Грант: Судиите го фаворизираат Манчестер
Менаџерот на Челзи, Аврам Грант, ги нападна судиите во Премиер лигата изјавувајќи дека му помогнале на Манчестер Јунајтед да ја освои титулата.
Израелецот ризикува да добие сериозна казна од фудбалската асоцијација на Англија заради обвинувањата насочени кон судиите во Премиер лигата. "Во Англија има многу добри судии, но сите видовме дека на некои може да им се изврши сериозен притисок. На натпреварот меѓу Виган и Манчестер Јунајтед се случи што очекував. Пол Сколс требаше да биде исклучен, а домаќините можеше да добијат пенал"- изјави Грант неколку дена откако Манчестер Јунајтед ја освоија 17 титула на Англија.
"На натпреварот на "Олд Трафорд" есента повторно судиите го сменија главниот резултат. Не велам дека светот е против Челзи, но сите спорни моменти беа во полза на Манчестер Јунајтед. Сепак им честитам на титулата"- додаде Грант.
Цццц, лицемер...