Лазаров во најдобрата екс-ју постава на ЕВРО 2012!
Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров во изборот на новинарите од поранешна СФРЈ е избран во идеалната екс-ју постава на ракометари за претстојното Европско првенство 2012.
Во тимот на најдобрите од поранешната заедничка држава Лазаров е без конкуренција избран за најдобар десен бек, единствен Македенец во претпоставениот Дрим-тим на шампионатот.
Покрај Лазаров, во идеалната постава на голманската позиција е и голманот на Металург, Дарко Станиќ, најдобро лево крило е Мануел Штрлек, десно крило - Иван Чупиќ, лев бек - Момир Илиќ, среден бек - Ивано Балиќ и пивот - Игор Вори.
Во изборот, кој го одлучуваа новинари од Македонија, Хрватска, Србија и Словенија, во првите шест ракометари кои добиваа гласови на одредена позиција од секоја од националните екс-ју селекции, од Македонија - голманот Борко Ристевски е на трето место меѓу голманите, Стевче Алушевски е на четврто место меѓу левите крила и Наумче Мојсоски е на четврто место меѓу средните бекови.
Меѓу првите шест немаме наши ракометари на позициите - лев бек, десно крило и пивот.
екипа