Добро, не е можно ова, еј. Мене ми е срам шо гледав ваков меч, од страна на Реал Мадрид. Пепе бе, Пепе. Коентрао, 25 000 000 можи и поќе. Основно училиште имаат бе !?
Едниот мава, тепа и гази, другиот го „дешка“ по глава. Зошто бе ? Меси им врати, онака баш, како и што очекував од него. Прав спортист. Им врати со игра и победа. Ете тука е неговата големина. Претпочитам Арсенал да ми изгуби 100-2 против Јунајтед, од колку вака да игра како Реал. Можи примивме 8, ама во ниеден случај, не се понашавме вака.
Друго, мило ми е и сум среќен за една работа. Што живеам во времето на најдобриот фудбалер на сите времиња. Мило ми е што ги гледам неговите потези, голови, асистенции... Мило ми е што на секое удирање од противнички идиот, тој им возвраќа на најдобар можен начин. Мило ми е што тоа му го прави на оние кои најповеќе го мразат. Мило ми е што гледам вистински џентлмен на терен, во името на Лионел Меси. За мене, Меси е најдобриот на сите времиња, во секој смисол од зборот. За ниеден друг, не вреди да трошам зборови, уште помалку, лоши зборови.
Меси е Господар на времето и Меси е онај кој владее со светот на фудбалот. Меси е најдобриот во историјата на фудбалот.
Да живее Меси !! Најголемиот на сите времиња !!