За Рома повторно ќе беше лесен залак, ни на Мурињо не му оде со екипи како Барселона и слични !!!
Па со Интер баш преку Барса си освои тројна круна.
A и да се стават у иста реченица Барса и Рома некако не иде, без разлика што Енрике е таму, пред 2 кола и оние 4 парчиња примија од тимче ко Каљари, слаби се и Рома сезонава, само начекаа село без кучиња и удрија покер, иначе тој Интер што тогаш искочи на терен без Снајдер и Алварез и со тој дефанзивен некреативен формат на Раниери веруј ми, не е никакво мерило за силите на некоја екипа со високи амбиции. Да форсира Раниери ист онаков фудбал што тераше со Рома првата сезона кога дојде и до прво место, друг ќе беше муабетот, далеку подобри ќе беа Интер, ако ништо друго, уште повеќе се доближеа и до Јуве и до Милан, а со оглед на резултатите на Милан последниов период имаа и простор да ги поминат.
Затоа таа серија од 7 победи по ред колку што беше добра толку беше и лоша бидејќи истролани победи беа тоа, со неубава игра и прашање на време беше кога истата таа игра ќе доживее целосен крах, само Раниери отиде на она, тимот што победува не се менува, во случајов тоа важеше за стилот на игра и бум, бум, буууум. Добро е што сега доаѓаат 2 средби по ред дома, Новара и Болоња, идеална прилика колку толку да се стабилизира тимов и потоа да патуваат во Неапол каде немаат победа у последниве 4 години, само 1 гол успеаа уз пут да дадат на тој терен ( лани со Лео, Ето стрелаше прецизно у нареден меч, 1-1 изиграа ).