Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
4.008
Поени од реакции
9.782
Harmandic sto igrase porano vo Bosna, go gleav na nekolkupati i mozam da kazam deka e totalno padnat u forma. Ne e toa sto bese koa ne busese u kale.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:10 ---
Harmandic sto igrase porano vo Bosna, go gleav na nekolkupati i mozam da kazam deka e totalno padnat u forma. Ne e toa sto bese koa ne busese u kale.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:11 ---
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9443A18B65761740B564B7B1F3B1B583
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.117
Во сезоната 2010/2011 во ЛШ, пак, во листата на стрелците се запиша 62 пати. Во моментов е на рехабилитација по повредата, а на теренот треба да се врати најдоцна за еден месец. Роден е во Мостар, висок 192 сантиметри и тежок 94 килограми.
оооооооооооо одлично засилување. Браво :vozbud:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Иако пристигна околу пладне, сепак управата и стручниот штаб не го поштеди нашиот репрезентативец и тој се најде во составот на тимот за синоќешниот натпревар кој го имаше својот почеток во 20.15 часот. Иако го гледаше натпреварот од клупата, сепак на 10 минути до крајот Борко влезе во игра во обид да спречи удар од 7 метри на гркот Карипидис кој до тој момент постигна 5 гола од исто толку обиди од линијата за 7 метри.

Инаку натпреварот беше вистинско дерби, со многу пресврти до самиот крај. Гостите беа тие кои го отворија натпреварот со 2 гола во серија, но домаќините брзо се созедоа и успеаја да ја превземат контролата на играта и да ја одржуваат предноста која на моменти изнесуваше и три голови разлика (10-7). На полувремето домашните отидоа со само гол предност. (15-14).

На самиот почеток на вториот дел играчите на Мелсунген повторно се тие кои го диктираат темпото на игра и во 38та минута имаат предност од 3 голови (16-19). Но со неколку технички грешки и неколку добри одбрани на словенецот Резар, домашните брзо се враќаат во игра, за по 10 минути да дојдат до водство од 2 гола (25-23) со што полека почнаа да ја носат играта во посакуван правец. Конечниот резултат од 32-29 во корист на Гумерзбах беше поставен со дава брзи гола на двете страни на што му претходеше тајм аут на тренерот на гостите на 2 минути и 30 секунди до крајот во обид да се извлече барем бод. Словенецот Аљоша Резар натпреварот го заврши со 14 одбрани, а Кентин Махе со 6, Адријан Фал со 8 (3/3 од седум метри) и Хрватот Ведран Зрнич со 6 голови беа најзаслужни за победата на домаќините.

Кај Мелсунген, Пер Сандсторм со 10 одбрани и грчко-српската тројка, Василакис (6), Карипидис (8, 6/6 од седум метри) и Вучковиќ (3) ја држеа домашната публика во неизвесност до самиот крај.

На останатите три натпревари од синоќешната понуда, Кил како гостин го совлада 15то пласираниот Бергишер и директен конкурент на Гумерзбах во борбата за опстанок, со 13 голови разлика (21-34), Флензбург на свој терен го совлада Гепинген со резултат 32-28, додека Рајн Некар Ловен како домаќин беше подобар од ТСВ Хановер. Натпреварот заврши со резултат 35-27. Во останатите дуели од ова 20то коло се среќаваат: 17.02. Хутенберг – Ветцлар, 18.02. Либек – Лемго, Балинген – Гросвелштад, 19.02. Ајнтрахт – Хамбург.

И покрај победата, Гумерзбах останува на 16та позиција со 12 бода и гол разлика -73, бидејќи 15то пласираниот Бергишер има исто така 12 бода но гол разлика -57. Првото место е резервирано за Кил кој сеуште е со 100 процентен учинок и вкупно 40 бодови од 20 натпревари, а го следат Берлин и Хамбург со 33 односно 30 бодови. Првата петорка ја комплетираат уште и Фленсбург со 30 и Рајн Некар Ловен со 29 бодови.

http://kurir.mk/images/stories/2011/01/03/borko-ristovski-se-.jpg
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ајде конечно засилување на бековска позиција осеќам дека овој Карачич ќе биде и повеќе од потребен...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.117
добро е што дечкото е млад и има квалитет. Се надевам ќе се опорави од повреда и ќе биде бум на нашата бековска линија. Имам многу големи очекувања за него :D Сега уште голман и газиме :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
добро е што дечкото е млад и има квалитет. Се надевам ќе се опорави од повреда и ќе биде бум на нашата бековска линија. Имам многу големи очекувања за него :D Сега уште голман и газиме :)

Ако го земат овој маријанац би требал ода биде добар голман, сепак втор голман репрезентативец е доказ дека има квалитет. веќе на сите што пратат ракоемт им е јасно дека добар голман е пола тим и главен за успех на еден клуб без разлика колку добри бекови и пикери да се има.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Инаку како што слушнав вчера на вести (незнам на кои, затоа нема да ја земам здраво за готово информацијата) Борко земал поголема плата од Кире :eek:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Инаку како што слушнав вчера на вести (незнам на кои, затоа нема да ја земам здраво за готово информацијата) Борко земал поголема плата од Кире :eek:
Нека не те чуди и доколку е вистина,Бундес Лигашите се многу побогати од останатиот дел од европските екипи......
Затоа голем дел од играчите(оние најдобрите) се решаваат да одат таму,од другите тимови вон Германија единствено Атлетико и Барселона имаат скапи проекти подржани со големи буџети(иако Атлетико во последно време влезе со редуциран буџет)....
Веспрем,Киелце,Монпеље,Медведи имаат скапи тимови,но сигурно нивните звезди не земаат плата колку подобрите играчи во Бундес Лигата...
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Инаку како што слушнав вчера на вести (незнам на кои, затоа нема да ја земам здраво за готово информацијата) Борко земал поголема плата од Кире :eek:
Јок........Кире е далеку поплатен од Борко.Борко сега накај 120 000 евра годишно ќе зема.Кире барем 2-3 пати повеќе зема(некаде имам прочитано и за цифри од 450 000 евра како се спомнуваат за него).Кире и во Загреб земаше поголема плата од сега што ја има Борко.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Јок........Кире е далеку поплатен од Борко.Борко сега накај 120 000 евра годишно ќе зема.Кире барем 2-3 пати повеќе зема(некаде имам прочитано и за цифри од 450 000 евра како се спомнуваат за него).Кире и во Загреб земаше поголема плата од сега што ја има Борко.
Твоево ми изгледа далеку поверојатно, само ме зачуди тоа што го кажаа, иако нормално е што во Германија земаат огромни плати, па и да излезеше вистијна не би ме чудело.
Слично како што во Англиската премиер лига, платите се уби боже, така и во Германскава ракометна.
Ич не можам да се сетам кај ја читав информацијва за Борко :confused:
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608

И јас слушнав дека Борко ке биде најплатен Македонски ракометар. Мислан на вестите на канал 5 или Алфа.кажаа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Во право си бил, на Алфа сум видел:

Со преселбата во германски Гумерзбах Борко Ристовски стана најскапиот наш ракометар. Репрезентативниот голамн кој денеска ќе се приклучи кон бундеслигашот потпиша две ипол годишен договор вреден половина милион евра или 200 илјади за една сезона што е повеќе од платата на нашиот најдобар стрелец Кире Лазаров во Атлетико Мадрид. Оштетата од 100 илјади евра што ја доби Врадар е одлична зделка. Колку за илустрација за трансферот на Лазаров во Шпанија,Загреб доби 125 илјади евра.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=47&eventId=46184
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Грешка сте и двајцата. Тоа што го кажаа на вести, а и во сите весници пишуваше е дека оштетата која германциве ја платија за Борко е до сега највисока за наш играч и изнесува 120.000 евра, за разлика од претходно кога највисока била цената која Загреб ја платил за Кире Лазаров, а изнесувала 80.000 евра.
 
Да дд така кажаа. Грешно сум разбрал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom