E што не е издржано, зарем не е точно нешто од тоа што напишав? Врати се неколку страни поназад и ќе видиш дека има пишано дека не бил нешто подобар Манчестер, а тоа мене ми е искрено смешно. За 4 комада мислев 4 вкупно, не уште 4 грешка си ме разбрал. Плус за мене не се главен момент Евра и Суарез, јас си пуштам да гледам дерби, не шпански серии, можда за некој друг такви глупости се интересни. Не ме интересира ни Суарез, ни Евра шо направил, мене ме интересира како ќе изигра мојот тим и секако 3 бода.
За Ферги очигледно не сфаќаш зашто дава такви изјави, читај мислење на Inglorious Basterd. Не кажува Фергусон кој треба да игра кој не, него му се може и си го лади. За споредба Суарез-Роналдо мислам дека е смешно. Роналдо беше провокатор, ама беше играчиште за разлика од просечниот премиерлигашки шпиц. Роналдо тоа шо го правеше и го постигна, Суарез ќе го сонува цел живот. Зборот ми е можда бил лигле, ама ораше по теренот и освои се што може да се освои, барем бил корисен за нешто, а од Суарез не знам вие колкав ќар имате, освен да го грди името на клубот.