Само без да ја рушам еуфоријата и огромниот успех на ова нација со оглед дека противници во ракометот и кошарката ни беа држави со спортска традиција, успеси и општо многу поголема економска моќ, морам да кажам дека вистинскиот плод на овие успеси мора да биде играње на ОИ 2012.Јас со квалификации за ОИ не сум задоволен, иако и тоа е голем успех, но конечно имаме шанса за нешто повеќе од она, „само да учествуваме некаде“. Апетитите и желбата кај овој народ пораснаа и тоа со право.
И за тоа се заслужни само овие спортисти (ракометарите и кошаркарите). Никаква влада, ни сегашна ни претходна, ни спонзори, без оглед дали дале некаква финансиска помош, сепак овие играчи израснаа во врвни играчи во тешки времиња, особено за споротот во РМ, се што имаат е огромниот талент и љубовта кој репрезентацијата.
Имаме шанса првпат во исторјата на Македонија да имаме претсавителна и силна олимписка екипа, екипа која има голема шанса за медали. Да не биде нашата репрезентација на ОИ составена од 1 скијач, 1 стрелец и 1 борач.
2012 имаме уникатна шанса да се запишеме во спортската историја, тоа што за малце ни избега 2011 ( со бронзата на ЕП). Да ја искористиме таа шанса МАКЕДОНЦИ!