Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.747
- Поени од реакции
- 22.934

Иако помина само месец и една недела од последниот натпревар од најголемото светско фудбалско дерби, Ел Класико, во наредните 7 дена пред нас се нови 2 судири на најголемите шпански фудбалски колективи. Ждрепката сакаше овие 2 екипи да играат меѓусебе уште во оваа рана фаза, па на 18ти Јануари(22ч.), на Бернабе во Мадрид се игра првиот меч, а реваншот е 7 дена подоцна, на 25ти Јануари, на Камп Ноу, во истиот термин.
Во досегашната историја, овие две екипи, во ова натпреварување имаат одиграно 29 меѓусебни натпревари. Поуспешна е Барселона, со 14 победи. Реал има 10, а 5 натпревари завршиле нерешено. Меѓусебната гол-разлика изнесува 59-56, само 3 гола предност за Барселона. Последниот меѓусебен дуел на овие 2 екипи во Копа дел Реј, е ланското финале, кога Реал победи со 1-0 по продолженија и ја освои својата 18та титула во ова натпреварување.
Судија на натпреварот ќе биде Цезар Муниз Фернандез, познат како 'залижаниот'.

Формата на двата тима(последните 5 натпревари):
Реал Мадрид:
Реал 5-1 Понферадина
Реал 3-2 Малага
Реал 5-1 Гранада
Малага 0-1 Реал
Мајорка 1-2 Реал
Барселона:
Барселона 9-0 Хоспиталет
Барселона 4-0 Осасуна
Еспањол 1-1 Барселона
Осасуна 1-2 Барселона
Барселона 4-2 Бетис
За можните состави на двете екипи нема да коментирам, бидејќи ништо не се знае до последен момент. Отсутни играчи се Фонтас, Кеита, Афелај, Виља кај Барселона, а Педро е сомнителен, додека кај Реал не е сигурно присуството на Пепе.
Повелете на асална дискусија, без ниски провокации и навреди. Кое е вашето мислење, кој ќе го добие овој дуел, кој дуелот на Камп Ноу за една недела(ќе остане истата тема, само ќе се направи корекција во насловот) и кој ќе биде патникот во полуфиналето од шпанскиот куп?
Јас посакувам да гледаме убава игра, интересни и возбудливи 180 минути(ако не и повеќе), фер судење и нека победи подобриот.

