Спомнувате платеници, па го спомнавте и Фабрегас. Само да ве потсетам, Фабрегас се согласи да игра за помала плата во Барселона од тоа што првин се преговараше и се откажа од неговиот дел од парите од трансферот кои Барселона му ги исплати на Арсенал.
Анри истотака, кога го напушти Арсенал и замина во Барселона, јасно кажа дека заминува само со цел да ја освои титулата во ЛШ, бидејќи сакаше да ја има освоено во неговата кариера, а стана јасно дека со Арсенал веќе нема да има шанса(откако претходно загуби во финалето, токму од Барселона). За Анри во срцето има еден клуб, тоа е Арсенал. Ако добро се сеќавам, никогаш не ни го бакна амблемот на Барса. Сега дури и се врати да помогне во Арсенал. Така да, смешно е да го спомнувате Анри во иста реченица со зборот платеник.
За Ешли Кол не сум сигурен дали избега по парите во Челзи, или пак заради недоразбирања со раководството на Арсенал, ама без разлика тој на Емирати ќе си биде запаметен како Јуда.
Насри дефинитивно замина по парите во Сити.