Ја како шо сфатив, ќељавите се научници од далечната иднина кои, бидејќи поседуваат многу јака технологија, можат да патуваат низ времињата за да ги видат најзначајните работи од историјата. Не знам, очигледно им е досадно. Зошто ги сметаат случувањата во Фринџ тимот како значајна работа во историјата немам појма. Бидејќи така им е досадно и сакаат да патуваат и да си посматраат, Септември го посматрал Волтер како бара лек за да го спаси синот. Со тоа што го попречил Волтер во изнаоѓањето на лекот, Септември заебал цел универзум (и цел паралелен универзум) и затоа тој со дружината се обидуваат да ја исправат грешката. Затоа и Питер го снема од универзумот. Сепак, бидејќи Питер е чудо од човек, пак се појави и сега затоа сите кељави го мразат Септември и го тераат да ја исправи грешката. Пак.
Последната епизода е значајна и од друг аспект. Од неа е јасно дека Питер не е во погрешен универзум/ тајмлајн/ ватевер, поради тоа што, како дел од епизодниот случај, го објаснија палимпсестот. Според серијата, палимпсестот е слика или податоци од сеќавањата кои се скриени под површината на новите слики или податоци од сеќавања. Значи, сценаристите суптилно ни укажуваат дека ако нешто е избришано, и на негово место има нови информации, сепак избришаната верзија ќе се наоѓа под новите информации. Односно, иако Питер е избришан од сеќавањата на луѓето кои го познаваат, информацијата е се' уште кај нив. Тоа покажува што се случило со Оливија и со универзумот. Под површината на новата историја се наоѓа старата историја, на која сега-засега се сеќава само Оливија. Но не само таа, туку и целиот универзум се обидувам да се сети на палимпсестот, само на останатите им оди побавно. Најверојатно бидејќи никој нив не ги дрогира со кортексафан.
Што значи дека не постои друга временска линија во која Питер треба да се врати. Ова е неговата временска линија. Затоа и ќељавите на крајот од трета сезона рекоа дека Питер е избришан од тајмлајнот, а не дека е испратен во друг тајмлајн.
Не ми е јасно само што е финтата со Хенри и зошто е важно детето да се роди од „освестената“ Оливија. Само да не испадне како Аааааарон на Клер.
Друго, Џеј Џеј Абрамс нема никаква контрола врз своите серии и затоа не е виновен за успехот/ неуспехот на истите. Тој е само продуцент, т.е. на почетокот ги наоѓа режисерите, сценаристите, актерите и толку. Остатокот го прават извршните продуценти, на амерички наречени show-runners. Затоа кога летаа мајки/ шајки за Лост, тие беа наменети за Дејмон Линделоф и Карлтон Кјуз.
И да, кој ќе чека до крај на Март.