Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Покрај економскиот фактор и ужасните услови тука е и психолошкиот момент...
Социјалната стигма која е креирана од системот и медиумите го прави своето.
Не е некоја мистерија дека секој систем креира карактерни структури кај рајата какви што се корисни за дадениот систем. Така и кај младите начинот на живот е само огледало во кое се рефлектираат вредностите кои даден систем ги продуцира.
И најзалутаниот меѓу залутаните студенти на најзабаталениот “колеџ“ е перцепиран дека има “посветла“ иднина од оној кој работи мануелна работа. Ако ништо повеќе има поголем шанса да земе книшка и да се “снајде“. Има поширок пат кон лижење на соодветни задници. Барем има некаква илузија за “интелектуална работна позиција“ која би траела некои 5-10 години додека студира нешто...
Затоа и не е чудна цифрата од 96% средношколци кои е запишуваат на факс. Кај многумина горенаведената ситуација е главен мотив. Кај некои не е главен но влијае.
Посебно ова е изразено меѓу женската популација. Посебно во периодот од животот во кој се градат сериозни врски. Посебно сегашната генерација. Тука игра мала улога некакво замислено интелектуално ниво бидејќи и оние девојки кои немаат дипломи или се на поскромно интелектуално/физичко ниво не се посебно расположени за физикалци и слични типови. Која би сакала да биде видена со градежник? Или да и каже на фамилија и родбина дека излегува со таков? Што ќе кажат другарките?