Посна храна

H

HITCH

Гостин
Рецепти за посни јадења
Ова е прекрасна тема! Денес сфатив дека многу луѓе почнале да постат за Велигден и морам да признаам дека сим многу позитивно изненадена.
Јас си постам за Велигден веќе некои 6 - 7 години по ред. Кај мене во фамилија од памтивек се пости во среда и во петок, а јас, како и мојата покојна баба, си постам цели пости за Велигден. Има буквално се` за јадење и благо и солено. Мене овој период кога се пости за Велигден ми е најубав, а Бога ми и најлесен. Јас сум голем гурмам, обожавам храна и кога готвам сакам да е убаво и за око ама и за стомакот. Кога не постам цело време се мислам што да јадам и што да си направам, а кога постам се знае изборот. Првава недела постам без масло па затоа јадам патлиџан, компир варен, мармалади милион врсти, а денес си направив благ ориз, ама со вода. :)
Фала многу за линков, ќе ги проверам рецептите и ќе кажам кои ги бива, а кои не ги бива.

На сите христијани што постат за Велигден од срце им посакувам лесен пост и Господ да им даде мир во душата! :smir:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.968
Поени од реакции
83.302
И ја постам цела година по календар, ама многу по тешко е духовново постење, кое обавезно го прекршувам. Све нешто ќе се изнервирам и реагирам така. Добро, се трудам да не реагирам нервозно, али тешко е all the time така.
 
H

HITCH

Гостин
Колачи пиварки:

Потребно: 15 филџани брашно, 5 филџани масло, 3 филџани пиво, 1 ванилин шеќер и 1 пециво и 1 пакетче кокос.

Подготовка: Сето ова убаво се размесува и се прават малечки топчиња. Ги редиме во намрсена тепсија и ги печеме во загреана рерна 20 мин. на 150 степени или 15 минути на 180 степени. Откако ќе ги направиме ги превртуваме во кокос :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Колачи пиварки:

Потребно: 15 филџани брашно, 5 филџани масло, 3 филџани пиво, 1 ванилин шеќер и 1 пециво и 1 пакетче кокос.

Подготовка: Сето ова убаво се размесува и се прават малечки топчиња. Ги редиме во намрсена тепсија и ги печеме во загреана рерна 20 мин. на 150 степени или 15 минути на 180 степени. Откако ќе ги направиме ги превртуваме во кокос :)
Ах, ги јадев пред некој ден.. Без кокос, со шеќер во прав.
Не ми се баш највкусни (ги преферирам без брашно, масло, шеќер и пециво :) )
Иначе, пријатен ви пост на сите испосници.
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Трета година како постам 6 недели пред Велгиден....тешко е првите 3-4 дена( дур ги глеаш другарчињата како се дават во гурмански и пунети стекови од Вили) после се навикнуваш....сеа не тешко уопште да се пости се има за јадење дури и некаде сретнав посни кренвишли(бог да чува и да брани). Се знае повеќе сезонско овошје(јаболка лимони портокали) зеленчук(цвекло, трупка, компир, морков, марула, кромид, праз, лук)....сега и кашкавалот растителен е тука, риба(преферирам туна), маслинки, печурки(забораив прееска во набројувањето), готвени јадења како боранија, леќа, грашок, грав, ориз, спанаќ
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ова е прекрасна тема! Денес сфатив дека многу луѓе почнале да постат за Велигден и морам да признаам дека сим
ам не е лош постот ама се исти јадења се вртат, добар ти е изборот на јадење ќе пробам и јас :helou: најважен според мене е духовниот пост да ти е чисто срцето :back:
 
H

HITCH

Гостин
Трета година како постам 6 недели пред Велгиден....тешко е првите 3-4 дена( дур ги глеаш другарчињата како се дават во гурмански и пунети стекови од Вили) после се навикнуваш....сеа не тешко уопште да се пости се има за јадење дури и некаде сретнав посни кренвишли(бог да чува и да брани). Се знае повеќе сезонско овошје(јаболка лимони портокали) зеленчук(цвекло, трупка, компир, морков, марула, кромид, праз, лук)....сега и кашкавалот растителен е тука, риба(преферирам туна), маслинки, печурки(забораив прееска во набројувањето), готвени јадења како боранија, леќа, грашок, грав, ориз, спанаќ
Има посна паштета и да знаеш ич не е лоша. Има сешто за јадење!

Денес јадев посна пастрмајлија :pos: Разновиден зеленчук, соја, во посна пита супер беше, само малку повеќе требале да штедат на масло :pos:

Имај лесен пост и нека те прати мир во срцето и душата. :smir:
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
21
ајде малку посни јадења пошто почнаа постите а и доаѓаат посни слави и денови мислам дека на некој многу ќе му помогнеме.;)
--- надополнето: Dec 8, 2011 1:56 AM ---
Посен ролат од урми Потребно:
400г урми без семки
200г мелени ореви
100г сецкани ореви
крем бананкиили желе
1 лажица мед
1 лажица лимонов сок
Припрема
Сите состојки ставете ги во еден сад и измешајте ги убаво со раце. Смесата ставете ја на фолија претходно намачкана со масло и направете ја во слој со дебелина од 1 см. Врз неа наредете ги чоколадните бананки или желето и замотајте ја во ролат. Врз ролатот посипете со мелени ореви или кокос и оставете во фрижодер да отстои 1 час пред да го исечете на еднакви делови од 1 см.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Бадник- посна храна задолжително
што сервирате на трпезата тој ден?Споделете ги вашите рецепти за Бадник:)
освен она познатото лепче со паричка ,посни сарми, риба,грав, баклава/кадаиф - што друго пприготвувате вие или вашите мајки,сопруги, баби....
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
уууууууу је*оте :pos:колку рецепти:pos:


Anonе да знаеш дека си скроз у право
Anon напиша:
ако има, кој е мод у гурманско катче? некако мртов ми е форумот... напрајте нешо! организирајте најдобар рецепт натпревар а у, викнете ја алачки... xD
што е ова, пишав нешо за риба таму, едвај 1 одговор добив...​
 
D

D_NazGUL

Гостин
Од денес почнуваат и трат ли траат ...
Би сакал да ве замолам овде да постира кој знае рецепти за да не полудам од јадење само компири.:)
Инаку одлучив да постам повеќе од здравствена гледна точка и тоа не строг пост без масло. Сепак истото планирам да го користам само како маслиново при приготвување на салати.
Значи занм дека има храна и вино тип на сајтови но сакам да слушнам од паталци, а не од гаталци.
Колку јас знам не смее било што од животинско потекло, а риба смее само за Цветници и евентуално за Богојавјение (значи во превод нема ни риба).
Ах да и нема пиво. :(
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со среќа :)
Ако не јадеш зеленчук воопшто не ни почнувај.
 
G

galaxy

Гостин
...
Инаку одлучив да постам повеќе од здравствена гледна точка и тоа не строг пост без масло. Сепак истото планирам да го користам само како маслиново при приготвување на салати.
...
Велигденскиот пост е пост од религиозни причини.
Ако сакаш да ја промениш диетата од здравствени причини консултирај се со нутриционист или лекар.
Со самото тоа што употребуваш масло го прекршуваш постот, па зошто да не јадеш и месо соодветно подготвено или риба соодветно подготвена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom