Одиме за Москва. Ај да видиме утре кој ќе ни е противникот.
Денеска супер одиграа сите момци, верувам да беа Руни и Видич во составот ќе одигравме уште подобро, без да им дадеме шанси на крајот да не потопеа. И ноктите на нозете ги изедов во 90 минута.
Рио- супер игра, во феноменална форма е, денекса онака капитенски си ја заврши работата.
Тевез - Секоја чест, трчаше и во 90 минута, како само да почнал натпреварот.
Евра- Верувале или не не му ги скрши нозете на Меси како што предвидуваа каталонците. На крајот малку театар, меѓутоа и тој одлично одигра.
Браун- И тој одлично одигра во партнерството со Рио, ама мене не ми е сигурно кога е во него топката.
Роналдо- одлични пасови, можда не даде гол, но покажа дека сепак тимот игра не играчот
Сколс и Керик- Царови на средината. Сколс со голот мислам дека обезбеди место на најавната шпица за ЛШ догодина
Парк- Трча се бори, многу вреден играч, си работи се по планот. А и тредицијата си ја продолжи денеска
Нани- Се гледа неговиот стил на игра и темперемент, ме потсеќа на Роналдо кога дојде, премногу сака, сака сам да одигра да направи нешто, но ова му е сезона на адаптација и како новак во Јунајтед одлично се снајде.
Харгривс и Ван дер Сар- Одлично како по обичај. Едноставно може да се потпреш на овие момци во одбраната. Ѕверови
Ајде овој триумф треба да ни влијае психолошки и да ги земеме шесте бода и да си обезбедиме титула во Премиер.
Поздрав