не само тоа, `ркајте по улица, мочајте по хаустори, и газете пешаци као муви. После седнете со некого на кафе и мрчете како сме сељаци и како никад нема да станеме Европа, затоа што сме стока народ. Многу работи можат да се увезат, ама култура и цивилизираност не. Тие нешта се создаваат и негуваат.
Културата и Цивилизираноста не се купуваат и не се учат на 30/40/50/60 год. туку уште како мало дете треба некој(родителите) да те научат да се однесуваш како човек !
Но кај нас постарите генерации(баби и дедовци) се симнале пред 50/60 год. од некоја планина и дошле да живеат во град, па нормално дека и нивните деца ќе бидат планинари(со сфаќањата), а пак и внуците ќе им бидат исти марки !
Џабе што некој купил кола и изградил палата, кога културата му е 0, но култура не се купува !
Инаку веќе неколку години важи законот за забрането фрлање на отпад на улица, но факт е дека и понатака улициве ни се полни со секакво ѓубре и со кучешки фецес што најдобро ја одсликува ’’културата‘‘ на народов !
На пр. комшијата насабајле си го пушта кучето да шета по маало и после цела улица е полна со кучешки фецес, секое сабајле пред моја капија има по два-три купа кучешки
!
Башка и влегува по туѓи дворови, така да неретко може да се најдат и
пред сама влезна врата од куќа, па и под прозор !
Колку и да се носат вакви(европски)закони, факт е дека никогаш реално нема да профункционираат на дело, само погледнете ги улиците и тротоарите и ќе видите купишта ѓубре и кучешки фецес, јас предлагам секој што чува куче, нека си го врзе во сопствениот двор, а не да го пушта да шета и дефецира по улици, тротоари и по туѓи дворови !
Никој не е должен секој ден да чисти туѓо ѓубре и кучешки
од туѓи кучиња, пред своја куќа и пред своја капија !
Не е поентата да казнуваш некого, со казнување мислам дека ништо не се постигнува, за инает уште повеќе ќе се фрла ѓубре по улиците, поентата е народот да се научи и стекне елементарно ниво на култура !
Инаку на владата баш и гајле за културата на народот и за чистотата, нејзе и се важни полнењата на буџетот, што повеќе закони = повеќе казни и повисоки казни = поголем буџет !