Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Добар си е Ников бе, не знам што ви смета толку..


Овој натпревар сосема добро го коментираше.. Али пак, никој не може да го замени големиот Игорче.. :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
супер баш ме радува ова што читам, конечно се свестија тв куќиве да договорат некој стручен коментатор, џука е јак стручњак, ке биде убаво, има што да се чуе од него што да се научи, ги познава добро сите нашите репрезентативци, на многу од нив им беше и тренер, модерен врвен тренер. Браво за сител голем лајк од мене.

п.с. ако може некој да ми даде линкче со составите на сите репрезентации, пошто на оваа официјалнава страна по се изглеа ги нема сеуште, или јас не се снаоѓам. И ако има конечна информација кои луѓе ќе го сочинуваат стручниот штаб на нашава репрезентација?

фала
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.555
Дечки утре тргнувам за Ниш,ви гарантирам дека ке се обидам атмосферата да биде на најдобро ниво и да им помогнеме на нашите да дојдат до победи.Со срце ке пеам за Македонија без престан,се надевам и другите со мене ке ги приклучам:)
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Според мене имаме шанси со Шведска да победиме,со германија ќе биде тешко а исто и со Чешка.Баш гледам резултати и може да се каже дека Чешка во последниве године е меѓу 8 најдобри .Се изненадив кога видов дека на списокот на Чешка е повикан и ракометарот од Вардар ,Јан Собол .Плус ако некој се сеќава на претходното првенство Чешка од Франција изгуби 1 разлика а имаја шанси да ги победат. Ви посакувам среќа и секако да гледаме Финале со Македонија
Поздрав од Унгарија
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ноќеска сонував чуден сон.Во Белград играа Македонија и Хрватска финале.Како би било во реалност, хммм:sneaky:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.057
Која чест ја имам, комшијата ми игра во ривалска репрезентација, едвај чекам да го поздравам по поразот од нас :D
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
3 победи на домашен терен во Ниш и после и белградска арена ќе ја прајме домашен терен-15000 :D пешки ќе се трга кон Белград ако ги тепаме трите
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Која чест ја имам, комшијата ми игра во ривалска репрезентација, едвај чекам да го поздравам по поразот од нас :D
Карабатиќ ти е комшија бе !? :pos:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Земајте Вест имате многу добар додаток за Европсково, многу интересни податоци не само за нашата репрезентација, интервјуа и сл.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.446
Лазаров во најдобрата екс-ју постава на ЕВРО 2012!



Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров во изборот на новинарите од поранешна СФРЈ е избран во идеалната екс-ју постава на ракометари за претстојното Европско првенство 2012.

Во тимот на најдобрите од поранешната заедничка држава Лазаров е без конкуренција избран за најдобар десен бек, единствен Македенец во претпоставениот Дрим-тим на шампионатот.
Покрај Лазаров, во идеалната постава на голманската позиција е и голманот на Металург, Дарко Станиќ, најдобро лево крило е Мануел Штрлек, десно крило - Иван Чупиќ, лев бек - Момир Илиќ, среден бек - Ивано Балиќ и пивот - Игор Вори.

Во изборот, кој го одлучуваа новинари од Македонија, Хрватска, Србија и Словенија, во првите шест ракометари кои добиваа гласови на одредена позиција од секоја од националните екс-ју селекции, од Македонија - голманот Борко Ристевски е на трето место меѓу голманите, Стевче Алушевски е на четврто место меѓу левите крила и Наумче Мојсоски е на четврто место меѓу средните бекови.
Меѓу првите шест немаме наши ракометари на позициите - лев бек, десно крило и пивот.

екипа
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Темелков: Едвај чекаме да дојде недела...
Екипа Репрезентација мажи
14.01.2012 11:41
Македонските ракометари од вчера се во Ниш, каде што ги прават последните корекции во играта пред премиерниот натпревар на ЕП 2012, утре со почеток во 19.30 часот против селекцијата на Шведска. Како што можеше да се очекува, атмосферата во таборот на „црвено-жолтите“ е на највисоко ниво, се со цел да се направи изненадување против Швеѓаните со што воедно и би се обезбедил толку посакуваниот пласман во втората фаза.

Стигнавме во Ниш и се сместивме во истиот хотел заедно со сите останати репрезентации. Можеме да кажеме дека првите впечатоци се одлични, многу добро сме пречекани од домаќините. Го одржавме и првиот тренинг, се запознавме со салата во која што ќе ги играме натпреварите. Да бидам искрен, едвај чекаме да дојде недела и да почне првиот натпревар против селекцијата на Шведска. Мотивираноста е на највисоко можно ниво и иако Швеѓаните се фаворити, ние ќе изгинеме на терен и верувам дека со таа жестока борба ќе успееме да дојдеме и до победата“ - вели Влатко Темелков.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Значи невидени стипси сме биле :D

U ekskluzivnim hotelima „Aleksandar", „Tami rezidens", „Maj plejs" smestili su se Nemci, Šveđani i Česi, rukovodstvo Evropske rukometne federacije, delegacije njihovih zemalja i novinari, dok su Makedonci rezervisali mnogo skromniji, ali i jeftiniji hotel „Ambasador".

http://pressonline.rs/sr/vesti/regioni/story/197755/Dolazi više od 4.000 stranaca.html
Какви стипси бе човек... кога немаш пари си сиромав а не стипса. :) Ама тоа е само материјално, со енергија и навивачки дух сме најбогати и сега повторно ќе го докажеме тоа. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom