Посна храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од денес почнуваат и трат ли траат ...
Би сакал да ве замолам овде да постира кој знае рецепти за да не полудам од јадење само компири.:)
Инаку одлучив да постам повеќе од здравствена гледна точка и тоа не строг пост без масло. Сепак истото планирам да го користам само како маслиново при приготвување на салати.
Значи занм дека има храна и вино тип на сајтови но сакам да слушнам од паталци, а не од гаталци.
Колку јас знам не смее било што од животинско потекло, а риба смее само за Цветници и евентуално за Богојавјение (значи во превод нема ни риба).
Ах да и нема пиво. :(
На помош на сите што постат без разлика од кои причини ,во секој поглед убав чин.Среќно .
Има многу во денешно време посни јадења поготово со масло, еве еден мој предлог: рижото со гарнир од варена пченка,грашок и морков ,а за оние кои постат без масло ,истото но само што не се запржува оризот ,само се вари со вода и се зачинува секако по вкус.Ова беше мојот денешен ручек и тоа најбрзо ми падна на памет:)
 
Ќе ја пробам тортава деновиве, оти за утре решив пиварки да правам. Само не знам тортава како ќе ми испадне со посното млеко. :( Ако ја погодам тортата ќе ја јадам јас и ќе се пофалам, ако не... кантата ќе ја заблажам. ;)

Да ти кажам право и мене многу ме нервираат луѓе кои се мешаат секаде! Ако немаш рецепт, батали ја темава, не ме ставај во искушение! :giggle:
 
Najubavo-to posno jadenje kompir salata ; varen kompir seckan pa malce seckas kromidce , sol , ocet i na kraj dodavas nekoja maslinka .....:vozbud:;)

Знаеш исто како салата што може да се направи? Маслинки исечкани, ситно исечен праз, оцет, масло, сол, бибер, убаво го промешуваш и со нафоричка... мхм, мхм, мхм (`ко Алачки) Ова како салата може да се јаде, а може и да се додаде на варен компир. Лудница е! :giggle:
 
Знаеш исто како салата што може да се направи? Маслинки исечкани, ситно исечен праз, оцет, масло, сол, бибер, убаво го промешуваш и со нафоричка... мхм, мхм, мхм (`ко Алачки) Ова како салата може да се јаде, а може и да се додаде на варен компир. Лудница е! :giggle:
Ima mnogu moznosti za eksperimentiranje so posni jadenja samo e potrebno dobra zelba i idei ;)
 
Ме нервираат луѓе кои постат и бараат по рафтовите производи и читаат што има во нив. Па постот е да се откажете од производи кои ви прават задоволство.
Познавам луѓе кои мислат дека млекото во прав е посно. :tapp:
Секако дека не е посно млекото во прав,освен соиното млеко ,оризовото млеко итн.но исто така и тие имат масни примеси во својата структура така да јас лично не ги употребувам кога постам без масло еве на пример оваа недела.
 
Дали бисквитите се посни? Еве го составот:

Пченично брашно, шеќер, хидрогенирано растително масло, инвертен сируп, средства за нараснување (E 503, E 500), сол, емулгатор: соја лецитин, антиоксиданс, (E 224), арома (ванила), Производот содржи пченичен глутин.
Употребливо до (означено на амбалажата):
Да се чува на суво и ладно :D
 
Ќофтиња од печурки
500 гр. печурки
1 главица кромид ситно изрендан
4 лажици брашно
1 лажица прашок за пециво, сол, црн пипер,
исецкан магдонос
200гр. растителен кашкавал исецкан на коцки
Лебни трошки
Се пржат кромидот и печурките потоа се додаваат зачините, магдоносот ,прашокот за печиво и брашното и кога малце ќе се олади смесата се додава кашкавалот,се праат топчиња се валкаат во презлата и се пржат.
 
Со лесно нека им е на сите што постат, да им се прими постот и Господ да ги дарува со мир во душата.

Каква е таа посна чоколада?! Онаа за готвење што е?! Таа не е посна, нема посна чоколада, дури и во таа за готвење па пишува дека може да се сретнат траги од млеко, но кој да прочита... Знам многу луѓе што велат дека крем бананчето е посно, но и тоа не е посно, и во тоа може да има траги од млеко...
Посен кашкавал, посен маргарин, па сега прочитав дури и посно млеко?! Ма дај, какво посно... Се знае што е посно, а не некои "нови посни" јадења.

За да пости човек треба да има желба за тоа. Треба психички да се спреми и да сака да пости како што треба, во тој случај нема да мисли еј што да јадам денеска, затоа што ќе знае што има за јадење и ќе сака тоа да го јаде, нема да го тера паметот на нешто друго. Но сето ова е кога е човек спремен да пости.

За пост колку што знам од понеделник до петок се пости без зејтин, а во сабота и недела е дозволено со зејтин.

И за крај не е се во јадењето, треба да се пости и со душата.
 
Еве неколку прилози од мене:

Шпагети со свежа салата
За 4 лица: 1 пакетче шпагети, 2 патлиџани, 1 краставица, 10-тина маслинки, по желба може и кромид, било стар, било млад, малку сол, маслинов зејтин, оцет. Сите состојки (сем шпагетите) се сечкаат ситно, се зачинуваат со сосем малку сол, маслинов зејтин и неколку капки оцет. Смесата се додава во шпагетите и убаво се меша.

Панцероти со печурки
Тесто: 1 кг брашно, 1/2 л вода, еден свеж квасец, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 2-3 лажици зејтин, 1 лажица оцет или ракија ( да не упива многу мрснотија тестото).
Фил: 1/2 кг печурки (свежи или маринирани), кромид по желба.

Квасецот се остава да стаса со шеќерот, малку брашно и малку млака вода. Потоа се додава на другото брашно измешано со солта, зејтинот и ракијата (оцетот). Печурките се сечкаат ситно и се пропржуваат (јас ги правам без кромид но по желба може и со него). Се додава сол или зачин.

Тестото убаво се замесува и се остава да нарасне (1/2 час до 1 час). Се вадат топчиња, се расукуваат, на едната половина се става од филот, се преклопува, краевите убаво се притискаат со вилушка. Панцеротите потоа се пржат од двете страни во убаво загреан зејтин. Се оставаат на хартија да го впие вишокот маснотија.

Старинска алва со брашно
1 чаша зејтин, 2 брашно, 2 шеќер, 3 вода и 50 гр. ореви (по желба).

На тивко се пржи брашното со зејтинот. Се пржи со речиси постојано мешање додека не добие светло-златна боја (околу 20 мин до половина час). Настрана се вари шербет со водата и шеќерот. Штом зоврие се остава да повари неколку минути. Штом се испржи брашното, се додаваат исечкани оревите и кратко се пропржуваат. Се додава шербетот, црпалка по црпалка и убаво се меша. Со обична лажица се вади од алвата и се реди во чинија.

Посна салата
Една мала конзерва гравче, една мала конзерва пченка, половина праз. Празот се сечка, се меша со гравот и пченката и се зачинува со малку сол, масло и неколку капки оцет.

„Збогатена“ посна сарма
Во филот за посна сарма се додава ситно сечкани печурки или соини трошки.
 
Нека им е лесен постот на тие што постат и за многу години. Мило ми е што има толку многу што постат за Велигден. Треба да си ја почитуваме верата
Јас веќе 5 години ги постам цели пости.
Првата и последната недела послам без масло а другите со масло. Тоа е со дозвола од поп бидејќи сум студент... ама од в година веќе ќе постам без масло.
Значи попот ми кажа дека вака може да постат болни, стари луѓе, бремени жени и ученици, студенти бидејќи им треба енергија нормално, сила.
Инаку постот воошто не ми е тежок и воопшто не мислам што да јадам.. го јадам тоа што има дома.
Најчесто јадам мармалад, макарони, шпагети, компири, сутлијач (благ ориз, варен со вода :) ), цвекло, овошје
Кога постам со масло ги јадам и посна супа.
Тоа е се.

Кога се пости не треба везден да се мисли на јадење.. тоа е и целта да се откажеш од некои задоволста и духоно прочистување.
И риба се јаде само за Цветници, Малденци и Благоец.
И алкохол не се пие... тука спаѓат и пивото.
Си има правила црквата кои треба да се почитуваат
Кој не може не треба да пости
 
и сигурно не се пуши:(
и не се кара со никој, и не се "сака"

Кики секоја чест ако го издржиш постот, јас постам прва и последна недела
Посна храна обично јадам овошје цел ден, или тестенини, пијам јогурт од Виталиа, свежи салати, морска храна....
 
Najubavo-to posno jadenje kompir salata ; varen kompir seckan pa malce seckas kromidce , sol , ocet i na kraj dodavas nekoja maslinka .....:vozbud:;)
и варени јајца ;) Јас да ви кажам искрено се сум многу религиозен, некогаш не сум и нема да постам. Си јадам што сакам, кога сакам и што имам секако :) Али ако се земе предвид што и не јадам којзнае колку месо (еднаш на 10 дена) па и не сум некој мрсач :pos:
 
Дали бисквитите се посни? Еве го составот:

Пченично брашно, шеќер, хидрогенирано растително масло, инвертен сируп, средства за нараснување (E 503, E 500), сол, емулгатор: соја лецитин, антиоксиданс, (E 224), арома (ванила), Производот содржи пченичен глутин.
Употребливо до (означено на амбалажата):
Да се чува на суво и ладно :D
Да посни се.
 
Посно рижото со лук и печурки

Потребно е:
200 гр ориз
200 гр свежи шампињони
1 чешне лук
1 главица кромид
магдонос
чаша бело вино, чаша вода
сол, бибер, кари
маслиново масло

Во длабок сад се загрева маслиновото масло и се додава ситно сечканото чешне лук. Се пржи на тивко. Се додава главицата кромид, сечена на тенки листови. Се карамелизира половина час на тивок оган. Се додават шампињоните исечени на ливчиња и се засилува огнот. Треба да испари водата, но да не се залепи кромидот.
Се додава оризот и се меша. Се налева чашата вода постепено додека да испари, а оризот веќе да се вари. Посолете, додајте сечкан магдонос, бибер, малку кари и оставете да крчка.
10 минути пред крај, налејте ја чашата вино и оставете го да изврие додека оризот пушти скроб и стане густ како пудинг, но зрната да бидат цели.
Во оладен калап за рижото, намастете маслиново, истурете го рижотото и ставете го да се лади.
Преклопете го откако ќе се олади во чинија и служете го оладено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom