Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Ако најди некој торент од целата утакмица нека дава !

Инаку интересна случка, лани Војдан укради топка за победа над Литванија, денес Темелков за израмнување :)
 
Ова денес повеќе личеше на тоа кога МекКејлеб украде топка против Хрватска :)
 
Dobro ajde pomina Svedska daj razmisluvajte sega na Germanija kako da ja pobedime... I ako ima nekoj nekoe video od navivacite i atmosferata stvarno bese nevideno nikogas dosega ne sum videl na evropsko ili svetsko tolko navivaci od strana i toa uste vo grupnata faza :cuc:.
 
Македонија и официјално земја со најголем број на спортски експерти по завршување на секоја утакмица/натпреварување/првенство.
 
Пу јзк бе! Криво ми е што не победивме, и во првите 15 минути и во вторите имавме позитива која незнаевме да ја задржиме, моравме потоа да се враќаме и од -3. Неможам да го разберам Шундовски, кога игравме со играч повеќе, место да стави фластер на Андерсон зашто гледа дека преку секој напад одеше, тој го остава да игра и увек примавме гол од него или при асистенција негова.
Добро го чуваа Кире, не го пуштаа да помине па од таму и слабата реализација од негова страна,
Столе :cuc: ова момче ќе прерасне во врховен пивотмен, како само водеше битка со Швеѓаниве..
Борко фамозен на голот, и штета што седмерците не ги искористивме..
Крај краева и бодов со Шведска е вреден ко два, кога првин ќе видиме кој се они, а кои сме ние...
Сега со швабете победа и после да размислуваме со колку бода ќе одиме во следната фаза, за да не бидеме под притисок да мора да се добие дуелот со Чешка.
 
Еј дај немојте вакви бош муабети од типот: Еј ова личеше ко тогаш на Бо против Хрватска, на Војдан против Литванија. Ете тука е проблемот. НЕ, не може да личи тоа со ова, затоа што тоа е кошарка, ова е ракомет. Нашите кошаркари постигнаа нешто невидено и треба да ги славиме, ама престанете со вакви споредби. Мислам дека тоа придонесува момците да се во грч, затоа што постојано ги споредуваме со кошаркарите. Се плашат дека ако не го постигнат истиот успех ќе бидат линчувани тука. НЕ ГИ СПОРЕДУВАЈТЕ.
И двете екипи се составени од златни момци и секој вреди на посебен начин и од почит спрема ракометарите не споредувајте.
 
Значи игравме со Шведска, ракометна велесила. Губевме 3 гола разлика на 5 мин до крај, не дупеа судиите на неколку наврати, посебно првото полувреме...сепак успеавме да се вратиме. Мислам дека ова е битна работа на психолошки план за наредните натпревари. На крај можевме и да жалиме што не победивме, ама никако не смееме да бидеме незадоволни со нерешеното. Ние бевме тотални аутсајдери и игравме против првиот фаворит во групата и една од петте најдобри селекции во светот.
Против Германија, со разигран Кире, со малку поразноврсен напад (на пример напад и од десно крило), со подобра реализација од 7 метри и со малку подобра одбрана...мислам дека ќе имаме шанси да ги добиеме.
Како и да е..јас сум задоволен :)
 
Еј дај немојте вакви бош муабети од типот: Еј ова личеше ко тогаш на Бо против Хрватска, на Војдан против Литванија. Ете тука е проблемот. НЕ, не може да личи тоа со ова, затоа што тоа е кошарка, ова е ракомет. Нашите кошаркари постигнаа нешто невидено и треба да ги славиме, ама престанете со вакви споредби. Мислам дека тоа придонесува момците да се во грч, затоа што постојано ги споредуваме со кошаркарите. Се плашат дека ако не го постигнат истиот успех ќе бидат линчувани тука. НЕ ГИ СПОРЕДУВАЈТЕ.
И двете екипи се составени од златни момци и секој вреди на посебен начин и од почит спрема ракометарите не споредувајте.

2gtunnn.jpg
 
дајте слики од натпреварот, сакам Стевче Алушевски да го ставам за profile picture :) (y)
 
Еј дај немојте вакви бош муабети од типот: Еј ова личеше ко тогаш на Бо против Хрватска, на Војдан против Литванија. Ете тука е проблемот. НЕ, не може да личи тоа со ова, затоа што тоа е кошарка, ова е ракомет. Нашите кошаркари постигнаа нешто невидено и треба да ги славиме, ама престанете со вакви споредби. Мислам дека тоа придонесува момците да се во грч, затоа што постојано ги споредуваме со кошаркарите. Се плашат дека ако не го постигнат истиот успех ќе бидат линчувани тука. НЕ ГИ СПОРЕДУВАЈТЕ.
И двете екипи се составени од златни момци и секој вреди на посебен начин и од почит спрема ракометарите не споредувајте.
Точно е ова, ама сега кога на сите им стана јасно дека во ракомет и кошарка имаме огромен потенцијал ретко кој ќе се задоволи со просечен успех. Кога знаеме дека сме скроени за победи и големи успеси не може да се задоволиме со нерешени натпревари. Нашите момци се вредни, ние тоа го знаеме и затоа сме разочарани кога нема да ги исполнат очекувањата а тоа е борба за медал и ништо помалку.
 
Еј дај немојте вакви бош муабети од типот: Еј ова личеше ко тогаш на Бо против Хрватска, на Војдан против Литванија. Ете тука е проблемот. НЕ, не може да личи тоа со ова, затоа што тоа е кошарка, ова е ракомет. Нашите кошаркари постигнаа нешто невидено и треба да ги славиме, ама престанете со вакви споредби. Мислам дека тоа придонесува момците да се во грч, затоа што постојано ги споредуваме со кошаркарите. Се плашат дека ако не го постигнат истиот успех ќе бидат линчувани тука. НЕ ГИ СПОРЕДУВАЈТЕ.
И двете екипи се составени од златни момци и секој вреди на посебен начин и од почит спрема ракометарите не споредувајте.
Па и ја мислам дека се златни момци, да го споредиш Темелков со Бо мислам дека е чест. А ако играат поради кошаркарите во грч и ако се плашат тогаш не ни заслужуваат да играат на ЕП. Јас мислам дека ракометарите се со поголем потенцијал од кошаркарите, истото го мислев и на светското во 2009. Е сега дали ќе знаат да го искористат тој потенцијал ќе видиме... голем проблем е што тука и судиите можат да влијаат многу на резултатот, за разлика од кошарката каде правилата се построги.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom