Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Зошто веќе нема да има нитро теч,и општо мусклетеч во Македонија,знае некој ? ги прашувам тие продавачите,ми викаат незнаеме...ако они незнаат,кој да знае ?
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
551
Поени од реакции
297
Зошто веќе нема да има нитро теч,и општо мусклетеч во Македонија,знае некој ? ги прашувам тие продавачите,ми викаат незнаеме...ако они незнаат,кој да знае ?
Забрана за увоз има мислам...
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
При мртво кревање досега сум знаел за обичен фат (overhand grip), држење со дланките свртени кон себе, така ми е најсигурно. Гледам дека некои користат и комбиниран, mixed grip (едната дланка кон себе, а другата нанадвор). Кога се користи overhand grip, а кога mixed grip. Дали нешто влијае на техниката или е само до сигурноста при кревање тежини. Најдов варијација и на underhand grip, држење обратно од overhand...за ова не сум сигурен дали е воопшто сигурно и дали има разлика во квалитет во однос на overhand или е повеќе помалку уште една варијација. Мислам дека ме сфативте што ми е прашањето :) И ако може кој од овие три варијации е вообичаено вашиот начин на изведба.

И второ прашање, дали имало испитувања (и што велат резултатите) при ист начин на исхрана во кои случаи е забележано поголемо зголемување на мускулна маса -со комплексни или со изолациони вежби.

п.с. овие називи overhand, underhand...ги најдов како такви на нет, ваљда и кај нас се користат истите
Тоа што ти го пиша Myers.. Јас користам една рака накај мене една спроти.. Тоа е за да контролираш повеќе тежини.. Само запази на форма.. гледај клипчиња на јутуб Starting Strenght имаш детално објаснето како да се крева каде да се гледа.. Мн лесно можеш да си заебеш кичма..

И да.. компаунд вежбите највеќе зголемуваат мускулна маса.. но ти требаат и изолациски вежби..
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Quick question, имам вишок кожа на стомакот.
Неможам никако да ја симнам , бев 55 кила сега сум 75 и скоро секаде (раце/нозе) ми се изгуби вишокот кожа (ми се затегна со зголемување на мускулната маса),ама на стомакот сеуште стои (иако правам стомачни и кардио редовно).
Има ли некој начин со нешто да ја тргнам, некој посебни вежби за затегање на стомак покрај нормалните стомачни?
Не ми смета до толку, ама смешно изгледа, имам горни стомачни и се е затегнато освен долниот де од стомакот.
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Mixed grip не е поприродно, најприродно е со double overhand, но тука стисокот ќе ви биде лимитирачки фактор. Постои и hook grip, тој е исти како double overhand, но наместо палците околу прстите, прстите околу палците. Знам дека тешко е да се разбере од зборови затоа еве ви визуелно.

Јас лично користам mixed grip.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Зошто веќе нема да има нитро теч,и општо мусклетеч во Македонија,знае некој ? ги прашувам тие продавачите,ми викаат незнаеме...ако они незнаат,кој да знае ?
Постирав пред 2-3 месеца еден долг пост за тоа какви луѓе стојат позади MuscleTech производите и колку тие всушност делуваат.
Нема многу да должам само ќе кажам едно.
Нема да ги има веќе во продажба, а сегашните што се во залиха се изложени на енормни попусти.
Вие поврзете ги точките и нека ви текне зошто е тоа така.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Постирав пред 2-3 месеца еден долг пост за тоа какви луѓе стојат позади MuscleTech производите и колку тие всушност делуваат.
Нема многу да должам само ќе кажам едно.
Нема да ги има веќе во продажба, а сегашните што се во залиха се изложени на енормни попусти.
Вие поврзете ги точките и нека ви текне зошто е тоа така.
Поврзано.
фала.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Nanox Orbilox
Nanox Protilox
Nanox Varcil
Ова ти се различeн вид протеини. Едниот е казеин, другитe веј изолат и веј концентрат. Веј изолатот е најдобар избор за веднаш по тренинг и наутро, додека пред спиење подобар е казеинот. Конкретно немам пробано ништо од фирмата NANOX така да неможам да коментирам за нивните производи освен она што стои на етикета.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 00:50 ---
стомачни и се е затегнато освен долниот де од стомакот.
Долните стомачни последни доаѓаат до израз. Освен што мора да имаш под 10% масно ткиво (кај некои и под 7-8%) треба и редовно да ги тренираш за да добијат на волумен. Чиста исхрана, кардио и тегови би биле златното трио. Ако имаш вишок на кожа треба да и дадеш време околу 1 година да се потстегне (ако си помлад). Хидратирај го организмот редовно, козумирај омега3 масни киселини(риба, маслиново масло) и витамини Е,Д,А и Ц кои помагаат за нормален еластицитет и виталност на кожата. Ако и покрај тоа не се губи вишокот на кожа ти останува да ги напумпаш мускулите во тој предел, што би значело интензивни вежби за предни стомачни, странични стомачни и долен дел на грб (јас го вежбам со мртво дигање) Тоа ке ти даде дополнителен волумен од мускулите и кожата ќе се стегне.
 
А каде можам да проверам % на масно ткиво?
Инаку се горенаведно веќе го правам, меѓутоа незнам колку имам на масно ткиво, ми се чини јаглехидрати во последно време повеќе внесувам ама незнам каде да го проверам нивото за масти.
Фала на одговорот, патем.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
ПОМОШ АКО МОЖЕ!
Ги имам изданијата на P90X One on One so Tony Horton и почнав со вежбање па ме инетерсира дали треба да се вежба по принципот едни вежби еден ден како што е на CD ињата или треба да се прави комбинација од сите?
Ако си го купил оригиналниот пакет на P90X програмата тогаш со него имаш и цел фитнес и нутриционистички план кој што ти кажува во која недела, кој ден која одредена комбинација се вежба(одредено ЦД во случајов). Има повеќе варијации, Lean, Classic, и Doubles. Секогаш се препорачува да се почне со Classic затоа што таа е најприлагодена за почетници. Ако ти треба распоредот за вежбање и други информации за оваа програма слободно прашај.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А каде можам да проверам % на масно ткиво?
Инаку се горенаведно веќе го правам, меѓутоа незнам колку имам на масно ткиво, ми се чини јаглехидрати во последно време повеќе внесувам ама незнам каде да го проверам нивото за масти.
Фала на одговорот, патем.
-Јас го проверувам на презентациите што ги прави Хербалајф бесплатно.

-Друг начин е да отидеш до матичниот доктор кој ќе ти напише упат за институт за физиологија при медицински факултет Скопје. Таму прават скен за базален метаболизам, спирометрија(фукционирање на бели дробови), стрес тест (срцево оптеретување), состав на тело (масти), количина на ЈХ и сл. Се паќа некаде околу 300денари со упат со тоа што закажуваш термин и те проверуваат некаде 2 месеци по закажаното затоа што имаат многу гужва со спортистиве кои редовно прават такви проверки. Ако одиш приватно е 2700 денари.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
-Јас го проверувам на презентациите што ги прави Хербалајф бесплатно.

-Друг начин е да отидеш до матичниот доктор кој ќе ти напише упат за институт за физиологија при медицински факултет Скопје. Таму прават скен за базален метаболизам, спирометрија(фукционирање на бели дробови), стрес тест (срцево оптеретување), состав на тело (масти), количина на ЈХ и сл. Се паќа некаде околу 300денари со упат со тоа што закажуваш термин и те проверуваат некаде 2 месеци по закажаното затоа што имаат многу гужва со спортистиве кои редовно прават такви проверки. Ако одиш приватно е 2700 денари.
Pocekaj da pomine mesecov pa zakazi si sega pred pocetok na prvenstvata na skoro site sportovi u drzavickava ne za 2 meseca ke cekas uste poveke pocekaj malce pa zakazi i odma ke najdes termin na fiziologija e najdobro za da si se proveris kako sto kaza sajSiGa
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 13:54 ---
Ke mi kaze nekoj dobar protein mi falat uste 3 ili 4 kg da stavam ama se sakam u muskolno tkivo nekjkam j da nalupma masti i nekoj da mi kaze sto da pravam znaci gi imam 6 pack stomacni ama posle imam mnogu masti neznam kako da go zategnam toj del od stomacniot zid nekoj ako moze da mi kaze i vezbi
 
Kajgana Shop

На врв Bottom