Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мој рецепт од денес.
Посна Руска Салата
200 грама варен грашок
200 грама варена пченка
200 грама варени моркови
300 грама кисели краствички
(се конзевирано имаше по дома)
-Се меша тоа се
Посен Мајонез
200 мл. Зејтин
2 варени компири
50 грама печени лутени кикирики
Малку сусам
2 лажици сенф
Сол
-Се се тава во блендер и добро се миксира до хомогенизација целосна како прав мајонез изгледа а и вкусот е сличен.
-Се меша посниот мајонез со сето целиот варен зеленчук во класична руска салата. Се прави за 20-30 минути кило и кусур посна руска салата. Нема сецкање ни варење.
Им го дадов на 7-8 луѓе гости и на сите им се допадна а и на мене
Бонус идеја: се мислев да турам малку виски во мајонезот ама немав храброст но мислам дека тогаш не треба кикирики и сусам ептен ќе испаден јако за мој вкус. Обично виски оди добро во масни салати со мајонез.
Добро...еве поради дискусија да образложам како го направи јадењето. Идеа гости и тоа имав во фрижидер...и ми текна после дека јадењето е посно не беше целта да направам посно јадење туку тоа беа состојкитеНе е поентата на постењето да се лажира и да се јадат посни мајонези,кашкавали,зденки и незнам генетски да клонираат вегетаријанско прасе ....
Треба да се јадат чисто природни работи, овошје, зеленчок да може да се испости организмот....не сега до вчера сум јадел обичен мајонез сега ќе јадам посен мајонез, и сирењето наместо кравјо/овчо ќе го заменам со растително.!!!!
Друга работа не треба да се пие алкохол додека се пости никакво виски,коњак или алкохол, дозволено е да се пие само во сабота и недела само вино ама со исаф една до две чашки.
Секој може да пости со конзерви риби, пастрмки, зденки, паштети, мајонези, коњаци, виски, школки, пици и др.....
Правилниот христијански пост се подразбира 7 недели постење. Од понеделник-петок се пости без масло, сабота и недела со масли и вино.Риба се јаде само на Благојавление и Цветници.
Посни рецепти без масло (на вода)
![]()
ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета
Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.
http://preminportal.com.mk/content/view/1285/137/
И јас ја гледав рецептава изгледа ТОП, искрено незнам како вака без зејтин е искочена( ми личи на пирушка) баш ќе пробам да ја направам за време за постов. Ова не треба да се пропушти.
Членов го избришал профилот па нема да можам да добијам одговор од него. Нека ми каже некој друг дали јадел или приготвувал посна пита, на пример наместо месо да биде со соја.Има посна паштета и да знаеш ич не е лоша. Има сешто за јадење!
Денес јадев посна пастрмајлијаРазновиден зеленчук, соја, во посна пита супер беше, само малку повеќе требале да штедат на масло
Имај лесен пост и нека те прати мир во срцето и душата. :smir:
На опаковката сигурно пишува од што е направен,оди во маркет и прочитајZdravo, dali lebot od zito luks secen na parcinja e posen bez maslo? za pricest?