Fringe

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Чекај сега, не пишувај напамет. Прочитај ме убаво (па ако имам испуштено нешто големо изнасмеј ми се). Знам дека парчињата од машината постојат и пред Питер. Зборам за машината како целост. Нели Питер ја склопи и употреби а со тоа ја створи и мост-собата. Како постои сега мост собата, а акциите на/и самиот Питер беа избришани? Толку работи исповраќаа што почнувам да ги заборавам. :D

Вториот параграф ми пишуваш само очигледности. :)
 
I

Iblis

Гостин
wot заеби ти тоа, Ј.Ј. редовно си кака, кажи шо ќе правиме 4 недели.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Чекај сега, не пишувај напамет. Прочитај ме убаво (па ако имам испуштено нешто големо изнасмеј ми се). Знам дека парчињата од машината постојат и пред Питер. Зборам за машината како целост. Нели Питер ја склопи и употреби а со тоа ја створи и мост-собата. Како постои сега мост собата, а акциите на/и самиот Питер беа избришани? Толку работи исповраќаа што почнувам да ги заборавам. :D

Вториот параграф ми пишуваш само очигледности. :)
Ирелевантно е како ја направиле мост собата, можат истото да го решат у 2-3 секунди, демек Волтер и Оливија ја составиле. Она што е битно е што машината во вторава линија работела без Питер. Инаку дека има пропусти и дупки, има еден куп, со лопата да ги ринеш. Јасно беше како ден откако се деси исчезнувањето.

Па токму тие очигледности би можеле да дадат одговор на разговорот на Питер и Септември. И гледам некој погоре пишал сега барем знаеме што се ќељавиве. Е што се? :) Еве јас не знам, може некој да објасни? Знаеме само дел, ќе испливаат на површина уште многу работи за нив.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ја како шо сфатив, ќељавите се научници од далечната иднина кои, бидејќи поседуваат многу јака технологија, можат да патуваат низ времињата за да ги видат најзначајните работи од историјата. Не знам, очигледно им е досадно. Зошто ги сметаат случувањата во Фринџ тимот како значајна работа во историјата немам појма. Бидејќи така им е досадно и сакаат да патуваат и да си посматраат, Септември го посматрал Волтер како бара лек за да го спаси синот. Со тоа што го попречил Волтер во изнаоѓањето на лекот, Септември заебал цел универзум (и цел паралелен универзум) и затоа тој со дружината се обидуваат да ја исправат грешката. Затоа и Питер го снема од универзумот. Сепак, бидејќи Питер е чудо од човек, пак се појави и сега затоа сите кељави го мразат Септември и го тераат да ја исправи грешката. Пак.

Последната епизода е значајна и од друг аспект. Од неа е јасно дека Питер не е во погрешен универзум/ тајмлајн/ ватевер, поради тоа што, како дел од епизодниот случај, го објаснија палимпсестот. Според серијата, палимпсестот е слика или податоци од сеќавањата кои се скриени под површината на новите слики или податоци од сеќавања. Значи, сценаристите суптилно ни укажуваат дека ако нешто е избришано, и на негово место има нови информации, сепак избришаната верзија ќе се наоѓа под новите информации. Односно, иако Питер е избришан од сеќавањата на луѓето кои го познаваат, информацијата е се' уште кај нив. Тоа покажува што се случило со Оливија и со универзумот. Под површината на новата историја се наоѓа старата историја, на која сега-засега се сеќава само Оливија. Но не само таа, туку и целиот универзум се обидувам да се сети на палимпсестот, само на останатите им оди побавно. Најверојатно бидејќи никој нив не ги дрогира со кортексафан.

Што значи дека не постои друга временска линија во која Питер треба да се врати. Ова е неговата временска линија. Затоа и ќељавите на крајот од трета сезона рекоа дека Питер е избришан од тајмлајнот, а не дека е испратен во друг тајмлајн.

Не ми е јасно само што е финтата со Хенри и зошто е важно детето да се роди од „освестената“ Оливија. Само да не испадне како Аааааарон на Клер.

Друго, Џеј Џеј Абрамс нема никаква контрола врз своите серии и затоа не е виновен за успехот/ неуспехот на истите. Тој е само продуцент, т.е. на почетокот ги наоѓа режисерите, сценаристите, актерите и толку. Остатокот го прават извршните продуценти, на амерички наречени show-runners. Затоа кога летаа мајки/ шајки за Лост, тие беа наменети за Дејмон Линделоф и Карлтон Кјуз.

И да, кој ќе чека до крај на Март.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Не ми е јасно само што е финтата со Хенри и зошто е важно детето да се роди од „освестената“ Оливија.
Aбсолутно се согласувам со целиот пост. Конечно можеме да продискутираме а да не се само обични предвидувања. А за ова цитираното, ако пишеме уште теории.. моја претпоставка Питер е толку битен како што е претставен а аналогно и Хенри затоа што Питер како што е semi-гениј ќе направи дете кое ќе измисли тајм-травел.

Одтаму принципот на кој работат двата универзуми.. во другиот се прават спротивни одлуки нели, па така кога во едниот ќе биде измислен тајм травел, во другиот нема. Е сега со грешката на обсерверите, изгледа затруднела Оливија од универзумот каде нема да биде измислен тајм травел а овие сега се заглавен меѓу времето и нивната иднина не постои. Или нешто слично. Ама за ова да има смисла, не би требало да ја поправаат "првата" грешка поради која Волтер оди и го киднапира Питер од паралелниот универзум. Ова не би требало да им менува, по некоја логика, пошо како што гледаме, "правилно" е да затрудне нашава Оливија, па изгледа битно е само Питер да преживеал и битен им е универзумот во кој живеал, оти нели таму ќе биде измислен тајм травел. Значи, другиот универзум може да оди и да се ебе. .!.

:icon_lol:

Moja претпоставка само. Сигурен сум ќе излезе нешто far more complicated.
 
wot, you're onto something. Не сум размислувал дали и во вториот универзум постојат изворни Обсервери. Најверојатно не. Ако креаторот на тајм-травелот е Хенри, значи постојат само во универзумот каде ќе се роди. Затоа кај нашите се појавува чувството на себичност и сакаат блодни Оливија да остане трудна, но не во било каква состојба, туку во освестена состојба. Не знам зошто, можеби нема ни да дознаам. Битно е дека на крај сите ќе се испоосвестат (хм, Lost finale much?). Питер ќе ја забремени Ливи, новиот месија ќе се роди и сите ќе си живеат среќно и весело.

...или не?

A ако не ни објаснат нешто повеќе за Хенри, повеќе нема да гледам серии и филмови со special and important деца. Ќе ја баталам и Touch. Преку глава ми е од такви red herrings.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Разликата oд мене и Лост хејтерите е тоа што еве пример и за оваа серија, не ја гледам ради крајот, финалето.. или штознам, некои одговори на фантастични* прашања. Не ти е досега убаво возењето? :) Meне ми е супер мистеријата, па и да резултира со бледи одговори. LOSTFAN4EVA. :))))

*зошто е смоуки црно, како станало црно, што репрезентира црното? ЏЕЈЏЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Да, досега ми е ептен убава вожњата. Особено оваа 4-та сезона. Како ролеркостер. Од Lost не дека не барав одговори. Ама разликата е што последните сезони од Лост вожњата беше малку тромава. Како трактор кој се обидува да ора карпи. Среќа, продуцентите на Fringe изгледа учат од туѓи грешки.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Значи Питер си е во својот тајмлајн али зашто го избришале т.е. направиле дека умрел во езерото, сите дејствија директно поврзани со него - не се случиле. Затоа Дејвид Џоунс е жив, зашто Питер го уби, затоа и алтернативниот Бројлс е жив, зашто Питер не отишол во алтернативниот свет и ништо не се случило од таа авантура каде што Олиф и другите деца подложни на кортексифан се транспортираа во алтернативниот универзум. Значи тоа е ок, сфатливо е.
Ама има и нелогичности. Како Волтер е изваден од лудницата, кога Оливија единствено можеше да го извади со некој роднина а нели Питер не постои? Како го изградија мостот помеѓу 2та универзума ако го нема Питер?
Има доста работи кои не се објасните а некако очекувам дека нема ни да бидат, туку ќе останеме со некои глупи претпоставки. Ама ќе видиме...
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
^ Оливија од другиот свет преминала во нашиот, пред некоја епизода имаше за тоа, кога Волтер и се лутеше на портокаловата.

Околу другото, многу работи не се исти. Нина Шарп ја одгледала Оливија, Волтер не излегува од лабараторијата, мостот е изграден без Питер...
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
^ Оливија од другиот свет преминала во нашиот, пред некоја епизода имаше за тоа, кога Волтер и се лутеше на портокаловата.

Околу другото, многу работи не се исти. Нина Шарп ја одгледала Оливија, Волтер не излегува од лабараторијата, мостот е изграден без Питер...
Тоа со смените на Оливиите не го сфативме. Зашто се десило? И зашто Нина ја чувала Оливија?
Волтер не излегува од лабораторија зашто нема нешто што ќе го поврзе со надворешниот живот т.е. нешто како Питер. Мостот е стварно нелогично зашто постои без Питер.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Тоа со смените на Оливиите не го сфативме. Зашто се десило? И зашто Нина ја чувала Оливија?
Волтер не излегува од лабораторија зашто нема нешто што ќе го поврзе со надворешниот живот т.е. нешто како Питер. Мостот е стварно нелогично зашто постои без Питер.
Па во оваа временска линија т.е ревидираната временска линија (без Питер), Нина Шарп ја одгледала Оливија и сестра и, додека смените на двете Оливии си се случиле како во претходната, само што Питер не бил присутен. Имаше едно кратко видео каде што зборува Волтер во кое што на кратко се објаснува дел од минатото на ликовите во оваа временска линија. Некоја страница претходно беше, најди го и барем ќе добиеш одговори на некои прашања.

За мостот, пишав погоре, можда не е така, али најлогично би било. Ваљда нема да им текне некој друг заплет околу тоа. :confused:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Мостот постои без Питер затоа што машината е активирана во некоја друга димензија (Кога Питер беше во паралелната димензија) и влезе во машината. Нели машинава е чудна направа и се активира само еднаш и работи во сите универзуми каде што постои?

Тоа со тајмлајнот дека е друг... според мене, има логика сега овие 2 универзуми што ги гледаме “нашиот и алтернативниот“ да се комплетно други универзуми од оние претходните т.е. претходно да имавме наш (1) и алтернативен (2) а сега да имаме наш (3) и алтернативен (4). Вака има многу повеќе логика.
 
Џабе е логика. Питер на крајот од 3та сезона беше избришан од тајмлајнот а не отидовме во друг тајмлајн.

Долната линија е тоа што си бевме до крајот на 3та сезона. Потоа со бришењето на се промени тајмлајнот. Се направи поинакво минато (исприкинати линии), без Питер во него.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Машината можеби работи во сите универзуми каде што постои, но ова што последната сезона го гледаме не е друг универзум, туку истиот, само во поразлична, Peterless верзија. Ако Питер не постоел значи некако пронашле начин да ја активираат без него. Не знам, можеби пронашле некои нови работи во книгата на Првите луѓе.

Не ми се верува дека сценаристите до толку ќе ги коплицираат работите со воведување на трети/ шести универзум. Во тој случај, она што го гледаме сезонава би било за џабе, односно filler-season. За тоа зошто мислам дека ова е првобитниот универзум, оној од првата сезона, кажав погоре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom