Хорор филмови

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Малце свртив други хорор филмови, азиски! :icon_lol:
Го изгледав The Cat , ми се допадна онака просечно :)))

На ред е сеа Tommie unlimited :)))))))
На сите љубители на хорор филмови им препорачувам да изгледаат и по некое азиско филмче, фаците им се измислени за во хорор филмови (y)

ЕДИТ: Изгледа премногу очекував од Tommie unlimited, па THe Cat го потценив филмот..:cautious:
овој Tommie unlimited живо срање! Само то че речам!
The Cat е филмиште за разлика од овој!
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Дајте нешто азиско, да ме растресе малце вечерва..
фала однапред :))
 

whenURdown

увезена пломба за петтка доле десно
Член од
6 март 2012
Мислења
56
Поени од реакции
24
e da noviot halloween e stvarno za nigde, a osobeno krajot-ja na krajot se iscepav od smeenje
новиот халовин ми беше најтоп ,трилер драма благ хорор и емоции цела купица . не е за ругање филмот . добар крај на прикаската беше (y)
--- надополнето: 14 март 2012 во 23:49 ---
најмногу сакам Психо хорор некои хорори шо стрварно ке те бутнат у дупка
дај некој наслов,пошо исти вкус имам. или психо или нешо паранормално шо че мислиш дека си побркан у умот ако се стајш во кожа на актерот хихи
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Henry: Portrait of a serial killer
Снимен е 1986 а прикажан 4 години подоцна и тоа со доста кратење заради брутални сцени. Мајкл Рукер вади брилијантна глума овде како сериски убиец и како го гледаш филмов се осеќаш како ти да си соучесник. Еднаш само го имам гледано и доста ми било. Штета што не е повеќе познат.


Teeth од 2007 г.
Се работи за девојка којашто пропагира сексуална апстиненција а дознава на неубав начин дека е сопственик на нешто што во минатото на младите им се пропагирало за да се пазат од жени а денеска е урбана легенда, барем како што знам во Америка т.е. вагина дентата. Филм кој не е за секој, барем не беше за мене. Моја бивша девојка ми го има пуштено и искрено не сфатив која и беше поентата. Како што Jaws направи луѓе да не влегуваат во вода овој ке направи да не влегувате во......ермм. Да. Барем недела дена.

Battle Royal
Јапонски психолошки трилер хорор за ''неквалитетни'' средношколци (хулигани, единичари, тие што каснат на час) кои секоја година се носат на пуст остров и им се даваат оружја за да се убијат меѓу себе на општа радост на професорите.
--- надополнето: 15 март 2012 во 23:32 ---
дај некој наслов,пошо исти вкус имам. или психо или нешо паранормално шо че мислиш дека си побркан у умот ако се стајш во кожа на актерот хихи
Jacob's Ladder

The Orphanage (ама никако ама никако да не си го помешал со The Оrphan оти е срање кроз грусто грање Orphan).

The Devil's Backbone- овој најмногу ти го препорачувам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Teeth е глупости во боја, да не знаеш дали да плачеш или да се смееш :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The Broken
Го има уште некој гледано чудово, да ми објасни шо да фак се случуваше во филмов.....инаку немојте да трошите залудно време да го гледате филмов. Ништо не се разбира, работиве се усвета од поврзани.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Broken
Го има уште некој гледано чудово, да ми објасни шо да фак се случуваше во филмов.....инаку немојте да трошите залудно време да го гледате филмов. Ништо не се разбира, работиве се усвета од поврзани.
Дури сега сфаќам дека главната улога е Серсеи од GoT. Не се сеќавам добро, ама сега прочитав нешто на IMDb и мислам дека на крај испадна нешто вакво:
When Gina returns to her apartment and finds her dead double, she regains her memory everything falls into place and she realizes she is the evil doppleganger and she starts behaving like one. From the point Gina is in the telephone booth and sees her double drove by, the film follows the point of view of the evil doppleganger Gina.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Battle Royal
Јапонски психолошки трилер хорор за ''неквалитетни'' средношколци (хулигани, единичари, тие што каснат на час) кои секоја година се носат на пуст остров и им се даваат оружја за да се убијат меѓу себе на општа радост на професорите.
--- надополнето: 15 март 2012 во 23:32 ---
Еј баш го меркав овој. Те бендиса?
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Еј баш го меркав овој. Те бендиса?
Мене ми се бендиса искрено. Интересен филм е. Само кога бев средно се собиравме од клас машки и девојчиња и секоја недела гледавме нов филм што еден од нас требаше да донесе. Јас кога бев задолжен да донесам нов, го донесов овој и откако го изгледавме ме направија од г**** подоле. Така да изгледа не е за секој филмов. Ама јас го препорачувам како добар. Земи изглеј го, ако не ти се свиѓа слободно пцуј ме :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom