- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Така се станува народ со вакви закони.
Не „забрането сушење алишта“ Туку забрането сушење гаќи на место кое што е во видното поле на сите минувачи. Никој не сака да ти ја види гаќата кога ќе мине по улуца а богами ти си тој што најмалку терба да го сака тоа. Со сила некој култура ти дава а ти уште мислиш дека паметен излегуваш што плукаш на тоа. Не ми е јасно дали сме толку сељачка нација или едноставно има луѓе кои што имаат неопходност од дневна доза на кењање на ствари. Ама изгледа ќе да е ова второво затоа што на прсти се бројат коментарите на темава кои кажуваат зошто не би требало да се воведе законот или зошто би требало. Речиси сите што пишаа се обидуваат духовити да бидат и да испаднат познавачи на работите со тоа што ќе плукаат на нешто. Се плука на се што ќе се стаса пошто тоа кај нас е прифатливо однесување. Многу по „кул“ ќе бидеш ако мрчиш за нешто.Изгледа решиле нас Балканците(кои уште не сме во ЕУ влезени) со сила да не прават поголеми Европјани и од самите Европјани !
Истава оваа глетка како на оваа тераса во Италија, може често да се сретне и во соседна Грција, која исто така одамна е членка на ЕУ, ама знаете ако неможе да се удри по магарето, ќе се удри по самарот, а ние сме за жал токму самарот !
Забрането сушење на алишта на сопствената тераса !
Девојче кога ќе почнеш сама да се издржуваш во Македонија, тогаш пробај пишувај за култура.Не „забрането сушење алишта“ Туку забрането сушење гаќи на место кое што е во видното поле на сите минувачи. Никој не сака да ти ја види гаќата кога ќе мине по улуца а богами ти си тој што најмалку терба да го сака тоа. Со сила некој култура ти дава а ти уште мислиш дека паметен излегуваш што плукаш на тоа. Не ми е јасно дали сме толку сељачка нација или едноставно има луѓе кои што имаат неопходност од дневна доза на кењање на ствари. Ама изгледа ќе да е ова второво затоа што на прсти се бројат коментарите на темава кои кажуваат зошто не би требало да се воведе законот или зошто би требало. Речиси сите што пишаа се обидуваат духовити да бидат и да испаднат познавачи на работите со тоа што ќе плукаат на нешто. Се плука на се што ќе се стаса пошто тоа кај нас е прифатливо однесување. Многу по „кул“ ќе бидеш ако мрчиш за нешто.
Ќе бидеш бунтовник!!!
Уште ве лажат тоа комунистине!Гаќите на жица се само метафора за социо-културниот мозаик на Македонија. За оние кои се плашат од мокри гаќи: ич да не ви чуе, другари, сушете си гаќи на тераса и даље (и растегнете понекој пар дебели ѕиври, да заличи терасата шо се вика). Не само тоа, катапултирајте некој `ркул на улица, измочајте се домаќински у некој хаустор, и згазете некој спор пешак на раскрсница. После седнете со некого на кафе и ламентирајте како народов е стока и како никад нема да станеме Европа. Многу работи можат да се увезат, ама култура и цивилизираност не. Тие нешта се создаваат и негуваат.
Не се брукај... Човекот сакаше да каже тешко дека некогаш свеста и менталниот склоп ќе ни дојдат на европско ниво, а не дека чекаат гаќите дома да си ги сушиме па да не примат во ЕУ.Уште ве лажат тоа комунистине!
Абе друже ти озбилно мислиш дека гаките се причина што ти не можеш да влезеш во Еуууууу?
Абе ти ако сакаш гаките и на глава си ги закачи и така трчај по улица да се ветреат али додека не ги смениш името и идентитетот на државава во која живееш и со тоа да задоволиш некои изживувања на некои таму ти не влегуваш во таа твоја Еуууу без разлика дали си со гаки или не.
Исто така додека не се подигне стандардот на македонците ти пак не влегуваш во таа твоја посакувана Еууу, таму не сакаат голтари како нас, држава со повеке од третина невработено население. Ете затоа ти нема да влезеш во таа твоја ЕУ.
Поголема малограганштина немам видено.
Гаките биле криви.
Си кажа убаво човекот што сакаше да каже.Не се брукај... Човекот сакаше да каже тешко дека некогаш свеста и менталниот склоп ќе ни дојдат на европско ниво, а не дека чекаат гаќите дома да си ги сушиме па да не примат во ЕУ.
Со причина е донесен законот и немам ништо против, ама сепак треба да има некои други поприоритетни закони пред овој.
Таман си е сликата, гледаш гаќи на жицата..?баш како во Италија-
или само европски закони за земји кои не се членки на ЕУ
Верувај, ги знам добро економските услови во државава и ги имам осетено иако не се издржувам сама. Ако не сакаш да те репнат по џеб, едноставно не го прави тоа што е забрането. А добар дел од законите што се донесени би требало да бидат само формалност. Тебе не треба да ти забрани некој со закон да не плукаш по улица или да не ги развееш гаќите на тераса за сите да ги гледаат. И ги има секаде во светот и на никој тоа не му е ненормално туку го прифаќаат како такво.Девојче кога ќе почнеш сама да се издржуваш во Македонија, тогаш пробај пишувај за култура.
аааааа неее, си се излажал ако мислиш дека нема гаќиТаман си е сликата, гледаш гаќи на жицата..?
И не мислиш дека треба да профункционира прво тој закон фрлање ѓубре и плукање, отколку да гласаат вакви безвезни глупости од типот на даноци за опасни миленици и гаќи? Има толку многу реформи кои што треба да бидат изготвени и кои пред се би биле насочени кон намалување на буџетските трошоци, невработеноста, дефицитот и кои и се неопходни на оваа држава, а нив изгледа досадно им е на работа па со вакви работи се занимаваат.Верувај, ги знам добро економските услови во државава и ги имам осетено иако не се издржувам сама. Ако не сакаш да те репнат по џеб, едноставно не го прави тоа што е забрането. А добар дел од законите што се донесени би требало да бидат само формалност. Тебе не треба да ти забрани некој со закон да не плукаш по улица или да не ги развееш гаќите на тераса за сите да ги гледаат. И ги има секаде во светот и на никој тоа не му е ненормално туку го прифаќаат како такво.
Пред 7-8 години, уште кога го немаше законот за забрана за фрлање отпадоци имав една случка која сама за себе си зборуваше колку сме далеку ние од културата на цивилизираниот свет.
Шетав со братучетка ми и застанавме на мост да и објаснам нешто за градот. Таа јадеше некое чоколадо и како што беше потпрена на оградата од мостот несакајки ја испушти опаковката од чоколадата. Девојчето ќе се превртеше од мостот надоле за да ја фати опаковката да не падне долу. Кога јас и реков дека нема за што да се грижи и дека сите тоа го прават, таа прво ме погледна малку бледо и со неверување а пото ми одговори дека тоа не е правилно и дека би било многу нечисто ако сите го прават тоа. И така и беше. Беше нечисто. Одиш по главна улица и гледаш како си леткаат кесиња, етикети, се тркалаат шишиња... Зошто? Затоа што некој не можел да чека до најблиската корпа па го фрлил на патот.
Со гаќиве е уште по трагично. Некој треба да ни каже всушност дека не треба цел град да ни ги гледа гаќите. И ние згора на тоа го правиме ненормален.
Само ние овде најпаметни се најдовме па ќе мрчиме а како изговор си го земаме нискиот стандард.
Тебе треба пари да ти дадат за да имаш култура? Треба да имаш поголема плата за да имаш достоинство?
Стоката се учи со стап а човек очигледно се учи кога ќе го удриш по џеб.