Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Покрај економскиот фактор и ужасните услови тука е и психолошкиот момент...

Социјалната стигма која е креирана од системот и медиумите го прави своето.
Не е некоја мистерија дека секој систем креира карактерни структури кај рајата какви што се корисни за дадениот систем. Така и кај младите начинот на живот е само огледало во кое се рефлектираат вредностите кои даден систем ги продуцира.
И најзалутаниот меѓу залутаните студенти на најзабаталениот “колеџ“ е перцепиран дека има “посветла“ иднина од оној кој работи мануелна работа. Ако ништо повеќе има поголем шанса да земе книшка и да се “снајде“. Има поширок пат кон лижење на соодветни задници. Барем има некаква илузија за “интелектуална работна позиција“ која би траела некои 5-10 години додека студира нешто...
Затоа и не е чудна цифрата од 96% средношколци кои е запишуваат на факс. Кај многумина горенаведената ситуација е главен мотив. Кај некои не е главен но влијае.

Посебно ова е изразено меѓу женската популација. Посебно во периодот од животот во кој се градат сериозни врски. Посебно сегашната генерација. Тука игра мала улога некакво замислено интелектуално ниво бидејќи и оние девојки кои немаат дипломи или се на поскромно интелектуално/физичко ниво не се посебно расположени за физикалци и слични типови. Која би сакала да биде видена со градежник? Или да и каже на фамилија и родбина дека излегува со таков? Што ќе кажат другарките?
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Еве јас можам да се носам со секој ем тренирам билдинг ем имам факултет ем зборувам 3 јазика ем работам физичка работа со спорт и ништо не ми фали и не ми е гајле како размислува некоја девојка кога е тинејџерка.

Види не се жалам јас од никаква работа само сметам дека луѓето сакаат полесни работи во животот нормално е секој човек да мечтае за уживање и голема плата и помала работа

Одам и на свадби но одам и на погреби тоа е дел од животот.

Но дали би бил овој свет напреден кога сите така би размислувале.

Мора да има некој мотив дале е плата ,пичка ,летен одмор ,алкохол не знам но една знам дека Македончето е неблагодарно .

ЛЕКЦИЈА за Сите кои бараат работа ДОГОВОР КУЌА ГРАДИ научете да се понудите на пазарот и да го вреднувате вашиот труд другите ќе ве ценат многу многу повеќе

Еве како Џони Штулич пред 30 години ја опишал работничката класа

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Ima dosta bolni na ovoj svet
i nepismeni......i izgubeni u realnosta......opkruzuvanjeto te prave covek ili necovek.......ako se praime rabotaci i mnogu umni....nie ne sme nisto od toa....samo sakame da se vrabotime vo drzavna inst. i da lezime....e nema taka (ima za malku odbrani)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Убаво пиша еден член.. нека даваат високи плати за таа мака.. нека даваат заштитна опрема.. одмор 2 дена во неделата..нека има услови за работа за 10000 месечно кој будала ти работи бе по 10 сати на ден?? кај што се парите таму се и луѓето... нека биде платата 40.000 денари па да видиш тогаш како ќе има работници има све мајстори да станат : )
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.927
Поени од реакции
23.337

како што кажа вака сите работници во градежни фирми будали испаднаа. некако баѓи имало будали во државичкана ни!
 
H

HoT IcE

Гостин
Јас цел живот се држам до една изрека, 'Нема случајности.'
Па така можам да кажам дека и рубрикава од Вечер не е случајна и мое мислење е дека е пуштена од страна на градежните фирми. Вистина е дека има дефицит за оваа струка, но не поради тоа што во МК нема ѕидари, туку поради лошите услови во кои се работи, и пред се малата плата, па затоа сите наши ѕидари побегнаа во Црна Гора, Хрватска и Словенија по работа.
Споредбата занает-факултет е тотално оф-топик во темава според мене, затоа што проблемот не е во многуте дипломирани.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кој бе да учи за мајстор... па полесно се завршува факултет неголи да станеш мајстор...:D
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
како што кажа вака сите работници во градежни фирми будали испаднаа. некако баѓи имало будали во државичкана ни!
За таа мака и труд и со таа плата будала испаѓаш.. 100 пати повеќе ти се исплати на црно да работиш барем знаеш дека ќе бидеш платен за својата мака.. за 10 иљадарки подобро продавај во некоја продавница барем ќе го прчиш цел ден..ти да можеш да работиш во градежна фирма со плус 2-3 работи на црно.. тогаш ќе имаш некој ќар како што пишува во статијата многу малку работат во градежни фирми.. или работат само за да земаат некоја пензиичка кога ќе остарат засега на црно..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.927
Поени од реакции
23.337
За таа мака и труд и со таа плата будала испаѓаш.. 100 пати повеќе ти се исплати на црно да работиш барем знаеш дека ќе бидеш платен за својата мака.. за 10 иљадарки подобро продавај во некоја продавница барем ќе го прчиш цел ден..ти да можеш да работиш во градежна фирма со плус 2-3 работи на црно.. тогаш ќе имаш некој ќар како што пишува во статијата многу малку работат во градежни фирми.. или работат само за да земаат некоја пензиичка кога ќе остарат засега на црно..
како викаат 100 стапа по туѓ грб ич не болат.
јас и порано кажав дека мислиш некој се раѓа со животна желба да биди градежен работник или ете поекстремно гробар или што знам таму некоја ептен ниско платена работа или неценета. секој со животната судбина. само проблем е што некој мисли дека факултетот наеднаш им гарантира убава плата и лагоден живот. е па со толку студенти или високообразовани тука само директори ке вработуваат. а за другото ке увезуваме кадри од странство. затоа не скокајте многу, оти незнаете судбината што ви носи. некој бара и таква работа пошто неможи да најди поинаква, а пари требаат.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
9.099
ја исчитав цела тема и тука има многу мислења кој држат вода,али јас ке кажам само една работа која што ја знам, имам тројца комшии,инаку брака се, едниот заврши средно другите двајца само основно, сите тројца денес работат во градежништво, мајстори во својот занает што го стекнале, е сега она што сакам да го кажам, сите тие изградија свој куќи средени со све што ке им посака курот, а јас се уште сум во куќата на татко ми што ја изградил, повеќе не коментирам......
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
814
Само како пример за цените и платите кои се вртат во овој сектор: Додека работеа 16 дена активно на мојот покрив 2-ца мајстори и 2-ца нивни калфи си зедоа чисти дневници од 60.000 ден. Е
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Само како пример за цените и платите кои се вртат во овој сектор: Додека работеа 16 дена активно на мојот покрив 2-ца мајстори и 2-ца нивни калфи си зедоа чисти дневници од 60.000 ден. Е
Океј велиш дека земале пари а замисли да се повредел некој од мајсторите и за среќа да останел жив ама операцијата чини 50000евра кој него ќе му даде пари за спасување живот.

И тоа затоа што некој не знаел да го заштити ти се молам.

Градежната работа е најтешка крај на муабетот.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Океј велиш дека земале пари а замисли да се повредел некој од мајсторите и за среќа да останел жив ама операцијата чини 50000евра кој него ќе му даде пари за спасување живот.

И тоа затоа што некој не знаел да го заштити ти се молам.

Градежната работа е најтешка крај на муабетот.
Дури и на црно да работиш имаш право на здравствено осигурување од биро. Така да колку што е осигуран Туррикан толку е осигуран и градежниот работник. Е сега постои и осигурување од повреда на работа. Но, ретко кој фирма го има тоа. Осигуравање од повред на работа речиси во било која професија сам треба да си плаќаш работодавците во МК не нудат такво нешто. Така да единствено што губи работникот ако работи на црно е основица за пензија. Што не е господ знае каков проблем. Платите на градежните работници за нивото на образование се нереалано високи во споредна со други професии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom