H
HITCH
Гостин
Ова е прекрасна тема! Денес сфатив дека многу луѓе почнале да постат за Велигден и морам да признаам дека сим многу позитивно изненадена.Рецепти за посни јадења
Јас си постам за Велигден веќе некои 6 - 7 години по ред. Кај мене во фамилија од памтивек се пости во среда и во петок, а јас, како и мојата покојна баба, си постам цели пости за Велигден. Има буквално се` за јадење и благо и солено. Мене овој период кога се пости за Велигден ми е најубав, а Бога ми и најлесен. Јас сум голем гурмам, обожавам храна и кога готвам сакам да е убаво и за око ама и за стомакот. Кога не постам цело време се мислам што да јадам и што да си направам, а кога постам се знае изборот. Првава недела постам без масло па затоа јадам патлиџан, компир варен, мармалади милион врсти, а денес си направив благ ориз, ама со вода.
Фала многу за линков, ќе ги проверам рецептите и ќе кажам кои ги бива, а кои не ги бива.
На сите христијани што постат за Велигден од срце им посакувам лесен пост и Господ да им даде мир во душата! :smir: